Автор Тема: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили  (Прочитано 624291 пати)

Присутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
  • Macedonia
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4035 на: 12 Декември 2024, 13:18:04 pm »
Него, си купив полирка за црниот петок, чисто за да си играм и од време на време да ја користам за одржување. Сега ми останува убаво да се информирам како правилно да го изведам целиот процес, без да направам некоја грешка.

Во меѓувреме, до вас, detailer-и од форумот, какви препораки имате за деконтаминација и глинирање?

Не сум сигурен колкав избор има кај нас, но ако знаете, споделете некои предлози. Не мора да биде најскапото нешто на пазарот; ми треба нешто со добар однос цена-квалитет, чисто за мерак. Бидејќи освен 1-2 коли што ќе ги средам за лична употреба, не планирам ништо повеќе, па не би сакал да ми седат производите бескорисно во подрумот.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5959
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4036 на: 12 Декември 2024, 13:44:14 pm »
Полирањето не е баш лесен процес и треба доста внимавање да не го изгориш лакот или да го упропастиш со холограми.

Присутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
  • Macedonia
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4037 на: 12 Декември 2024, 13:54:59 pm »
знам, ама доста имам изнагледано и уште ќе продолжам да гледам корисни видеа. А сум гледал и во живо па имам претстава нешто од нешто.
Нема да пробам прво на Инсигнијата во секој случај  ;D А, не спомнав - полирката ја купив послаба да биде со вртежите баш заради тоа да не зезнам нешто работа па да има плачки отпосле  :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43792
  • Il Moderatore
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4038 на: 12 Декември 2024, 14:04:54 pm »
знам, ама доста имам изнагледано и уште ќе продолжам да гледам корисни видеа. А сум гледал и во живо па имам претстава нешто од нешто.

Ехее ја колку порничи имам изглеано...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
  • Macedonia
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4039 на: 12 Декември 2024, 14:22:14 pm »
Хахаха ме насмеа со ова, добра споредба ти беше  ;D

Шала на страна, примарната цел ми е ситни несовршености да поправам како swirl marks. Верувам дека можам да го постигнам тоа, па ќе видиме. Секако, не планирам на нови коли да чепкам, туку на некои од постарите дома што ги имаме и малце на пракса ќе добијам. На крајот од денот, за мерак ми е и не планирам да чепкам туѓи возила.


Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2778
  • Слобода или смрт
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4040 на: 12 Декември 2024, 14:31:11 pm »
Со оглед на тоа дека најдобро се учи на туѓи жени тогаш ќе треба да полираш и туѓи коли за да научиш.

Присутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
  • Macedonia
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4041 на: 12 Декември 2024, 15:37:43 pm »
да, ама ќе пробам на Берлингото на татко ми на пример, коешто го користи за работа само

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17562
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4042 на: 12 Декември 2024, 16:28:39 pm »
Јас на своја кола пробав да учам полирање со DA полирка, и сфатив дека беља тешко може да направам.

Почнав до Menzerna Medium cut (за гребаници и холограми еднакви на 2500ка шмиргла), а сметам дека ако нејќам да останам 3 дена со полирката во рака, требаше да почнам со Heavy cut, или еквивалентни на 2000ка, па после да одам со нешто за полирање.

Ми останаа уште кров, хауба и преден браник, и никако да се наканам да ги довршам, многу досадно ми стана ;D

Ако ме убеди некој да убрзам со полирањето, после може да си ќари Ingco батериска DA полирка по океј цена, ја со оној спорт не планирам да се бавам..

Присутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
  • Macedonia
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4043 на: 12 Декември 2024, 17:11:33 pm »
Епа да си завршел може јас ќе сум ти ја купел  :D

Во секој случај, мислам дека не е толку страшно, треба ептен да си антиталент да зезниш, again јас таа што ја купив е со 3 preloaded брзини така да ќе бидам секогаш безбеден за да не претерам со послаба брзина. Не е ни направена за да поправаш покрупни несовршености.

Него, си купив полирка за црниот петок, чисто за да си играм и од време на време да ја користам за одржување. Сега ми останува убаво да се информирам како правилно да го изведам целиот процес, без да направам некоја грешка.

Во меѓувреме, до вас, detailer-и од форумот, какви препораки имате за деконтаминација и глинирање?

