Автор Тема: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?  (Прочитано 255545 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7205
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1140 на: 13 Јуни 2026, 10:35:13 am »
Цитат: ЗАКОН
7.1. Сообраќај на крстосница со кружен тек на сообраќај
Член 47
(1) ...
(2) ...
(3)Возачот кој се движи во крстосница со кружен тек на сообраќајот каде што коловозот има две или повеќе сообраќајни ленти, е должен да се престрои во внатрешната сообраќајна лента со цел да овозможи вклучување во крстосницата и на други возачи, освен ако има намера да ја напушти крстосницата на најблискиот излез или поради густината на сообраќајот не е во состојба безбедно да се престрои.
(4) При вклучување во сообраќај на крстосница со кружен тек на сообраќајот каде што има две сообраќајни ленти возилото што се наоѓа на десната сообраќајна лента се вклучува на надворешната сообраќајна лента, а возилото кое се движи по левата сообраќајна лента се вклучува на внатрешната сообраќајна лента.
(5) Пред да ја напушти крстосницата од ставот (4) на овој член, возачот е должен да се престрои во надворешната сообраќајна лента, освен во излез на кој со сообраќајна сигнализација е пропишано дека е дозволено свртување десно и од внатрешната сообраќајна лента.
(6) На излез од крстосница со кружен тек на сообраќајот на која е дозволено свртување во десно и од внатрешната сообраќајна лента, надворешната сообраќајна лента е наменета исклучиво за свртување во десно. Правните лица надлежни за одржување на патот се должни надворешната сообраќајна лента соодветно да ја обележат.

Filo, попара си, дури и пропагираш сељачко возење.
Ете го законот, посочи ми каде пишува дозволено возење по надворешна лента до трет исклучок.



Односно ако две возила влегуваат во кружен тек, тој во надворешна лента нема обврска дека мора на првиот исклучок да го напушти кружниот, туку има право да го сврти и цел круг во кружниот бидејки е една лента во круг (исто како и внатрешната)
Ако ти од внатрешна се исклучуваш додека некој во надворешна продолжува да вози во кружниот и го удриш, ти си крив, а не тој во надворешна.

Ако ова правило на сообраќај во кружен тек го знаат барем 5% од возачите во државава, ја ќе се обесам.

Ете повеќе си возен низ државата дај ми слика од кружен каде е забрането исклучување од внатрешна лента. Ова ти што го зборуваш важи само на такви локации а јас не памтам да сум сретнал, освен да се физички оневозможени.
Пошто е дозволено исклчување од внатрешна лента десно, ти во надворешна треба на прв излез да се исклучиш а не да продолжиш да кружиш, и ти си крив во случајот, став 5 и 6.

Еве во атачмент кажи ми кој ќе биди во право јас ако свртам десно кон ист гејт од а ти по надворешно лево да си тераш.

Во Кисела вода не знам како е, ниту слика има ниту стрит вју, ама гледам се исклучуваш во единечна лента, и по која логика и закон има преднос тој од десна страна што се вклучува во сообраќај?




Последнава недела прилично доста ситуации каде што на кружниот тек на поранешна последна 24 во Кисела Вода, тие што доаѓаат одоздола од Гет, влегуваат во десната лента и во таа лента го возат се до исклучувањето за накај Цементара, а тоа е трето по ред исклучување, прво е одма малата десна улица за куките во Кисела Вода, второто е за нагоре према Припор.

Внимавајте, многу возачи го прават ова, , се прешалтува во десната ленга пред влез на кружниот, и во надворешната десна лента до трето исклучување возат.

Баш и минатата недела овој пат во правец према Гет на тоа исклучување имаше сообракајка, тој од надворешна лента не се исклучил за према Гет и продолжил да врти во кругот, а другиов од внатрешна лента сакал да се исклучува према Гет и му се имаше забиено во возачката врата на овој од надворешната лента.


А да не зборувам дека има дилајли кој од Гет кога доагаат, летаат без да успорат, особено тие што влегуваат во надворешната лента.
Честопати сум приморан јас кога сакам да се исклучам за тој исклучок према куките, јас да застанам и да легнам на свирка дека овој треба да успори и застане
Завчера утрото имав таква ситуација, ако не му засвирев ке ме однесеше, со мало комбе-камионче беше.

Отсутен Bompom

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1141 на: 13 Јуни 2026, 18:31:21 pm »
Малку е покомплициран, а да бидам искрен и збунувачки начинот на којшто е проектиран овој кружен. На Google Earth  се гледа дека е дозволено од двете ленти да се оди право, но кој излез е за право? Вториот? Третиот? Двата? Вакви работи не треба да бидат предмет на толкување туку треба јасно да се назначат, бидејќи може да настанат конфликтни ситуации. Освен тоа, нашите правила за возење по кружен тек се искрено застарени и мислам дека не се користат никаде освен кај нас. Во повеќето земји од Европа се знае: десна лента за десно и право (прв и втор излез), лева лента за сите останати излези и за полукружно вртење, при што возачот треба да се престрои во најдесната лента (ако е слободна) пред излезот каде што треба да се исклучи.