Денес аrrived нека гумира..
Прати некоја слика од колата, само шините ги видовме од колата.
Инаку како си задоволен од џипчево, сериозно прашање. Видов едно, интересно изгледа.
Работам на видео запис за патување. Собирам материјал за финално реализирање на видеата со него направени, како што го замислувам. Треба со Зеро да седнам и да му ги пренесам сите идеи што ги имам. Ќе се обидам да го направам што поинтересно. Имав идеја за патување и видео канал со снимање на патувања низ Македонија и надвор, но за жал, некои други обврски излезеа. Сепак, сигурно ќе има тема и се во врска со Јапанчето тука на карклуб.
Фантастичен теренец, одличен и за офф-роуд патишта и за градската џунгла. Се снаоѓа без проблеми, а досега немав некакви големи проблеми. Единствено што според мане е резерварот кој е 33/4литри плус тие 4-5 што ги има околу 40 литри што собира. Редовно е сервисирање на 10.000 километри, како што е стандардно - масло, редуктори, диференцијали.. годишна инспекција на возилото
Пак повторувам мене што ме нервира ама пак неможе се да е добро тоа е што резервоарот има само 33,34 литри плус тие 4-5 литри што остануваат како резерва. Потрошувачката кај мене е од 6,2 до 6,8 литри со мануелна трансмисија. Немам никакви други забелешки. На 35-36 илјади километри имам поминато, што е релативно малку за вакво возило. Требаше да служи исто така и за татко ми да оди на викендица но се разболе , и сега го возиме јас и девојката/жена ми кога времето дозволи од обврски. Возењето е супер, и ако некој може да си дозволи вакво возило, нема да згреши. Од опрема има буквално сè, освен паркинг камера. Моторот е фантастичен, не се слуша кога работи, што е невообичаено за теренци кои обично се бучни. Максималната брзина што сум ја достигнал е околу 170 км/ч, но најубавото возење е од 90 до 110 км/ч.
Каде и да се појави, возилото е атракција, но пред се е поуздано и прави мерак за возење толку е издржливо да навистина неможам да објаснам ова возило какво малтертирање може да издржи и каде се што може да премине е чудо невидено буквално пат не му треба.Изолацијата е супер внатрешно
Ке направаме посебна тема како што посочив и ке биде се опфатено.
Модернизирано како што доликува на сите возила од овој ранг но со задржани вистински вредности како што го красат од преноси најважно од преносите малото фамозно мењаче.мултимедиа,седишта етц..кратко кажано внатрешно надворешно пиши ми инбокс ке се возиме.
Поздрав