Автор Тема: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили  (Прочитано 614088 пати)

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 253
  • Macedonia
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4035 на: 12 Декември 2024, 13:18:04 pm »
Него, си купив полирка за црниот петок, чисто за да си играм и од време на време да ја користам за одржување. Сега ми останува убаво да се информирам како правилно да го изведам целиот процес, без да направам некоја грешка.

Во меѓувреме, до вас, detailer-и од форумот, какви препораки имате за деконтаминација и глинирање?

Не сум сигурен колкав избор има кај нас, но ако знаете, споделете некои предлози. Не мора да биде најскапото нешто на пазарот; ми треба нешто со добар однос цена-квалитет, чисто за мерак. Бидејќи освен 1-2 коли што ќе ги средам за лична употреба, не планирам ништо повеќе, па не би сакал да ми седат производите бескорисно во подрумот.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4036 на: 12 Декември 2024, 13:44:14 pm »
Полирањето не е баш лесен процес и треба доста внимавање да не го изгориш лакот или да го упропастиш со холограми.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 253
  • Macedonia
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4037 на: 12 Декември 2024, 13:54:59 pm »
знам, ама доста имам изнагледано и уште ќе продолжам да гледам корисни видеа. А сум гледал и во живо па имам претстава нешто од нешто.
Нема да пробам прво на Инсигнијата во секој случај  ;D А, не спомнав - полирката ја купив послаба да биде со вртежите баш заради тоа да не зезнам нешто работа па да има плачки отпосле  :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43711
  • Il Moderatore
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4038 на: 12 Декември 2024, 14:04:54 pm »
знам, ама доста имам изнагледано и уште ќе продолжам да гледам корисни видеа. А сум гледал и во живо па имам претстава нешто од нешто.

Ехее ја колку порничи имам изглеано...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 253
  • Macedonia
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4039 на: 12 Декември 2024, 14:22:14 pm »
Хахаха ме насмеа со ова, добра споредба ти беше  ;D

Шала на страна, примарната цел ми е ситни несовршености да поправам како swirl marks. Верувам дека можам да го постигнам тоа, па ќе видиме. Секако, не планирам на нови коли да чепкам, туку на некои од постарите дома што ги имаме и малце на пракса ќе добијам. На крајот од денот, за мерак ми е и не планирам да чепкам туѓи возила.


Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2746
  • Слобода или смрт
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4040 на: 12 Декември 2024, 14:31:11 pm »
Со оглед на тоа дека најдобро се учи на туѓи жени тогаш ќе треба да полираш и туѓи коли за да научиш.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 253
  • Macedonia
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4041 на: 12 Декември 2024, 15:37:43 pm »
да, ама ќе пробам на Берлингото на татко ми на пример, коешто го користи за работа само

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4042 на: 12 Декември 2024, 16:28:39 pm »
Јас на своја кола пробав да учам полирање со DA полирка, и сфатив дека беља тешко може да направам.

Почнав до Menzerna Medium cut (за гребаници и холограми еднакви на 2500ка шмиргла), а сметам дека ако нејќам да останам 3 дена со полирката во рака, требаше да почнам со Heavy cut, или еквивалентни на 2000ка, па после да одам со нешто за полирање.

Ми останаа уште кров, хауба и преден браник, и никако да се наканам да ги довршам, многу досадно ми стана ;D

Ако ме убеди некој да убрзам со полирањето, после може да си ќари Ingco батериска DA полирка по океј цена, ја со оној спорт не планирам да се бавам..

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 253
  • Macedonia
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4043 на: 12 Декември 2024, 17:11:33 pm »
Епа да си завршел може јас ќе сум ти ја купел  :D

Во секој случај, мислам дека не е толку страшно, треба ептен да си антиталент да зезниш, again јас таа што ја купив е со 3 preloaded брзини така да ќе бидам секогаш безбеден за да не претерам со послаба брзина. Не е ни направена за да поправаш покрупни несовршености.

Него, си купив полирка за црниот петок, чисто за да си играм и од време на време да ја користам за одржување. Сега ми останува убаво да се информирам како правилно да го изведам целиот процес, без да направам некоја грешка.

Во меѓувреме, до вас, detailer-и од форумот, какви препораки имате за деконтаминација и глинирање?

Не сум сигурен колкав избор има кај нас, но ако знаете, споделете некои предлози. Не мора да биде најскапото нешто на пазарот; ми треба нешто со добар однос цена-квалитет, чисто за мерак. Бидејќи освен 1-2 коли што ќе ги средам за лична употреба, не планирам ништо повеќе, па не би сакал да ми седат производите бескорисно во подрумот.

Да се самоцитирам за да не забега поракава ептен наназад

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4044 на: 14 Декември 2024, 19:23:36 pm »
После недели мољакање и ѕвонење за смешни 2Л синтетичко масло по неколку фирми кои демек продаваат Fuchs, отидов овде во Солун и завршив работа за 5 мин.


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4045 на: 14 Декември 2024, 20:04:07 pm »
Паметен избор.