Ај малку сликовито за моќноста.
Формулата е P[KW] = rpm * Tq[Nm] / 9549. Ако на Волфрам Алфа пишете
x * y / 9549 = 100 ќе го добиете графикот на оваа функција која е парабола, а изгледа вака:

Ако на Х оската го претставиме бројот на вртежи, а на У вртежниот момент, добиваме груба слика за зависноста на овие две вредности кога имаме моќност од Z KW.
Ако ги исцртаме на ист график функциите за x * y / 9549 = 100, x * y / 9549 = 200, x * y / 9549 = 1000 и тн. ќе добиеме нешто налик на ова.

Кое е значењето на овие криви?
Кривата за максималната моќност ни ја определува максималната сила која моторот може да ја испорача при одредена брзина во идеалниот степен на пренос за таа специфична брзина.
Како изгледа тоа на графикот? Ниту една точка од торк кривата при било кој степен на пренос не може да ја премине таа замислена граница кај мотор со толкава максимална моќност.
Друга работа што може да се прочита од овој график. Доколку со црвената линија грубо ја означиме силата потребна за да се надмине отпорот на воздухот, точката во која се сече оваа линија со таа за максималната моќност, ни ја определува теоретската максимална брзина.

Доколку одбереме степен на пренос кај кој при 20км/ч, моторот се наоѓа во подрачјето со најголема моќност, ние сме ја испорачале најголемата можна сила при таа брзина. Вториот степен на пренос е направен да ја испорачува најголемата сила при 30км/ч и поради карактерот на моторот кој на цртежов има константен вртежен момент низ целиот опсег, во тој пренос добиваме многу помала сила при 20км/ч.
Ако сакаме со ваков мотор постојано да се наоѓаме во вртежниот опсег со најголема моќност, односно, при било која брзина да ја испорачаме најголемата сила која овој мотор може да ја испорача, треба да имаме менувач со бесконечен број на степени.
Затоа ако сме ограничени на одредена максимална моќност, на пример доколку сте возач почетник и сакате да го добиете најсилниот мотор од 75KW, треба да барате нешто вакво:

Забележете го падот на вртежниот момент при крајот и што е уште поважно, константноста на кривата за моќта на моторот, која од 5200 до 6500 вртежи е на максималната вредност.
Кога ваков мотор ќе се поврзе со менувач, се добива ваква распределба на силата:

На овој мотор не му се потребни многу брзини, за постојано да се наоѓа во опсегот со најголема моќност, односно силата на моторот може постојано да се одржува на граница од хиперболата определена од максималната моќност.