Автор Тема: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir  (Прочитано 17153 пати)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #150 на: 17 Јануари 2024, 13:50:53 pm »
Два месеци и четири дена како ништо не е чепнато на колата. Се осеќам ко да возам Toyota, не Alfa, во 11,000 километри шо ги поминав од летото, само еднаш сум имал посериозен проблем, ради гареж во клапната.

On another note, се нервирав одреден период со фаровите. Иако Philips LED-от беа драматично подобри од старите, пак имав dark spots на одредени места, линијата за cut off не беше баш убаво дефинирана и имаше отсјај над истата, па одвреме навреме знаеја и да ми аблендираат. Ретко, ама ме иритираше, а знам дека фаровите беа прописно нивелирани на технички.

Се помислив за xenon во истите лупи, пред да се расчитам по форуми и да сфатам дека фабричките лупи и не се баш најдобри, дури и да се во одлична состојба (а мојата десна не беше).

На крај го исконтактирав дечкото од CarProDetailing, договоривме монтажа на H7 xenon кит и промена на лупите со нови H7 bi-xenon лупи. Ја оставив вчера сабајлето колата кај него, после некој саат ми се јави и ми кажа дека случајно во магацин начекал D2S bi-xenon лупи и xenon кит, па се предоговоривме да ги наместит нив, со доплата од моја страна над договорената цена. Причината ми беше шо H7 xenon сијалички, лесно достапни, имат само од кинезиве, или евентуално да се позамарам за Morimoto. D2S е веќе OEM опција, имам сијалици колку сакам од Philips и Osram, локално достапни и по релативно океј цени.

Вчера вечерта ја зедов колата, свртев еден круг, и морам да кажам дека сум импресиониран. Cut-off линијата е жилет оштра, под неа снопот е многу убаво исполнет, без флеки, без дупки, без ништо. Висински, во возење линијата е околу таблицата на други коли и сум потполно сигурен дека светлата не сметаат на никој. Чисто за споредба, подолу две фотографии, каков беше снопот на зид со старите Philips LED сијалички, и каков е истиот сега. Еве и видео од возење во потполна темница.


Останвит да ги повозам некое време и да видам дали ќе имам проблеми со кондензација и слично, бидејќи сепак двата фара беа комплетно отворени па затворени.

За да не јадам линч ко на други теми, промената беше договорена на 18,000 денари, на крај излезе 22,000 денари со D2S варијантата. Со оглед на то дека ОЕМ фарови со xenon лупи се околу 1,000 евра парче, па згора на тоа сијалици и баласти, мислам дека не е страшно.

Утре е на ред мал сервис во сервис Илија (масло, филтер, филтер за кабина), и нешто ситно да се средит од подвозје, и да се напрајт компјутерска дијагностика на проблемот со климата. Зимава за среќа е заглавена на дување топло, па не е страшно (да не ја заречам), ама сакам да ја решам.





Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #151 на: 17 Јануари 2024, 14:03:28 pm »
Ова е толку добар резултат, да не ми се верува дека се десило кај нас и тоа мање-више случајно. Секоја чест. Секоја чест. Секоја чест.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #152 на: 17 Јануари 2024, 14:42:04 pm »
Ама колку кошта т.е дали вреди со оглед на староста на колата ? Јас мислам дека не вреди таков зафат да правам на мојата, ко ја зедов можда да, ама сега по 2 и пол години, шознам..

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #153 на: 17 Јануари 2024, 14:53:35 pm »
Секако дека вреди. Сигурен сум дека не е прескап зафатот, а разликата е огромна.

@fuzzjaw - Секоја чест, одлична промена!

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #154 на: 17 Јануари 2024, 15:13:46 pm »
@zeroSignal пишав цена, 22 илјади денари. Искрено, не се мали пари, ама правиме муабет за осветлување. Поминувам солидна километража, често сум на отворен пат, и тука не би сакал да штедам. Ова е драматична промена за мене, ќе ги видам утревечер накај Охрид, ама од пробното кругче вчера, одлични се.

Дали вредет тие пари на 13 години стара кола? За многу луѓе веројатно не. Ама па за истите тие луѓе веројатно не вредеше ни фарбањето бандажи, ни претапацирањето на волан, куглата за менувач, клучот, и куп други работи.

Мене ми е ќејф. Алфата планирам да ја држам барем 4-5 години, не ми е проблем да потрошам некој денар на вакви работи, а секако ги имам уште неколку во план. Отом потом.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #155 на: 17 Јануари 2024, 15:14:42 pm »
Не ја видов цената, мој пропуст. Не се мали пари, ама не се ни многу за ваква огромна и корисна трансформација.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #156 на: 17 Јануари 2024, 15:22:26 pm »
Незнам колку биле оштетени лупите кај тебе, јас не гледам потреба од менување кај мене. Ама и не се нешто многу пари со оглед на тоа што планираш да ја тераш уште 4-5 години.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #157 на: 17 Јануари 2024, 15:24:33 pm »
Не треба снопот на совозачкиот дел да се крева нагоре и да осветлува на страната? На сликата и двете страни светат исто.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #158 на: 17 Јануари 2024, 15:29:41 pm »
Не треба снопот на совозачкиот дел да се крева нагоре и да осветлува на страната? На сликата и двете страни светат исто.

По европските регулативи (ECE LHD), да, би требало. Овие лупи колку шо гледам се праени по америчките регулативи (DOT), таков е и снопот. Не ми сметат засега, ама по потреба можда би можел совозачкиот фар да го свртам малку нанадвор и кренам нагоре. Ќе видиме како ќе е во возење после некое време.


Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #159 на: 17 Јануари 2024, 15:38:16 pm »
Таков пресек како на сликата не е за ксенон. Овие се идеални за ксенон и во ЕУ и секаде.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #160 на: 17 Јануари 2024, 15:42:38 pm »
Тргнав да го пишам истото. ECE е океј за рефлектор и соодветна сијалица кај шо имаш glare и горе, и лево во спротивната лента. Мислам дека со xenon и со ECE pattern возачкиот фар ќе е премногу агресивен за оние од спротивна страна, освен ако не го закопаш в земја шо па, за тебе е контрапродуктивно.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #161 на: 17 Јануари 2024, 15:45:47 pm »
Има разлики и во Ксенон патерните меѓу ECE и DOT. Ама помали се.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #162 на: 18 Јануари 2024, 07:58:57 am »
Целта ги оправдува средствата. Во овие луди времиња 22000ден не се некои големи пари, а убаво светло многу значи. Со добро светло можеш многу по рано да приметиш дупка, камен, не обележано возило, некој паркиран, и ред други опасни ситуации што кај нас постојано ги има. Тие 22000 лесно ќе се исплатат.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #163 на: 18 Јануари 2024, 09:27:57 am »
Абе доволно е само тоа што не оптеретуваш очи толку како кога не ти е осветлено убаво, па се напињаш и некого може и глава да го фркне од тоа. Многу добро светло имаш сега, се надевам нема да им прави проблем на другите па да ти блендаат.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #164 на: 18 Јануари 2024, 20:14:38 pm »
Ги извозев попладнево до Охрид, по никакво време. Дожд, влажен пат, гужви, хаос општо. Светлата се одлични.

Патем, направив и мал сервис во Сервис Илија, ставено масло Selenia K Pure Energy 5W-40, филтер за масло, и филтер за клима. Чаурите не стигнаа да ги сменат, за климата направија дијагностика ама ќе морам во сервис за клими да ја решавам.

Патем, си платив и 700 денари работна рака за хеликоил, пошто на претходната промена на масло го сјебале навојот, така да фала на Аутомобиле СК ваљда?