Не чекам ич. При макс торк, моторот испорачува најмногу снага звс потрошено гориво. Не гледам нешто нејасно па да треба дообјаснување.
Јасно е што сакаш да кажеш, но тоа не е точно, барем не овака ко што си го пишал.
Ако кажеше „При вртежите кај кои е макс торк, моторот испорачува најмногу снага за потрошено гориво“ ќе беше поточно (но само отприлика, и тука има исклучоци).
Колкав е торкот не зависи само од вртежите, туку и од колку е притисната папучата за гас. Макс торк значи макс притисната папуча за гас, а тоа НЕ Е најдобар однос гориво-снага.
Филип, МВС само при одредени вртежи има макс торк. Поновиве турбаши го „растегнуваат“ вештачки со лимитирање на бустот, па имаат во одреден ранг вртежи, наместо при одредени вртежи, ама за поедноставување на работите, нема да го разгледуваме тој случај, туку само случајот кога кривата на торк има пик на графикот. Макс торк нема кога не е притисната папучата до даске. тогаш имаш % од торк. Тогаш немаш максимална снага при тие вртежи. Затоа мојата дефиниција е премногу јасна и нема забуни: При макс торк, имаш надобар однос на снага вс потрошено гориво. Во секоја друга ситуација, моторот не работи толку оптимално. Технички, тоа е затоа што принципот на контрола на внес на воздух во моторот, со брегасти осовини, има една голема маана, а тоа е оптимално хранење на моторот со воздух само во одреден момент кој што го предвиделе креаторите на моторот.
Муабетите на „нормално секојдневно возење“ и „со пола гас“, нема врска со мојот горенаведен исказ, кој е прилично јасен и дефиниран без додатни филозофски компликации.
Уште еднаш: При макс торк, односот на произведена снага и потрошено гориво е најдобар (или најоптимален ако повеќе сакаш).