Јас навистина не знам кое е тоа секодневие во кое возиш на 2000 рпм со папуча до крај. Малку чудно го сфаќате луѓе секојдневиево. Да не се разбереме погрешно, ако имам два мотори со максимална снага при ист број вртежи, и јас го сакам оној мотор кој има поголема снага во целокупниот ранг на вртежи. Но ако тоа е нерационално, на пример е постигнато со разлика на волумен на моторите од 50 посто, да речеме, тогаш ништо чудно да ме бендиса помалиот и приближно исто моќен мотор.