Кажи де како го оцени субјективното влечење, да не бидам ја сламениот човек. При која брзина, во кој пренос, до колку на саат влечењето беше? Еве, јас на пример, можам да кажам дека стилто со 95 кс и 1050кг, влече исто во втора, како алфата со 150кс и 1400кг во 3-та. Тоа е субјективно и фино дефинирано. Алфата во трета влече до 120, стилото до 80. Газот исто ми притиска на седиштето, ама алфата е побрза кола.
Види, ако јас нешто си замислувам тоа е затоа што ти не си дефинирал доволно прецизно што точно субјективно си осетил. Значи мојот „строумен“ став потекнува од твојот начин на започнување на дискусијата, паушално, без доволно вистински податоци, кој потоа пробуваш да го качиш на високо техничко ниво споредувајќи бројки и криви од торк и сила.
„те тера да вратиш брзина“, значи моторот веќе не работи како што посакуваш во 6-та брзина, па мора да симнеш брзина надолу. „Без мака“ тоа значи дека имаш соодветен риспонс на папучата за гас, односно не ти се потребни два века од 50 до 60км/ч, затоа што снагата на колата не е доволна да го забрзува возилото.