Ти се пронајде, и непотребно се пронајде.
Да, има свињи. Има свињи што седат на флекави седишта, што имаат по 30 пикавци во пепељара и еден прст ѓубре насекаде. Има свињи во чии коли се гледаат видливи флеки од кој-знае-што.
Свињи се. Не ги разбирам. Јас не се чувствувам комфорно во сопствената кола кога е прљава.
И не мора чистотата на колата да биде врв на приоритетите. Не мора да биде ни на второ, ни на трето, ни на 15-то место. Ама треба да ја има некаде, чисто ради лична сатисфакција. Еднаш во 2 недели не е тешко да се пројде со усисивач внатре, да се истресат патосниците и да се забрише прашина. Чисто за кога ќе одам некаде каде што треба да изгледам фенси, да не ми се испрља оделото.