Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 478924 пати)

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Таму е 1350-1400еур/м2... е сега дали и одвнатре е така како што изгледа однадвор ;D

Скопје има дожд, ветер и многу прашина.
Би-Си има фиксни прозори, каде најголемите секако се во дневата соба.

Откако ќе се кажиш по мермерните скали, ќе се поздравиш со портирот (ако се согласат станарите да го има) ќе влезеш во станот од 1.400еур/м2 и ќе уживаш во погледот на каљавите прозорци ;D

Додуша не дека има некој поглед зградата, така да може и убава маска да дојде ;D

истиот проблем и во Џевахир со фиксните прозорци т.е. прљави прозорци, кал и лепешки од птици

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Според постов од AllMightyMe, а и според тоа што го гледам како работат и се рекламираат, овие се преваранти.

На фејсбук се рекламираат спонзорирано и имаа пишано дека новава зграда што ја прават е на Булевар Фрањо Клуз, а тоа уствари е мало уличе, одвај 2 коли се разминуваат. Сликата што ја имаа ставено за тоа како ќе изгледа зградата е направена како пред зградата да има простор од 7-8 метри, па простор на "булеварот" за паркирање коли, зеленила, дрва и сл. Зградата е на 3 метри од улицата, а зградата позади е на растојание од 10тина метри.  Од 25 коментари само 2-3 се гледаа што се со пофални зборови, другите избришани/скриени.

Кога почнаа да копаат (пред 1 месец) за оваа зграда, кршеа цевки па сето со вода им се полнеше, многу фушерајски некако. После кога ископаа подлабоко најверојатно најдоа подземна вода и цело им се наполни со вода. Сега имаат пуштено 2 пумпи кои им ја испумпуваат водата за да можат да работат и да тураат бетон. Во меѓувреме на зградата позади неа -3то ниво се полни со вода... Гарант ќе има влага на подолните спратови.

Јас не би купил ни под разно од кај нив стан.


Маркетинг е заебана наука :)
Преваранти, малку силен збор, сепак не се Фиком.
Повеќето се исти, Саник се сѐ во едно, од проектант до надзор. Шо да прајме, Див запад држава, им се може. Инспекрори, шо е тоа, гледате на Преспав, не е случајно ликот таков.
Голден арт, Настел и Адора шо се малку поасални. Поготово Голден арт, имаат своја механизација, детаљно опишано што се како се употребува итн.
Ама да не се лажеме, кај сите ќе најдеш некоја замерка при примопредавање

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Со задоцнување од скоро месец и пол (поради одоговлечени административни процедури заради корона - решение за данок, катастар, нотар и сл), вчера ни ги предадоа клучевите од станот (со записник), првиот впечаток е позитивен, очекував да имам повеќе (естетски пред се) забелешки, но се се сведе на заборавени држачи за клима (овие денови ќе ги стават), заборавено да се стави капаче на еден вентил во ВЦ-то (ќе се стави), една естетска забелешка на терасата (плочата над мене да се корегира со боја, ќе го средат). Се надевам дека ќе остане само на ова, времето ќе покаже. Убаво среден подземниот паркинг, уште ми е жал што кога земав кредит не купив уште едно паркинг место и остава, на целата сума немаше некоја голема разлика да направи ама тоа е.
Имаше акција во Нептун за 24 рати без камата и планирав се комплет да земеме од таму ама пуста бирократија, не ми ја изготвија потребната потврда за плата од работа, ако стигнам до крајот на акцијата (во понеделник, 1.06.) и ако остане нешто од тоа на листата, може и тоа ќе се заврши како би можел после да помине мајсторот за дрвенаријата....и се така по ред, игранката допрва започнува, да сме живи и здрави, да отплаќаме кредити и да поуживаме.
Бесценето, радоста на ќерка ми дека конечно ќе има своја соба.

