Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 459912 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7092
На 2.5 мм квадратни проводник, јас повеќе од 3kw, односно 13 ампери не би терал повеќе со осигурач 16А по фаза.
А стандарден проводник, дали за монофазна или трофазна струја е 2.5 мм квадратни по проводник.

Е сега ако пуштиш трофазен кабел со 4 мм квадратни по проводник, тогаш да, би терал 4 kw по фаза односно 17 ампери, со осигурач 20А по фаза.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2749
Баш ме интересира што ќе каже инвеститорот - дали дозволуваат уопште полнење на електрични во гаражните места, дали може да се пушти кабел од станот или ќе треба нов струјомер... И колку ќе чини сето тоа.
Јас би одел со трофазна, 16А.


Не од станот, од твојот струјомер (кој обично е во заедничка просторија на приземје), до твоето гаражно место. Тоа ти треба. На твоето гаражно место, една табла со фид и 3 осигурачи и вози - мишко!:)

Тоа мислев, од струјомерот за станот хах
Сум се изразил грешка.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30602
    • CARclub.mk
Некаде правевме муабет за ова. Не ми текнува каде.. За домашно пунење, најдобра варијанта е трофазна струја 16А по фаза. Тоа ти дава 11KW charging power. 32A (22KW) е overkill, нема да може да уклучиш бојлер/шпороет/рерна по дома, или ќе треба да решаваш со диференцијални склопки (да гаси полнење кога дома потрошачи ќе рокнеш), и потешко за изведба, подебели/поскапи кабли и сл. Доколку пак, поставуваш два струјомери, еден во гаража еден за станот, тогаш немаш гајле, пумпај 32А трофазно - :)

7 kW полнач за домашни услови е доволен, 11 kW е веќе одлично. Затоа што и 70-80 kWh батерија ќе ја полни за ~8 саати преку ноќ. А реално, многу почесто би се дополнувала батеријата околку што би се полнела (од нула). Во домашни услови, брзината на полнење (скоро) и не е важна. Секако спиеш додека се полни.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6854
  • Шо да пишам тука?🤔
Добро што ме потсети, за подрумот не ни прашав како е со струја (сијалица, штек има/нема)...

Некој што знае и има правено - каков кабел треба да се повлече/донесе до подрумот за полнење на коли?
32A осигурувач
3 x 6mm² кабел по можност пп00 бидејќи има должина до подрум. Фид склопка тип б исто така.
Јас сепак би препорачал 3-фазна струја, не монофазна за полнење кола. Монофазна, со 32А е 7.2KW, и е прилично многу струја да тераш на една фаза. Пак ќе кажам, ќе мора да имаш диф. склопка која ќе го гаси полнењето, ако на истата фаза имаш бојлер/клима/шпорет или било каков поголем потрошувач. Додуша и фен 2KW да уклучиш на истата фаза, веќе си у ризик да го креснеш главниот осигурач :)
Ако се ограничиш на полнач монофазен 16А тогаш тоа се 3.5KW, и полнењето ќе биде 10h за 30-тина KWh батерија, или ако имаш некое помодерно возило, со 90KWh батерија, тогаш 30 саати од нула до фул. Ако имаш 3фазна струја, 16А тогаш дур ти трае ефтината навачер, ќе напуниш цела батерија.
Да, но инвестицијата е поголема. Во тој случај би одел исто со пп00 кабел и за секој случај 5х6мм² (единствено заради должината не би одел со 5х4мм²), осигурач трополен 20А, мада и 16 би бркал работа и обавезно FID склопка.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44937
  • Il Moderatore
Некаде правевме муабет за ова. Не ми текнува каде.. За домашно пунење, најдобра варијанта е трофазна струја 16А по фаза. Тоа ти дава 11KW charging power. 32A (22KW) е overkill, нема да може да уклучиш бојлер/шпороет/рерна по дома, или ќе треба да решаваш со диференцијални склопки (да гаси полнење кога дома потрошачи ќе рокнеш), и потешко за изведба, подебели/поскапи кабли и сл. Доколку пак, поставуваш два струјомери, еден во гаража еден за станот, тогаш немаш гајле, пумпај 32А трофазно - :)

7 kW полнач за домашни услови е доволен, 11 kW е веќе одлично. Затоа што и 70-80 kWh батерија ќе ја полни за ~8 саати преку ноќ. А реално, многу почесто би се дополнувала батеријата околку што би се полнела (од нула). Во домашни услови, брзината на полнење (скоро) и не е важна. Секако спиеш додека се полни.
Од мое лично искуство: не дополнувам - полнам. Обично од 10-15% до 85-90% (јер така е препорачано). А некогаш и до 100%.  Немам живец секој ден да штекам полнач, некогаш заборавам, некогаш ме мрзи. Ама кога е празно - сакал или не, мора да штекнам и да се пуни навечер. Во зима, обично 3 пати у недела, во лето еднаш до 2 пати. Инаку, да, доволен е и 7КW. Се живее и со 3КW, ама веќе ако го праиш за во иднина - сега му е мајката.

Да, но инвестицијата е поголема. Во тој случај би одел исто со пп00 кабел и за секој случај 5х6мм² (единствено заради должината не би одел со 5х4мм²), осигурач трополен 20А, мада и 16 би бркал работа и обавезно FID склопка.

