Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Пена за бричење, имаше видео дали Крисфикс или некој друг и таа се покажа најдобра.Јас немам пробано сеуште на шофершајбна, ако ја унам кој ќе чисти 1 квадрат стакло, одвнатре.
Малце копање по темиве од гробишта, решив да ја откопам оваа. Имено, апчето мое прекрасно, има надворешни ретровизори од минатиот век, нит греени ни електрични. Кога се влажни и магловити утрата, и тие се влажни и замаглени. Секако, јас размазен од италијанските аута, буквално од 2004 година наваму не сум имал возило без грејачи на надворешни ретровизори, имам проблем - не ми текнува да ги избришам. Уште поголем проблем е што прозорите не ми се замаглени, бидејќи имам мод за да ми се стопли „микровалната“ во време пред да тргнам за на работа, па едноставно си влегувам у кола и тргнувам. Кога ќе дојде првото престројување на улица, и да погледнам у ретровизор - тогаш ми текнува Е сеа, прашањето е, има ли некое средство, фолија чудо, магија, што може да се аплицира на надворешните ретровизори, што ќе го спречи маглењето/наросувањето?