Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 116291 пати)

Отсутен hrn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 530
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #345 на: 16 Април 2016, 00:54:18 am »
Ај едно прашање, колку пари одат електронските термостати пошто ваљда рикнат е на стариов 7 години е скоро ;D гледав цени од 300 па до 4300

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6132
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #346 на: 16 Април 2016, 09:55:35 am »
Намена?
Каков термостат ти треба и за што...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #347 на: 16 Април 2016, 10:59:56 am »
Ај едно прашање, колку пари одат електронските термостати пошто ваљда рикнат е на стариов 7 години е скоро ;D гледав цени од 300 па до 4300
за која намена термостат? биди по конкретен, за да можам да те упатам на право место да добиеш best buy за парите...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен hrn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 530
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #348 на: 16 Април 2016, 13:29:22 pm »
Ај едно прашање, колку пари одат електронските термостати пошто ваљда рикнат е на стариов 7 години е скоро ;D гледав цени од 300 па до 4300
за која намена термостат? биди по конкретен, за да можам да те упатам на право место да добиеш best buy за парите...

За контрола на температура, преку него оди пумпа и се тоа барем мислам, а сега погрешни команди дава.Иначе се работи за соларни колектори

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #349 на: 17 Април 2016, 03:30:16 am »
аха... сега те сватив..

значи збориме за ДИФЕРЕНЦИЈАЛЕН термостат...

значи имаш различни модели... по квалитетните тргаат со суми од 50 еура па нагоре... тие за 50 еура се со 2 сензори... она што јас го преферирам се на камел солари, со три сензори цената цело време му варира меѓу 75 и 95 еура, секако со соодветна гаранција...

ова за дигитални диференцијални термостати. има и механички, кои се движат околу 30-тина еура, али се многу не прецизни, не практични и со огромен фабрички праг на толеранција во вклучи-исклучи разликата. ако се нови со толкава разилка, што ке биде кога ке набилдаат 2-3 години користење активно.... механички се... се изместуваат, замор на материјал им се дешава...


ваков е диференцијалниот, само наместо 3 има 6 копчиња, за полесна управливост е тоа. и овој конкретен модел од сликава, го користев порано, ама се искурназија со цената, па под 140/50 еура неможе да се најде...

значи на камелот, дисплеот свети кога ке кликнеш копче некое, и после 30-40 секунди не активност се гаси дисплеот и со притискање на едно копче ги менуваш актуелните температури на дисплејот. 1 е бојлер, 2 е солар 3 е изменувач. и исто така покажува кога е пумпата вклучена кога не... понатака имаш сетинзи да си поставиш за макс. температура на бојлер (до 130 срепени), минимум температура (за вклучување на греач, ова опцинаоално е, треба екстра уште еден елемент), втора пумпа (опцинално за приклучување кон парно со втора пумпа или електро магнетен вентил за циркулација, исклучиво на 220 волти исклучиво само за бојлер со два изменувачи), диференција на температура помеѓу бојлер и панел за минимум и максимум, исто така еден мал детал кои што по упатените ке сватат дека е една од нај битните е тоа што овој диференцијален има опција за ХИСТЕРЕЗА на температура (долго е за објаснување), исто така има и опција за дефрост на панели со избор до -20 степени на вклучување на опцијата... има и уште еден куп глупости, кои човек веројатно неможе ни да замисли дека ги има како опции, но овие погоре набројаниве се и повеќе од доволно или да речеме нај често употребуваните опции за еден целосен соларен систем... ао снема струја не се ресетира, памти се што си му задал како параметар...

ако си заинтересиран, пиши, ке ти средам да си земеш т.е. ке мора преку мене, пошто на физички лица и фирми кои не се соработници (преку договор потпишан) неможе да се земе, а и да сакаш да потпишеш таков договор пак неможе да ти го продаде со 5% ддв (останатото ддв части влада на рм, како субвенција за користење на обновливи извори на енергија), ако фирмата не ти има регистрирана дејност за соларна технологија...

едит... најдов слика од конкретниот, само да ја закачам и ке ја постирам...


едит 2.. еве го баш тој...



