Јас па ја гледам логиката. Пијан човек е пред се непресметлив човек и како таков не треба да биде во кола ниту како совозач. И никогаш не би превезувал некој мортус пијан. Ќе ти исповрати или не дај Боже ќе настане караница од Х причини од типот “знаеш ли кој сум јас” и свашта може да се деси, додека си во сообраќај. Луѓето на трезно се едно, на пијано сосем друго.
Сум се изнагледал бајаги глупости и затоа што подалеку. И не, не си помалку другар ако му кажеш да одјебе и како знае да си се врати дома.
Од ваквите си патиме
Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk
Нема зошто да се пати од здраворазумна одлука. Освен ако си нездрав.
Си се направил пепел зошто те оставила бившата? У реду, еве ти 500 денари од мене, ја ќе му ги дадам на таксистот и терај.
Сигурно нема да пренесувам пијандури у кола која сум ја купил за мене и моето семејство, а пијандурата го столи бојко за тоа.
Па уште да ме стави некој у ризик да отвори прозор и да урла на глас, или да повраќа, или да се курчи во состојба на алкохолно труење, а ја да го возам пошо сме другари. Овие лекции се учат на 18-19 години, стварно ми е жал ако не се научени досега.
Ако ти не отвориш очи, друг ќе ти ги отвори.