Силата ја движи, а таа се мери во N. Ако до тркалото со радиус од 0.5m испорачаш 100Nm вртежен момент, тркалото кон подлогата ќе пренесе сила од 200N. Од тоа се одзема закочната сила од отпорот на воздухот и таа сила што ќе остане поделена со масата на возилото ќе го определи забрзувањето.
За да споредиме два мотори со различен број на вртежи, треба да видиме колку сила се пренесуваат до тркалата преку преносен систем со кој постигнуваат иста максимална брзина. Тоа беше поентата на видеово.
KW се користат за поедноставна споредба на забрзувањето на различни мотори со различни карактеристики, во случај кога се возат во најнискиот можен степен на пренос, и потенцијалот за постигнување на максимална брзина. Се користи затоа што многу се кажува со само една бројка.
Кога споредуваме карактеристики на моторите низ целиот опсег, подобро е да се користат Nm, се разбира на излезот од соодветниот пренос, затоа што тука се вкалкулирани разликите кај бројот на вртежи без кои не можеме да правиме реална споредба.