инаку под дигитални диференцијални има и онакви ШИНСКИ што се, за во табла спратна... тие повеќето наликуваат на следниов:



во разни варијации, црно, бело, шарено, зелен дисплеј, црвен дисплеј, бел на црно дисплеј бла бла бла... начелно тие се едни од полошите, бидејки се само со нај основните работи, т.е. диференција, не е пазено на вентилација, прегреуваат, и се расипуваат за рзо време, т.е. мноооогу побрзо од овие горниве кои сепак, има поработено тро поише одошто “бутни нај евтиното процесорче, софтверче нај банално и дисплеј со 3 бројки, 3 копчиња од страна, па се тоа напикано во мало кутивче, па целото тоа, сместено во спратна табла.. вентилација нула, прегревање максимум, брзо цркавање на уредот, односно реткост е да го видиш скроз прегорен. нај често дава грешни параметри. без врска вклучува пумпа, или ке почне премали или преголеми вредности да покажува или на бојлер или на панел... овие се да ги речам петпарашки модели и се исклучиво со 2 сензори (немаат капацитет да сместат софтвер и хардвер со 3 сензори за таа цена).. ако си имал ваков, немој да размислуваш да купуваш пак ваков....

ако сакаш да средиме, пиши ПП...
позз
« Последно менување: 17 Април 2016, 03:50:56 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен hrn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 530
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #350 на: 17 Април 2016, 12:37:10 pm »
аха... сега те сватив..

значи збориме за ДИФЕРЕНЦИЈАЛЕН термостат...

значи имаш различни модели... по квалитетните тргаат со суми од 50 еура па нагоре... тие за 50 еура се со 2 сензори... она што јас го преферирам се на камел солари, со три сензори цената цело време му варира меѓу 75 и 95 еура, секако со соодветна гаранција...

ова за дигитални диференцијални термостати. има и механички, кои се движат околу 30-тина еура, али се многу не прецизни, не практични и со огромен фабрички праг на толеранција во вклучи-исклучи разликата. ако се нови со толкава разилка, што ке биде кога ке набилдаат 2-3 години користење активно.... механички се... се изместуваат, замор на материјал им се дешава...

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
ваков е диференцијалниот, само наместо 3 има 6 копчиња, за полесна управливост е тоа. и овој конкретен модел од сликава, го користев порано, ама се искурназија со цената, па под 140/50 еура неможе да се најде...

значи на камелот, дисплеот свети кога ке кликнеш копче некое, и после 30-40 секунди не активност се гаси дисплеот и со притискање на едно копче ги менуваш актуелните температури на дисплејот. 1 е бојлер, 2 е солар 3 е изменувач. и исто така покажува кога е пумпата вклучена кога не... понатака имаш сетинзи да си поставиш за макс. температура на бојлер (до 130 срепени), минимум температура (за вклучување на греач, ова опцинаоално е, треба екстра уште еден елемент), втора пумпа (опцинално за приклучување кон парно со втора пумпа или електро магнетен вентил за циркулација, исклучиво на 220 волти исклучиво само за бојлер со два изменувачи), диференција на температура помеѓу бојлер и панел за минимум и максимум, исто така еден мал детал кои што по упатените ке сватат дека е една од нај битните е тоа што овој диференцијален има опција за ХИСТЕРЕЗА на температура (долго е за објаснување), исто така има и опција за дефрост на панели со избор до -20 степени на вклучување на опцијата... има и уште еден куп глупости, кои човек веројатно неможе ни да замисли дека ги има како опции, но овие погоре набројаниве се и повеќе од доволно или да речеме нај често употребуваните опции за еден целосен соларен систем... ао снема струја не се ресетира, памти се што си му задал како параметар...

ако си заинтересиран, пиши, ке ти средам да си земеш т.е. ке мора преку мене, пошто на физички лица и фирми кои не се соработници (преку договор потпишан) неможе да се земе, а и да сакаш да потпишеш таков договор пак неможе да ти го продаде со 5% ддв (останатото ддв части влада на рм, како субвенција за користење на обновливи извори на енергија), ако фирмата не ти има регистрирана дејност за соларна технологија...

едит... најдов слика од конкретниот, само да ја закачам и ке ја постирам...


едит 2.. еве го баш тој...

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

инаку под дигитални диференцијални има и онакви ШИНСКИ што се, за во табла спратна... тие повеќето наликуваат на следниов:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

во разни варијации, црно, бело, шарено, зелен дисплеј, црвен дисплеј, бел на црно дисплеј бла бла бла... начелно тие се едни од полошите, бидејки се само со нај основните работи, т.е. диференција, не е пазено на вентилација, прегреуваат, и се расипуваат за рзо време, т.е. мноооогу побрзо од овие горниве кои сепак, има поработено тро поише одошто “бутни нај евтиното процесорче, софтверче нај банално и дисплеј со 3 бројки, 3 копчиња од страна, па се тоа напикано во мало кутивче, па целото тоа, сместено во спратна табла.. вентилација нула, прегревање максимум, брзо цркавање на уредот, односно реткост е да го видиш скроз прегорен. нај често дава грешни параметри. без врска вклучува пумпа, или ке почне премали или преголеми вредности да покажува или на бојлер или на панел... овие се да ги речам петпарашки модели и се исклучиво со 2 сензори (немаат капацитет да сместат софтвер и хардвер со 3 сензори за таа цена).. ако си имал ваков, немој да размислуваш да купуваш пак ваков....

