Онак и останатите со искуство, мислење за рамните колектори произведени од македонски компании, Зрак, Камел Солар, Еуротерм? По спецификација гледам дека се буквално исти со поскапи колектори од странски компании, како Центрометал и Vaillant. Тој на Центрометал (CPK 7210N) го фалат, наводно бил „најдобар“, ама сакам и друго мислење. Конструкциски не гледам зошто баш тој е најдобар.
Единствена разлика што ја забележав е дека абсорберот кај Еуротерм е од бакар, кај останатите е алуминиумски.