со здравје да си живеете  ;)
ситни забелешки ќе приметуваш со години, ама шо се вика нека се збие на тоа  :)

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Гледам за повеќето фирми што градат згради имате искуство-мислеље.. Гарден Ин  резиденс Александрија? ;D :D  На Имер Селмани фирмата е инвеститор, а кој гради што како не знам/ 

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1928
Кога ќе видам колку пари се даваат за станови, луѓе исплаќаат кредити по 20-30 години и на крај квалитетот е очаен.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4290
Некаде во стар Аеродром  :-[, сликата преземена од форумот на build.mk
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Не ќе да е Стар Аеродром, таа зградата позади не е од тој дел.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3867
Де бе па и вие ама цепидлачите, попуштил малце шалунгот, ке го вратат на место, ќе акнат шајки и ќе го наполнат пак...

Отсутен lacaboom

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Здраво дечки, ме интересираат двете нови згради Порта Резиденс 1 и 2, некој да каже нешто повеќе за инвеститорот? Претходната што ја прават Порта Аеродром дали е квалитетна градба, да не е некој информиран околу материјалите што ги ставаат, роковите дали ги почитуваат? Исто така ме интересира мислење за околината на зградите, ако знае некој нешто повеќе. Ви благодарам.

Јас се распрашував за Порта уште кога почнаа со Порта Аеродром.
Како што можеш да видиш, зградата има уште година дена за градење, иако првичниот рок е до месецов.
Цените не ги спуштаат надолу ако планираш да се ценкаш, паркинзите им се од 3000-4000 евра.
Кој како стои зад компанијата не знам, од тоа што се распрашав знам дека од сите станови, они имаат само 20-30 стана за продавање, другото се им е во компензација. На некој начин, не се градежна фирма, менаџери.

Предговорот е нешто што е најзезнато со нив, бараат добар процент на уплата 30%, (банка не дава кредит додека не се затвори карабина освен ако не одиш преку нивните КБ и НЛБ) а за пробивање на рокот можат да те обештетат најмногу до 3 месеци.
Ако дадеш капар а се предомислиш, они додека не најдат купувач, не ти ги враќаат. Ако најдат и ако постојат.
Даваат идеален дел од градежна парцела, не од катастарска, што во превод значи, ти имаш право само на земјиште околу зграда не и околу неа. Да купиш куќа а дворот да не е твој.
Никаде во предоговорот не стои технички спецификации на станот, која е нето висина на станот, какви материјали ќе се користат, каков е системот на преградни ѕидови, каков паркет итн итн. Тие имаат на веб страната ама тоа не е тоа, пример имаат дека ќе ставаат графитен стиропор а помини кај Порта ќе видиш дека не е.
Гаранцијата за станот не е на нивно име, по мубаетот, секој што ставал со него дирекно, они немаат врска. И превод, ако негде тече, ебавај се дали е крив плочкарот, дали е водоводџија итн


Местото, како место, џабе ќе ти кажувам, најдобро отиди таму и прошетај саат време. По мене, сѐ што една населба не треба да биде.

Толку ми текнува.
Фала ти на одговорот. Инаку за населбата и мене не ми е по ќеиф, од тоа што имам поминато онака. Да ми препорачате некоја зграда, во градба или евентуално нова со останати станови, во Карпош или Капиштец?

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1085
Има некој корисна информација за Бауер бг, поточно за зградата што ја имаат изградено во Аутокоманда на кружниот тек?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
И тоа ли се случи, да се изгради зграда на кружен тек ;D

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4776
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Искрено не би ме изненадило да направат згради во зеленилото меѓу булевари.


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Освен што е чудна површината, триаголнеста а со тоа и како е просторот искористен, друго не знам. Често поминувам од таму, локацијата е убава по мене, паркот Гази Баба е пред нос, има убави велосипедски патеки до Центар. Ист гејт у скоро време.

Околу инвеститорот и квалитетот, не знам.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1924
Да кажете инфо за зграда во изградба или нова градба во која сеуште има останати станови кои се продаваат, а се од познат/солиден инвеститор? Локација Аеродром, Тафталиџе, Карпош 1 2 3, Центар. Ме интересираат станови со нормални цени, оние од 1300-1500 евра ми се скапи.

Овие што ги прават Голден Арт и Елена Лука моментално ги знам.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!