ако сакаш да средиме, пиши ПП...
позз

Епа ете таков шински имам моментално од кога се наместени пред 7 години со нив одеа и така го купивме, а иначе ќе те контактирам вечер или евентуално утре.Фала многу на одоговорот онак, ти си човек што си ја знае професијата другиве ми викаат земи од 50 евра едно ќе тера исто 5-6 години мака немаш.ОГРОМНО БЛАГОДАРАМ ;D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #351 на: 17 Април 2016, 12:58:24 pm »
7 години? си имал среќа да ти се погоди да потрае малку поише... :)

барај ме...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2842
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #352 на: 31 Мај 2016, 21:20:10 pm »
Мене ме интересира дали некој од вас има пробано нешто вакво.Сакам да инсталирам соларни панели за струја но сакам прво да слушнам мислење од некој кој веке во има наместено овој систем ....

http://www.ebay.com/itm/10W-Solar-Powered-LED-Flood-Spot-Light-Garden-Spotlight-Waterproof-Outdoor-Lamp-/351308293655?var=&hash=item51cb9b2617:m:mRH5x56BjBiUJIJtqoGi32A

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55001
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #353 на: 31 Мај 2016, 21:38:41 pm »
За што е ова? Додека има сонце да свети рефлектор? Каде му се батериите? Само тие 3АА NiMh ќе напојуваат рефлектор? Па така ќе ги потроши за 10 минути максимум. Не разбирам.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2842
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #354 на: 01 Јуни 2016, 01:29:50 am »
Надворешните ламби моментално имаат портошња од околу 900 вати.(имам 2 рефлектори од по 50W,2 од 20W и 4 од 30W а се останато е по 3 W лед )

Сакам да ги поврзам надворешните ламби на соларни панели кои преку дента ке се полнат од сонцето и ке ги поврзам на фото келија така да штом се стемни сами да се палат и гасат.
Ме интересира што комплет треба да купам за да овој систем функционира нормално.Знам дека треба соларни панели,батерии,....другото не го знам.

Напоменувам; Потребно е системот да функционира и да не прави проблеми да паѓа напонот или да се изгасат сред вечер.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55001
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #355 на: 01 Јуни 2016, 08:55:48 am »
Тоа и ти викам. Нема шанса да го добиеш истото светло како што го имаш, а ни десетина. Крај краева ти препорачувам ако зимаш да земеш едно само за проба, и да видиш. Мислам дека ќе се разочараш од количината на светло и долготрајноста. Затоа викам така. За ситни работичиња не се лоши, ама за асално осветлување далеку се. Преслаб е самиот релфектор 10W, прво тоа, имаш дома 20ки рачунај упола од тоа. Башка ај да е на струја. Туку ќе е на 3 батерии од пола волти, дали 2W светлина ќе дава при 4.5V, и ќе се потроши брзо... А ќе дојде време за мењање на батерии... И парите пак назад. Да е систем со голем соларен панел од 120W и нагоре на кров, со 2 акумулатори од 12V од кола или камион, нема да има гајле ама вака на ситно. Ако зимаш ете баш кажи што биднало, ако се приближни до овие на струја одма ќе земам и јас.

Ако имаш се лед ставено 1KW воопшто не е многу за толку рефлектори, ако земеш дека до вчера 1КW беше еден рефлектор. Постоечките стави ги да се лед, ако веќе го имаш направено тоа - доста е. Веќе над тоа заштедите многу се намалуваат. Исто како кола која троши 60 литра на сто кога ќе ја замениш со кола што троши 6 литра на сто. 6 е веќе малку, Разликата меѓу 0 и 6 литра е многу мала, ефектот веќе си го постигнал со заштеда од 54 литри.

