Да ја потчепнам темава, денес сменив уште две ситници што ме нервираа.
Прво се фатив за релативно чест проблем, вибрации од централната решетка за климата, онаа напред под шофершајбната. Клипчињата кои ја држат се кршат, а пошо е пластика на пластика, имат вибрации и зуење. Проблемот е решен со неколку парчиња самолеплива велкро трака (мекиот дел) од двете страни. Многу е можно натаму да нарачам нова решетка, чисто за да не е скршена, иако и ова е океј засега.
После централната решетка, се фатив и за страничните излези од климата. Дали од држачи за телефон, дали од “насилно“ ракување, истите беа во очајна состојба. На возачката страна регулаторот за лево/десно/горе/долу беше скршен и не функционираше, а на совозачката страна две од трите хоризонтални пластики беа скршени. Ги сменив со други, порачани од eBay кои беа во одлична состојба, cca 70тина евра и едно пиво за другарчето шо ми ги донесе од Германија. Еве некоја слика пред/потоа, и решетката и излезите за климата.