Колку е разлика во цена по метар од 3x4mm2 vs 5x4mm2? Другото е се галантерија - 3фазна фид и блок осигурачи трофазни. тоа е 1000че разлика.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2509
Баш ме интересира што ќе каже инвеститорот - дали дозволуваат уопште полнење на електрични во гаражните места, дали може да се пушти кабел од станот или ќе треба нов струјомер... И колку ќе чини сето тоа.
Јас би одел со трофазна, 16А.



Ја прашував да ми се донесе “појака” струја за полнење е-возило во иднина, не прифатија. Имаше врска со проектот кој не предвидува такво нешто. Ми донесоа обичен штекер врзан на мое броило. 100% сум сигурен дека нема да ти донесе “појака” струја.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7771
Ja донесов до гаража трофазна струја, врзана на саатот од станот каде што живеам. Ама се работи за мала зграда, каде ваквите зафати лесно се договараат за време на градење, и не ни чинеше премногу. Сакам истото да го направам и на друго место, ама тука очекувам дека ке ме одбијат, зашто е зграда со 64 стана и паркинг местата се на минус 1.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2509
Ja донесов до гаража трофазна струја, врзана на саатот од станот каде што живеам. Ама се работи за мала зграда, каде ваквите зафати лесно се договараат за време на градење, и не ни чинеше премногу. Сакам истото да го направам и на друго место, ама тука очекувам дека ке ме одбијат, зашто е зграда со 64 стана и паркинг местата се на минус 1.

Супер чим скарабуџиле.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7113
  • Бенве сие бенве
Од кој инвеститор во Штип го купи?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7235
Кабелот од ЕВН до струјомер е 3 фази по 6мм2.

Ако некој пушта кабел, не треба да е повеќе од 5х4мм2. Ако е потрошувачката 11кв, кабелот е повеќе лд доволен, како и за температурни влијанија. Секако препорачано е гумиран кабел за надворешна употреба, полн.



Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2804
Прво нека Ви е среќен празникот на сите, живи и здрави по дома, само за арно, само за убаво да пишувате, прв мој пост после празникот.

Во однос на инсталации за полнење на коли, мислам дека треба да се воведе како стандард при градење на објекти. Станбени згради, деловни згради, молови, државни институции. Тамо цели светот, зошто да губиме време. Мислам дека на доста луѓе им е пречка да земат електрично или плаг ин хибрид само заради тоа што немаат услови дома да полнат (луѓе што живеат во станбена зграда). Вака, како дополнителна мотивација, ако знаеш дека на твоето паркинг место имаш можност за полнење, можеби полесно ќе се решиш за електрификација на возниот парк.
Своерачен потпис ;)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30602
    • CARclub.mk
Апсолутно. Треба да се воведе како законска обврска. И крај.

На темава се смеевме со еден познаник пред околу година-две. Побара од инвеститорот да му изведе струја до паркинг местото, и инвеститорот му рекол „ама тоа ќе те чини уште 1000 евра“. И познаников му рекол - дали мислиш дека на 150.000 Евра, уште 1000 евра ми праат разлика?

Поентата ми е - трошокот е незначителен, а долгорочно се решава многу важна работа.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3621
Постојат повеќе „математики“ при ваква изведба. На пример, имаш ниво -3 подземен паркинг, каде што на секое место има само обележано простор за автомобил. Тоа не е гаража како во старите солитери, каде што се правеа боксови, прегради и посебни простории.
Овде имаш само обележани паркинг места и тоа е тоа. Не се прават индивидуални гаражи, ниту дополнителни конструкции за секое возило. Да се прави посебна инсталација и приклучоци за секое место посебно е доста покомплицирано, бидејќи не се прави така по тој систем и во пракса нема некоја голема исплатливост.
Наједноставно е: се излева плоча, се обележува и се користи како паркинг. Секако, треба модернизација, но има разлика меѓу паркинг и гаража но сите милуваме да кажеме гаража , не е гаража исцртани 2 линии 10до 15 илјади евра и тоа е тоа е сега како ти твоето ауто ке го полниш некаде е не изводливо тоа нема од каде едноставно.Бидејки за такво нешто е потребна баш гаража барем 10 квадрати И да имаш ролетна и клуч во Скопје такво нешто скоро и да нема во по нови градби Ако некаде има споделете
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30602
    • CARclub.mk
За ролетна и клуч си патиме, бидејќи сакаме паркинг местото да го искористиме и како подрумска просторија, и за складирање зимница, а богами да има и новогодишната елка и лампионите каде да ги чуваме. Паркинг е паркинг и треба да биде паркинг. За тоа не ми треба ни ролетна ни клуч.

Повеќето паркинг места кои сум ги видел во нови згради се соодветно нумерирани и резервирани. Се знае кој станар каде паркира, бидејќи си го платил паркинг местото и паркинг местото си е негово. Соодветно на тоа, не е никаков проблем да се изведе струја, без разлика каде се наоѓа.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2749
Клабери, од инвеститорот ми понудија соларно.
Зградата ја фаќа сонце озгора секогаш.

1. Сончеви колектори по слободен пат

-Ts 18/200 литри - околу 650€
-Ts 20/220 литри - околу 670€
-Ts 24/260 литри - околу 700€

2. Сончеви колектори под притисок (цените се скоро дупло)

-Tspp20/165 литри
-Tspp24/200 литри
-Tspp30/250 литри

Во цената е вклучено: сончев колектор, инсталација, монтажа и водоводен материјал