Какви глупости се изначитав на темава...
Торкот ја движел колата, торкот лепел за седиште...
А нели ваквите бисери се за на femina форум?
Или дај земете Физика за 7-мо и 8-мо одделение, прочитајте што е сила, што е моќност, што е вртежен момент па потоа да зборуваме за тоа?
Сеедно е дали моторот има поголема или помала сила/вртежен момент на одреден број на вртежи!
Она што ја движи колата и од кое зависи забрзувањето е моќноста!!!
Моќност e производ од силата и брзината односно производ од вртежниот момент и аголната брзина кај ротациони системи каква што оската на моторот.
P = F * v
Сила е прозивод од масата m и забрзувањето а
F = m * a
Забрзување a е разлика од квадратите на моменталната брзина v и почетната брзина v0 поделена со два и поделена со изминатиот пат s
a = ( v ^ 2 - v0 ^ 2) / 2s
Брзина е должина на изминат пат на едно тело за единица време
v = sqrt (v0 ^ 2 + 2as)
Според ова
P = F * v = m * a * v = m * v * (v^2 - v0 ^2) / 2s
Ако земеме дека масата на возилото е 1000kg, а притоа за изминат пат од 100m брзината на возилото се зголемила од 20m/s(72km/h) на 30m/s(108km/h) тогаш
P = 1000kg * 30m/s * (30m/s ^ 2 - 20m/s ^ 2) / 2 * 100m = 30000kg*m/s * 500m^2/s^2 / 200m = 75000kg*m^2/s^3 = 75kW
Следи дека за да забрзаме од 72km/h на 108km/h во траекторија долга 100m треба да имаме мотор кој консантно испорачува 75kW
Времето t за кое ќе се постигне забрзувањето е
a = ( v ^ 2 - v0 ^ 2) / 2s = (30m/s ^ 2 - 20m/s ^ 2) / 2 * 100m = 2.5m/s^2
t = (v - v0) / a = 10m/s / 2.5m/s^2 = 4s
Ако истото тоа возило зголемувањето на брзината од 20m/s до 30m/s го направило поминувајќи пократок пат s2 тоа значи дека го направило за пократко време односно дека подобро ќе не залепи за седиште. Да земеме дека забрзувањето го реализарало поминувајќи пат од 50m наместо 100m:
P = 1000kg * 30m/s * (30m/s ^ 2 - 20m/s ^ 2) / 2 * 50m = 30000kg*m/s * 500m^2/s^2 / 100m = 75000kg*m^2/s^3 = 150kW
Следи дека за да ја преполовиме траекторијата при која ќе го постигнеме истото забрзување потребен ни е дупло помоќен мотор.
Времето t за кое ќе се постигне забрзувањето е
a = ( v ^ 2 - v0 ^ 2) / 2s = (30m/s ^ 2 - 20m/s ^ 2) / 2 * 50m = 5m/s^2
t2 = (v - v0) / a = 10m/s / 5m/s^2 = 2s
Ако сакаме да забрзаме од 30m/s на 40m/s тогаш со моторот чија моќност е 75kW истото ќе го сториме во траекторија s3
P = F * v = m * a * v = m * v * (v^2 - v0 ^2) / 2*s3
s3 = m * v * (v^2 - v0 ^2) / 2P
s3 = 1000kg * 40m/s * (40m/s ^ 2 - 30m/s ^ 2) / 2 * 75kW = 40000kg*m/s * 700m^2/s^2 / 150kW = 186.66m
Закључок?