Не сум сигурен колкав избор има кај нас, но ако знаете, споделете некои предлози. Не мора да биде најскапото нешто на пазарот; ми треба нешто со добар однос цена-квалитет, чисто за мерак. Бидејќи освен 1-2 коли што ќе ги средам за лична употреба, не планирам ништо повеќе, па не би сакал да ми седат производите бескорисно во подрумот.

Да се самоцитирам за да не забега поракава ептен наназад

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3075
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4044 на: 14 Декември 2024, 19:23:36 pm »
После недели мољакање и ѕвонење за смешни 2Л синтетичко масло по неколку фирми кои демек продаваат Fuchs, отидов овде во Солун и завршив работа за 5 мин.


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5959
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4045 на: 14 Декември 2024, 20:04:07 pm »
Паметен избор.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2226
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4046 на: 23 Декември 2024, 12:49:11 pm »
Денес аrrived нека гумира.. :D

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1791
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4047 на: 23 Декември 2024, 14:08:52 pm »
Денес аrrived нека гумира.. :D

Прати некоја слика од колата, само шините ги видовме од колата.

Инаку како си задоволен од џипчево, сериозно прашање. Видов едно, интересно изгледа.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2226
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4048 на: 23 Декември 2024, 15:52:40 pm »
Денес аrrived нека гумира.. :D

Прати некоја слика од колата, само шините ги видовме од колата.

Инаку како си задоволен од џипчево, сериозно прашање. Видов едно, интересно изгледа.
Работам на видео запис за патување. Собирам материјал за финално реализирање на видеата со него направени, како што го замислувам. Треба со Зеро да седнам и да му ги пренесам сите идеи што ги имам. Ќе се обидам да го направам што поинтересно. Имав идеја за патување и видео канал со снимање на патувања низ Македонија и надвор, но за жал, некои други обврски излезеа. Сепак, сигурно ќе има тема и се во врска со Јапанчето тука на карклуб.

Фантастичен теренец, одличен и за офф-роуд патишта и за градската џунгла. Се снаоѓа без проблеми, а досега немав некакви големи проблеми. Единствено што според мане е резерварот кој е 33/4литри плус тие 4-5 што ги има околу 40 литри што собира. Редовно е сервисирање на 10.000 километри, како што е стандардно -  масло, редуктори, диференцијали.. годишна инспекција на возилото

Пак повторувам мене што ме нервира ама пак неможе се да е добро тоа  е што резервоарот има само 33,34 литри плус тие 4-5 литри што остануваат како резерва. Потрошувачката кај мене е од 6,2 до 6,8 литри со мануелна трансмисија. Немам никакви други забелешки. На 35-36 илјади километри имам поминато, што е релативно малку за вакво возило. Требаше да служи исто така и за татко ми да оди на викендица но се разболе , и  сега го возиме јас и девојката/жена ми кога времето дозволи од обврски. Возењето е супер, и ако некој може да си дозволи вакво возило, нема да згреши. Од опрема има буквално сè, освен паркинг камера. Моторот е фантастичен, не се слуша кога работи, што е невообичаено за теренци кои обично се бучни. Максималната брзина што сум ја достигнал е околу 170 км/ч, но најубавото возење е од 90 до 110 км/ч.

Каде и да се појави, возилото е атракција, но пред се е поуздано и прави мерак за возење толку е издржливо да навистина неможам да објаснам ова возило какво малтертирање може да издржи  и каде се што може да премине е чудо невидено буквално пат не му треба.Изолацијата е супер внатрешно

Ке направаме посебна тема како што посочив и ке биде се опфатено.

Модернизирано како што доликува на сите возила од овој ранг но со задржани вистински вредности како што го красат од преноси најважно од преносите малото фамозно мењаче.мултимедиа,седишта етц..кратко кажано внатрешно надворешно пиши ми инбокс ке се возиме.
Поздрав

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6491
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #4049 на: 26 Декември 2024, 11:15:20 am »
Си купив некни од Лидл ударен пиштол, гол, без четкици мотор(бла бла) и прилично мал во главата за во тесен простор да можи да се работи.
4 степени на јачина/брзина до „226Nm“, и тоа шо заприметив ко работев, не ја памти последната позиција туку најаката, треба да го проверам упатството дали се подесува ова.

За жал ме кошташе 40€ пошто немаше на Ананас за 250ден.  :D