Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1690973 пати)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7095 на: 26 Октомври 2015, 20:19:51 pm »
Вадиш дупликат возачка, си ја изгубил старата.
Старата ја даваш во мирување да си лежи неколку месеци. Дупликатот си го користиш.


При контрола можеш да ја покажеш, али при прекршок или сообраќајка никако.





Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20061
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7096 на: 26 Октомври 2015, 20:26:27 pm »
Си пробал?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17295
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7097 на: 26 Октомври 2015, 20:55:59 pm »
Ако ти удрат компјутерска контрола како што знаат често да направат, што правиме?

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7098 на: 26 Октомври 2015, 21:50:48 pm »
Вадиш дупликат возачка, си ја изгубил старата.
Старата ја даваш во мирување да си лежи неколку месеци. Дупликатот си го користиш.
При контрола можеш да ја покажеш, али при прекршок или сообраќајка никако.

Ако ти удрат компјутерска контрола како што знаат често да направат, што правиме?

Сообраќајните контроли кај нас сеуште немаат услови да прават компјутерска контрола т.е да проверат се за тебе од кола на лице место, но затоа можат да се јават во станица и да проверат што треба. Во Скопје и поголемите градови поретко се прави тоа пошто се презафатени во дежурна служба за да се замараат со прекрошци од сообраќај, но ако на пример си направил прекршок и не ја носиш возачката и мислиш дека ќе се извадиш ако кажеш дека си ја заборавил дома па мислиш дека ќе ти поверуваат и нема да проверат е тогаш си се заебал и сигурно ќе се јават во станица да проверат што и како.

Тоа со дупликат возачка дозвола од која едната е уствари неважечка е седење на два стола истовремено, никогаш не можеш да бидеш дали те запираат само ради проверка на докуменатција или ради прекршок. Не можеш да знаеш дали си направил прекршок или не, жацото може да ти пише глоба за најситен прекршок ако не му е денот, треба да исполни норма или не му се свиѓаш. Единствено таа неважечка возачка може да помине (со многу мали шанси) ако направиш прекршок каде што глобата е до кај 50 евра па наместо да ти впишат негативни поени одлучиш да ја платиш под услов на никого во станица да не му текне да изврши проверки за тебе во системот.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3965
  • MadaFunker
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7099 на: 27 Октомври 2015, 01:09:58 am »
Си пробал?

Јесте :)
Имав забрана и им ја оставив старата возачка да си ја чуваат а во меѓувреме си извадив нова и си возев/возам уште со таа.
Е сеа дали имав среќа или толку писмени се џандариве кај нас...незнам. :)

P.S Ова беше кога се менуваа старите со нови возачки
New blood of old school

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг:
« Одговори #7100 на: 27 Октомври 2015, 06:49:28 am »
Сега кога ќе пријавиш на пример дека си ја загубил или ти ја украле те викаат во мтв инспектори и те прашуваат пак како било и дали лажеш и те предупредуваат за можните проблеми во случај да сте многу паметни како драјверо погоре. Не се заебавајте сега со таа шема одкога излегоа биометриските...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33921
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7101 на: 27 Октомври 2015, 07:56:49 am »
Вадиш дупликат возачка, си ја изгубил старата.
Старата ја даваш во мирување да си лежи неколку месеци. Дупликатот си го користиш.
При контрола можеш да ја покажеш, али при прекршок или сообраќајка никако.

Ако ти удрат компјутерска контрола како што знаат често да направат, што правиме?

Сообраќајните контроли кај нас сеуште немаат услови да прават компјутерска контрола т.е да проверат се за тебе од кола на лице место, но затоа можат да се јават во станица и да проверат што треба. Во Скопје и поголемите градови поретко се прави тоа пошто се презафатени во дежурна служба за да се замараат со прекрошци од сообраќај, но ако на пример си направил прекршок и не ја носиш возачката и мислиш дека ќе се извадиш ако кажеш дека си ја заборавил дома па мислиш дека ќе ти поверуваат и нема да проверат е тогаш си се заебал и сигурно ќе се јават во станица да проверат што и како.

Тоа со дупликат возачка дозвола од која едната е уствари неважечка е седење на два стола истовремено, никогаш не можеш да бидеш дали те запираат само ради проверка на докуменатција или ради прекршок. Не можеш да знаеш дали си направил прекршок или не, жацото може да ти пише глоба за најситен прекршок ако не му е денот, треба да исполни норма или не му се свиѓаш. Единствено таа неважечка возачка може да помине (со многу мали шанси) ако направиш прекршок каде што глобата е до кај 50 евра па наместо да ти впишат негативни поени одлучиш да ја платиш под услов на никого во станица да не му текне да изврши проверки за тебе во системот.