П.С. Системот за да работи салам е најтешко да се направи инсталацијата на каблите и монтажата. Другото е лесно, само малку математика. Еве јас ќе ја направам. Ако ти се на 12V рефлекторите ќе е најдобро за да се избегне користење на инвертор. Ако се на 220V ќе треба инвертор. Значи 1KW да свети 12ч максимум во денот, а да се полни за 5ч максимум. Значи 12KWh батерија, е 1000Ah. х2 за да не се троши до крај зошто оловен акумулатор треба да се одржува над пола. Тоа се 20акумулатори од 100Ah, А за да наполлнат за 5 часа од пола до горе грубо треба фотоволтаици од 2.4КW.
Според ова спаѓаш грубо тука: http://www.mfc-solar.mk/products1_2.html Заѕвони им види, мислам дека нудат баш тоа што бараш.
« Последно менување: 01 Јуни 2016, 09:04:06 am Deni »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #356 на: 01 Јуни 2016, 12:40:53 pm »
Постојат квалитетни решенија со фотоволтаик панели и поквалитетни батерии. Но нема исплатливост во тоа, пошто цената на панелите плус акумулаторите е многу поголема од парите што ќе ги потроши истото ЛЕД осветлување напојувано директно од јавната електрична мрежа.
Сакам да кажам дека заштедата во потрошувачка на струја, нема да го оправда менувањето на батериите кога ќе ослабат. А работниот век на батериите е некои 500-1000 циклуси полнење празнење за поквалитетните литиумски батерии, и многу помалку за никел-метал-хидридни АА батерии (посебно за евтини кинески NiMh со барем 10 пати капацитет од декларираниот, како што се тие од Ибеј огласот погоре).

Јас не би се замарал со ова, ЛЕД осветлување троши малку струја.
Нека дозволат регулаторните тела да даваме струја во јавната мрежа, и минус во потрошувачката - тогаш многумина ентузијасти ќе испокупуваме фотоволтаици. Сега како што стојат работите треба фирма да имаш, за да го правиш тоа - секако, прво и лиценца мора да добиеш.  :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43750
  • Il Moderatore
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #357 на: 01 Јуни 2016, 12:52:32 pm »
За дома ич не се мислам - акумулаторите ќе си бидат оловни, со огромен капацитет, затоа што се 10 патипоефтини од литиумските по kwh. Ако литиумските имаат ~1900 циклуси на полнење со 80% капацитет, оловно/киселинските имаат ~1200 со 50% капацитет.  Но се 10 пати поефтини. Простор за батерии дома, ич не го мислам. Дали ќе било 1 метро кубно или пола метро кубно, ништо не ми значи на таван.

Мора да се размислува во правецот на домашно произведена ефтина електрична енергија, не само за осветлување, за све. Телевизија, компјутери, фрижидери итн. Само готвење и бојлер на гас.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55001
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #358 на: 01 Јуни 2016, 13:00:23 pm »
Сега за сега не ни мора да се размислува. Ќе дојде време за тоа. Сега е добро време да се размилува за уредите кои се купуваат (и работат многу) да се меѓу поефикасните. Тоа ќе ти даде олеснување на сметката за струја, кое потоа ќе ти донесе и можност за трансфер на друг вид на напојување. Ама во секој случај ефикасноста е прва. Џабе инвестиција во солари, ако се грееш на котел, ако користиш обични сијалици и немаш автоматско гасење, или постојано вклучени уреди со лош стендбај под A+++.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #359 на: 01 Јуни 2016, 13:15:12 pm »
Цената на електричната енергија во моментов сеуште не е превисока, ете не е повисока на пример од цената на гасот. Ќе беше добро да добиевме руски гас, макар и поскап гас преку Бугарија - ама ете властите упорно не прават мајмуни по тоа прашање и сеуште никој не се буни зошто Скопје и другите големи градови не се гасифицирани. Оваа зима и дрвата поскапеа и најевтин енергенс за загревење беше струја (во комбинација со клима уреди). Во скапата тарифа електричната енергија е нешто поскапа од гасот, но се компензира со евтината тарифа.
Кај мене воглавно се готви на плин, но тоа е најмногу заради брзината - не затоа што е поевтино.

Точно е дека треба да се размислува за алтернативни обновливи извори на енергија, но со цените во моментов тие технологии сеуште се неисплатливи.

Фотоволтаик панелите постапно стануваат поевтини, но регулаторните тела мора да дозволат механизам за оддавање на дневниот вишок на електрична енергија, и негово компензирање навечер. Макар и да ни наплаќаат некои давачки за тоа. Но изгледа „поевтино“ им е да купуваат електрична енергија од меѓународниот пазар (и да лапаат провизии за тоа).
Кој ни е крив кога ќутиме како дибеци. На протести се излегува само кога ги организираат политичките партии (макар прикриено).