Автор Тема: HP vs Torque  (Прочитано 83838 пати)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: HP vs Torque
« Одговори #300 на: 08 Февруари 2015, 13:03:05 pm »
Еве ги од истиот извор


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: HP vs Torque
« Одговори #301 на: 08 Февруари 2015, 13:12:38 pm »
Да кажеш дека торкот е побитен параметар од коњажата намоторот е како коаг ќе те прашаат колку брзо вози колата ти да одговориш 100.

Се согласувам. Затоа и НЕ го кажувам тоа.

Не реков дека го кажуваш. Само дадов констатација. И не е точно тоа што велат: Horsepower sells cars, but torque wins races.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: HP vs Torque
« Одговори #302 на: 08 Февруари 2015, 13:28:35 pm »
Еве како е алфа  во 6-та:

На твојот клип, во последна брзина, алфата во шеста од 60 до 80 км/ч забрзуваше (ако добро гледам) 7 секунди, така?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: HP vs Torque
« Одговори #303 на: 08 Февруари 2015, 13:37:59 pm »

На твојот клип, во последна брзина, алфата во шеста од 60 до 80 км/ч забрзуваше (ако добро гледам) 7 секунди, така?

Не можам да тврдам дека е со папуча до крај, не се сеќавам, но ајде, да речеме дека е. Докажи ја надмоќта на кашкаито.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: HP vs Torque
« Одговори #304 на: 08 Февруари 2015, 14:02:19 pm »
До колку км/ч иде во шеста алфата, 235, 240?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: HP vs Torque
« Одговори #305 на: 08 Февруари 2015, 14:03:58 pm »
Не можам да тврдам дека е со папуча до крај, не се сеќавам, но ајде, да речеме дека е.

 :)

А ако ти кажам дека кокошарникот од 60 до 80 у шеста забрзува за исто време (7 сек) ќе ми веруваш на збор?

Докажи ја надмоќта на кашкаито.

јао бре сики куку нонен, по кој-знае-кој пат: кога реков дека кашкаито е надмоќно во однос на алфата? Зошто би докажувал нешто што не го тврдам?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: HP vs Torque
« Одговори #306 на: 08 Февруари 2015, 14:05:45 pm »
Истото прашање и до Филип, која е максималната брзина во 6-та кај тебе?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: HP vs Torque
« Одговори #307 на: 08 Февруари 2015, 14:17:32 pm »
Истото прашање и до Филип, која е максималната брзина во 6-та кај тебе?

Ја највише што сум видел на мојот „саат“ е 190, ама тој покажува повеќе. Само два пати сум гледал „колку иде“, и во двата наврати - за жал - без гпс да ми каже колку е стварно брзината.

На јутјуб сум видел 1.5 дци кокошарник да покажува 200, ама можда е удолница, ветар у грб, чипуван мотор... или сите 3 заедно :-)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: HP vs Torque
« Одговори #308 на: 08 Февруари 2015, 14:17:52 pm »
Ваљда 180, не ми е верно да може да дигне повеќе од тоа.

edit: еј сум погодил....

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: HP vs Torque
« Одговори #309 на: 08 Февруари 2015, 14:27:52 pm »
Ако е така, тогаш твојата 6-та е пократка од неговата 6-та, за околу 20%.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: HP vs Torque
« Одговори #310 на: 08 Февруари 2015, 14:31:34 pm »
ok

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: HP vs Torque
« Одговори #311 на: 08 Февруари 2015, 14:41:33 pm »
Не можам да тврдам дека е со папуча до крај, не се сеќавам, но ајде, да речеме дека е.

 :)

А ако ти кажам дека кокошарникот од 60 до 80 у шеста забрзува за исто време (7 сек) ќе ми веруваш на збор?

Ооо да! Дури и очекував да е побрзо. Ако ти кажам дека во оној брзински пренос, во која алфата ја постигнува максималната брзина на QQ (180-тина км на час), алфата од 60-80км/ч забрзува за околу 4 секунди, ќе ми веруваш на збор? (види видео ако не веруваш)

Цитат
Докажи ја надмоќта на кашкаито.

Цитат
јао бре сики куку нонен, по кој-знае-кој пат: кога реков дека кашкаито е надмоќно во однос на алфата? Зошто би докажувал нешто што не го тврдам?
Ок, тогаш зошто ги споредуваме од 60 до 80?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: HP vs Torque
« Одговори #312 на: 08 Февруари 2015, 15:22:08 pm »
Ако ти кажам дека во оној брзински пренос, во која алфата ја постигнува максималната брзина на QQ (180-тина км на час), алфата од 60-80км/ч забрзува за околу 4 секунди, ќе ми веруваш на збор

Сигурно дека ќе ти верувам дека мотор со поголема крајна снага во понизок пренос забрзува значајно подобро од мотор со помала крајна снага во повисок степен на пренос.

Ок, тогаш зошто ги споредуваме од 60 до 80?

1. Затоа што имам таква снимка.

2. Ти предложи таков тест, а не јас. (додуша од 50 км/ч, но јас немам таква снимка за жал)

3. Затоа што е доказ дека постојат специфични сценарија во кои 1.5 дци кокошарник и алфа гт 2.0 jts имаат слични перформанси.

4. За да сфатиш дека е сосем можно, при „нормално“ секојдневно возење (без забегување во крајните вртежи, онака како што сите најчесто возиме), кокошарникот и алфа гт слично да лепат за седиште, т.е. дека на тој исказ не му е местото во „легендарни“.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: HP vs Torque
« Одговори #313 на: 08 Февруари 2015, 15:52:50 pm »
Истото прашање и до Филип, која е максималната брзина во 6-та кај тебе?

Ја највише што сум видел на мојот „саат“ е 190, ама тој покажува повеќе. Само два пати сум гледал „колку иде“, и во двата наврати - за жал - без гпс да ми каже колку е стварно брзината.

На јутјуб сум видел 1.5 дци кокошарник да покажува 200, ама можда е удолница, ветар у грб, чипуван мотор... или сите 3 заедно :-)
Но, дали?
Ако е така, тогаш твојата 6-та е пократка од неговата 6-та, за околу 20%.
Но, дали?

Maксималната брзина на 1.5дци е 230кмч (мислам? потврда?) при максимални вртежи на обртомерот пред да исклучи. Дали е точно филип? Во 5та може да е 180 максимална. Знам дека нема да ја дигне на правец, но сега разговараме за позиција на брзините. Дали е 20% пократка е прашањето. И колку е пократка. Не колку може да дигне на рамно или нерамно.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: HP vs Torque
« Одговори #314 на: 08 Февруари 2015, 16:04:49 pm »
Maксималната брзина на 1.5дци е 230кмч (мислам? потврда?)

!

тоа ваљда зависи од колата и мењачот, не само од моторот. Во некое замислено супераеродинамично возило со однос во последен степен напренос 0.6:1 можда и може 230, но кај кокошарникот сигурно не е, не е ни приближно :) Уствари, не е во ниту една кола која мене ми е позната со тој мотор.

230 е сериозна брзина, а отпорот расте со квадратот на брзината, па 230 на час во „нормална“ кола бара многу поголема коњажа од овие 105 на 1.5 дци