Имаме кажување и толкување. Она што си го кажал може да се толкува.
Толкување и менување не е исто.
Кога некој ќе ми каже дека 2.0 бензинец во спортско купе е скоро исто ко 1.5 dci во градски (полу)теренец, јас го толкувам како легендарна порака.
Тоа никој не ти го кажал. Ти си го сменил мојот исказ (на тој начин што суи му одзел клучен дел) за да го направиш полесен за напаѓање и таков сменет го напаѓаш. Тоа е дефиниција за straw man.
Ќе ти помогнам да го сфатиш ова со менувањето со тоа што ќе се навратам на прашањето за моментот и што ја сум кажал или не сум кажал за важноста на иститот.
Се помачив дур го пишував ова, така да плиз читај внимателно.
НИКОГАШ не сум кажал „моментот е најбитна особина на секое ауто“. Она што сум го рекол е:
За перформансите при секојдневното возење, максималниот момент е поважен од максималната коњажа.Кога велам „читај внимателно“ велам „читај ги сите зборови, пошто ни еден не е пишан за украс и треба да ги земеш сите зборови до еден за да го доловиш тоа што навистина го кажувам“. Доколку скратиш у главата макар еден збор - више не е тоа тоа што сакам да го кажам.
Еве ти неколку примери на кратења на горниот став со кои тоа веќе не е истиот став и не сакам тоа да го кажам:
Кратење бр. 1 „За перформасите при возењето максималниот момент е поважен од максималната коњажа“ (изоставено „секојдневното“, со што ставот веќе не е исправен: доколку возењето не е секојдневно туку е драг рејс, тогаш максималниот момент не е поважен од максималната коњажа, пошто победува тој со поголема максимална коњажа)
Кратење бр. 2 „За перформансите при секојдневното возење моментот е поважен од снагата“ (изоставено „максималниот“ пред „моментот“ и „максималната“ пред „коњажата“, со што ставот веќе не е исправен: при
секое возење, и секојдневно и драгрејс, перформансите зависат од коњажата, само што тоа скоро никогаш не е
максималната коњажа)
Кратење бр. 3 „Моментот е поважен од снагата“ (изоставени еден куп зборови со кои исказот станува потполно бесмислен. моментот и снагата се интимно поврзани поими, не може кој било од тие два да биде поважен од другиот)
Кратење бр. 4 „Коњажата не е битна, битна е само моментот“ (ставот е сменет скроз и е трансформиран во колосална глупост)
Кратење бр. 5 „Моментот е најбитното нешто за аутото“ (ова не само што е колосална глупост, туку е not even wrong, нешто што е и повеќе од глупаво)
Мутирање бр. 6. „Ако имаме две различни аута, бољи перформанси ќе има тоа со поише момент, а не со поише коњи“ (и ова е глупост, пошто не зема во предвид еден куп фактори како односи во менувачот, бла бла.)
Ти, Сики, можеш кое било од овие кратења да СИ ЗАМИСЛИШ дека е мојот став (а ниту едно од црвените не е мој став, и да чујам некој да каже такво нешто прв ќе се побунам!) и да го презентираш како исправно толкување, па така „„„толкувано“““ да го тртенш у легендарни. Ама нема да бидеш во право, мене ќе ме изнервираш, а себе ќе се лишиш од можеби значајна автомобилска поента. Немој. Наместо да кратиш и толкуваш, читај што НАВИСТИНА ти пишува соговорникот.