Баш така, те проверат ли би можел и кривична да изедеш за фалсификување документ, нека даде коментар некој што се разбира. Така и треба за „паметни“ кои го кршат законот па уште и паметни се да се подјебаваат со полицијата.

Иначе тоа што викаш полиција нема можност на терен да изврши компјутерска проверка, па нема можност кога се ретардирани. Ние тоа го правиме веќе 10 години за комерцијални цели, а неспособнава полиција во 2016-та година не може да го направи. Смешно.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7102 на: 27 Октомври 2015, 08:52:34 am »
Ако ти удрат компјутерска контрола како што знаат често да направат, што правиме?

Ќе го цуцнеш до степен на лижнување јајца.

Стварно глупости се зборуваат и предлагаат во темава. Ако ви ја земат возачката, тие неколку месеца ќе седите мадро (или ако ви се ризикува, возете, ама претпазливо).

На скоро секое застанување (или, ајде, ако не секое, на 7 од 10 застанувања) џандарот се јавува во станица да ја проверат возачката. Чао-пријатно.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5835
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7103 на: 27 Октомври 2015, 08:58:51 am »
Другарче кога положи за Ц му дадоа друга возачка. И мене не ми е јасно како не му ја земале едната, али чоеков си има 2 возачки у новчаник сега... Една само со Б и една со Б и со Ц запишани.

Ако му стават забрана да речеме за една од категориите може да ја користи другата без да праи такви далавери како што се спомнаа погоре. Но ако им текне да проверат е тогаш го јадел...

Али најбоље случај шо знам, 2-ца близнаци ама исти брате исти. Едниот постар другиот помлад, овој помалиов 2 години возеше со возачката на брат му додека положи, го стопирале ништо  ;D

Присутен s1n1sa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7104 на: 27 Октомври 2015, 09:01:09 am »
Е извини ама па баш во Скопје се проверува дал имаш забрана и тоа од сигурни извори ти кажувам така да со фората погоре можеш само да си ги папаш ;)
Hyundai Elantra 6th G

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9999
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7105 на: 27 Октомври 2015, 09:46:31 am »
И мене ми ја оставија старата возачка кога си ја земав новата со нова категорија запишана. А нормално дека не смеат тоа да го прават.

На мој близок и личната карта му ја оставија, па сега има две лични карти со различни адреси. Банана држава :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг:
« Одговори #7106 на: 27 Октомври 2015, 09:48:15 am »
И пасошот не ти го зимаат кога зимаш нов кога стариот уште има рок,  имаш два па бујрум помини со стариот да видиш банана на граница :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9999
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7107 на: 27 Октомври 2015, 09:53:16 am »
Пасошот од секогаш ти го оставале, поништен секако.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7108 на: 27 Октомври 2015, 09:56:03 am »
И пасошот не ти го зимаат кога зимаш нов кога стариот уште има рок,  имаш два па бујрум помини со стариот да видиш банана на граница :D

мислам... само мислам дека за пасошот грешиш... зборам од лично искуство.. пошто со децава, законите за мењање на пасош и нивната трајност е смешна.. на почетокот по 1 година само важат....

значи доколку е истечен ти го оставаат таков каков што е... не ретко и го зимаат... но ако не е истечен а е при крај, ако ти го остават, со перфоратор прават дупче или на задната корица или на чипчето на втората страна од пасошот... исто и со личната карта... ми беше при крај, извадив нова... кога ја подигав новата, ми ја земаа старата, пошто сеуште беше важечка...

кога положив за нова категорија, ми ја земаа и старата возачка, сеуште важечка, ама ја земаа, а претходно успеав да видам дека ја дупна со перфоратор...

на времето личните карти и возачките на долниот десен ќош, ги сецнуваа со макази...

и последното што го знам (со оглед дека многу блиски од фамилија последниве години ми изумреа) кога ја вадиш потврдата за умреница, ти ја бараат личната карта и ја дупнуваат кај чипчето и ти ја враќаат...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг:
« Одговори #7109 на: 27 Октомври 2015, 09:59:16 am »
Јас ќе ти дадам два мои лични пасоши без дупчиња и двата се во рок и не само мојот и на жена ми истото го направија.