И пасошот не ти го зимаат кога зимаш нов кога стариот уште има рок, имаш два па бујрум помини со стариот да видиш банана на граница 
мислам... само мислам дека за пасошот грешиш... зборам од лично искуство.. пошто со децава, законите за мењање на пасош и нивната трајност е смешна.. на почетокот по 1 година само важат....
значи доколку е истечен ти го оставаат таков каков што е... не ретко и го зимаат... но ако не е истечен а е при крај, ако ти го остават, со перфоратор прават дупче или на задната корица или на чипчето на втората страна од пасошот... исто и со личната карта... ми беше при крај, извадив нова... кога ја подигав новата, ми ја земаа старата, пошто сеуште беше важечка...
кога положив за нова категорија, ми ја земаа и старата возачка, сеуште важечка, ама ја земаа, а претходно успеав да видам дека ја дупна со перфоратор...
на времето личните карти и возачките на долниот десен ќош, ги сецнуваа со макази...
и последното што го знам (со оглед дека многу блиски од фамилија последниве години ми изумреа) кога ја вадиш потврдата за умреница, ти ја бараат личната карта и ја дупнуваат кај чипчето и ти ја враќаат...