Mnogu bezbeze gi sortirate perfomansite. 100 ks ka benzin se isti so 100 ks ksj dizel, samo gzot e pozadi kako sakas vrti se.
Не се исти. Дури и различни се. Зошто изко максималната моќност е иста, реалната е различна.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ако споредиме Ферари 458 и Корвета ZR1 се добива горната табела. Тоа значи дека тие коњите што ги спомна се повеќе кај ZR1. Зошто при 2250 вртежи каде што си возиш секојдневно Корветата има повеќе од дупло сила, на 2750 каде што си во 99% од времето при нормално возење таа има точно два ПАТИ повеќе моќност. Веќе на 4250 вртежи каде евентуално би се нашол 458 има недостаток од цели 175кс во однос на корветата.
Намерно ја земав Корветата, како споредба за најмрсен бензинец кој го сакам и ќе си го купам. Ако го споредиме со малиот 2.0 TDi 170кс со чипче http://www.revotechnik.com/type/896/126/ сместен во А4 ќе забележиме голема сличност во опсегот кој го спомнав погоре. Всушност испаѓа дека таа А4 има грубо исто сила со ферари 458 - ако се возат при исти вртежи. Па, останува мислењето дека возење на овоа моторче до 5000rpm е исто како и возење на 458 до 5000вртежи. Или со други зборови ако во 458 ставиш 2.0 тди со чипче и се остане исто, само го лимитираш бројачот на вртежи на 5000 всушност ќе бидеш побрз, отколку обично 458 ферари кое е лимитирано на 5000рпм.
Јас така гледам на работите. Се додека моторот нуди повеќе од Ferrari 458 во рангот на вртежи кои ги користам 1000-5000, тој е одличен.
Дени, ZR1 има многу јак мотор, ама не е до толку појак од 458, малку ти е утната математиката тука. Истото важи за голем дел од муабетите што се прават кога се споредува вртежен момент без да се земе во предвид огромната разликата во вртежниот опсег.
Ова е малку посоодветна табела
RPM Torque
----- --------------------
458 458* ZR1
----- --------------------
2250 200 385 420
2750 240 434 480
3250 275 420 510
3750 310 434 505
4250 310 413 520
4750 305 420 522
5250 310 392 510
5750 295 392 480
6250 305 378 460
6750 300
7250 280
7750 285
8250 275
8750 270
* Торк кај 458 кога би имал редуктор со однос 7/5, што всушност и го има (во однос на ZR1), затоа што максималната брзина што можат да ја постигнат во иста брзина е приближно иста и покрај разликата во максималниот број на вртежи. Со тоа максималниот број на вртежи на излез од редукторот би изнесувал 6250rpm, а торкот на соодветните точки се множи со 7/5 = 1.4
пр. за да ја добиеме вредноста за 6250rpm
6250 x 1.4 = 8750, 485 има 270@8750
270 x 1.4 = 378 -> се запишува во новата колона за 6250rpm
Истата постапка треба да се повтори кога се споредува сила на Ауди 2.0TDI со Ферари 458 заради огромната разлика во конструкциите на моторот и максималните вртежи. Исто како што А4 TDI во град го возиш до 3000, Ферари 458 би го возел до 5000. Така се вози со таков мотор.
Ако сега ги споредиме вредностите од колоните 458* и ZR1, ќе забележиме дека нема двојно повеќе сила ZR1 во првата половина од вртежниот опсег, што е логично и секој што ги возел двете, ако го прашате, верувам дека ќе го потврди ова.