Значи моторите треба да се споредуваат по коњи, така?
ЛП, ај не ја буткај агендата и во оваа тема.
Еве и до тебе истото прашање. Кога возиш дизељ, на колку вртежи повеќе те лепи за седиште, на 2000 или на 4000?
Основни работи се ова, дајте малце здрав разум. Вредноста за Nm кажува колку сила и забрзување имате во даден момент.
Еве убав приказ на силата што се пренесува до тркалата низ сите степени.

Ако на овој график ја претставиме закочната сила од воздушниот отпор, која расте линеарно со брзината, многу јасно се гледа, зошто ја постигнуваме максималната брзина тогаш кога ја постигнуваме. Таму каде што се сече оваа права со графикот за сила, целата сила се користи за борба со воздухот и ништо не останува за да се зголеми кинетичката енергија на системот.

Јасно се гледа и дека максималната брзина зависи само од максималната вредност за KW.
Ако ја погледнеме финалната крива која е збир од кривите во степенот со кој добиваме најголема сила, добиваме крива која многу личи на таа добиена од електричните мотори. Тоа е причината зошто многу често електричните возила немаат менувач.
