Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 115999 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6131
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #330 на: 26 Ноември 2015, 22:06:02 pm »
Имаш доток на ладна вода во системот преку една цевка. За да не се пушта уште една, топлата вода се враќа надоле по истата цевка....Значи системот го полниш сабајлечки пример со 150 литра вода, и после тоа таа вода ја празниш, односно си оди по слободен пад.
Најефтини изведби кој јас сум ги видел се со една цевка. Низ истата го полниш и празниш бојлерот.
Поскапи се со две цевки, но логиката е иста. Само ти зимаат плус пари за монтажа, бушење итн итн. Значи одприлике 60 евра плус. Наместо две, се нудат со по една цевка, така да луѓето и тука си штедат. Што е нејасно?
:)
Да може и без цевки да се пушти, најубаво... :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5048
  • The Spartan General
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #331 на: 26 Ноември 2015, 22:08:39 pm »
Еве го.

Директно од АлиЕкспрес.  :)

Едит: Еве ги вентилите во прашање.
« Последно менување: 26 Ноември 2015, 22:18:02 pm Luki Junior »
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #332 на: 26 Ноември 2015, 22:09:29 pm »
И на одводната ставаш пумпа која дава притисок од 0.6бари за на раат да плакнеш коса...

Едноставно е. Уште мајстор да се најде.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5048
  • The Spartan General
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #333 на: 26 Ноември 2015, 22:12:12 pm »
Ако ставиш пумпа на излезната цевка со топла вода, треба да има доволно вода за довод за ладна вода. Инаку ќе ствара вакуум во самиот бојлер.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6131
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #334 на: 26 Ноември 2015, 22:13:06 pm »
Ако ставиш пумпа на излезната цевка со топла вода, треба да има доволно вода за довод за ладна вода. Инаку ќе ствара вакуум во самиот бојлер.
Нема вакум, отворен систем ако е.

@Deni
Која пумпа?
Предложи некоја.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5048
  • The Spartan General
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #335 на: 26 Ноември 2015, 22:22:39 pm »
Нема вакум, отворен систем ако е.

Сале, ако има влезна за ладна вода и излезна цевка за топла вода, зошто би имал испусен вентил за воздух? Кога самиот доток на студена вода би го регулирала истекот на топла вода.

Или: Иако има доток на ладна вода, сепак не се користи активно во самиот процес на користење на топлата вода т.е. цевката за студената вода само го полни бојлерот.
Топлата вода истекува само со помош на вентилот за воздух. 
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #336 на: 26 Ноември 2015, 22:23:32 pm »
Еве една
за таа намена користам Wilo PB-088-EA

https://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=&esrc=s&source=web&cd=1&ved=0CBwQFjAAahUKEwjkn-v-g5LIAhUE3iwKHXnsBYo&url=http%3A%2F%2Fwww.wilo.ie%2Fno_cache%2Fhome%2Fwilo-ireland%2Fcontact%2Flocal-product-information%2F%3Fcid%3D116869%26did%3D3103%26sechash%3D2740c43d&usg=AFQjCNHf5l_nsHUlnt8OxTgDz4bH8z5l8Q&bvm=bv.103627116,d.bGg&cad=rja

Иако е декларирана до 80°, досега немала никаков проблем (и со вода преку 95°), откако е ставена пред 4 сезони си работи уредно. Битно е да е правилно и скроз хоризонтално монтирана, да не и влегува воздух и правилно да работи тој рид контактот што го пали и гаси моторот. Таа што е РВ-200 е декларирана до 90°, мада не знам дали има некоја голема конструктивна разлика.
Или
Онаа со ознака РВ-200ЕА.

А имаш и поефтини марки кои ќе завршат исто работа за пола пари. Ако не се и подобри.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6131
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #337 на: 26 Ноември 2015, 22:31:50 pm »
Нема вакум, отворен систем ако е.

Сале, ако има влезна за ладна вода и излезна цевка за топла вода, зошто би имал испусен вентил за воздух? Кога самиот доток на студена вода би го регулирала истекот на топла вода.

Или: Иако има доток на ладна вода, сепак не се користи активно во самиот процес на користење на топлата вода т.е. цевката за студената вода само го полни бојлерот.
Топлата вода истекува само со помош на вентилот за воздух. 

Чекај малку. Не се разбираме.
Отворен систем, затворен систем.
Зборуваме за отворен систем.
Гледај ја сликата погоре сам што ја постираше од али експрес. Вентилот за воздух мора да пропушта во двете насоки инаку како ке тече водата надоле????
Замисли буре отворено кое има вентил на дното. Истото ти е и ова...
АКо го затвориш бурето од горе и ставиш вентил вода ке тече се додека не се створи вакум...и ке застане. нели. ако му дозволиш од горе на воздухот да влезе пак ке почне да си тече водата.
Ако имаш влез и излез, во тој случај немаш отворен туку затворен систем. Ако пуштиш вода, топла, автоматски бојлерот се дополнува со ладна вода, како и сите дома што имаме бојлери, односно под притисок.
Попросто незнам како да ти објаснам?
Ваљда на ова мислеше?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5048
  • The Spartan General
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #338 на: 26 Ноември 2015, 22:43:32 pm »
Сале, јас колку што разбирам отворен систем или open-loop system е систем во кој водата е директно се загрева низ цевките без да има изменувач на топлина. А не дека е отворен систем затоа што има вентил за влегување воздух.

Од овие open-loop системи имаш со една цевка (за топла и ладна вода), или две цевки за вода (една за топла, една за студена вода).

Ако е со една цевка самиот систем, тогаш има вентил кој се користи за да влегува воздух додека се празни самиот резервоар/бојлер. Тука ако се стави пумпа да пумпа топла вода заради нискиот притисок, нема да се ствара вакуум ако вентилот функционира.

Ако е со две цевки, тогаш нема потреба од никаков вентил за воздух затоа што дотокот на студена вода ќе компензира за истекот на топлата вода, и самиот притисок на истек на топла вода се регулира со притисокот на дотокот на студената вода. Но, ако нема доволно притисок/проток во водоводната мрежа, и закачиш пумпа на истекот на топла вода, тогаш пумпата што ќе испумпува вода реактивно ќе влече студена вода од доводот. Ако нема доволно студена вода во дотокот (што е премногу честа појава во Македонија), ќе се ствара вакуум.

Затоа и моето прашање беше, дали овие системите со две цевки, студената вода се користи само за полнење на бојлерот, или се користи и кога од бојлерот активно истекува топла вода.

Едит: Во овој случај со две цевки, јас би ја ставил пумпата на цевката со студена вода. Затоа што и таму ѝ е местото.

Closed-loop систем имаш ти. Затворен. Кадешто си има изменувач на топлина. То ест водата се грее индиректно со помош на затворен систем со heating agent and heat exchanger.
А целото ова може да е едно големо недоразбирање на терминологијата од македонските мајстори, и тоа што е пишувано во спецификациите.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #339 на: 26 Ноември 2015, 23:10:38 pm »

Ne e pod pritisok bojlerot sakaat da ti kazat celo vreme.Znaci ne e kako klasicnite bojleri da go izdrzat pritisokot na sistemot tuku najgore ima ventil(otvor obicen da go narecam).Ne e konstruiran da e pod pritisok.Znaci kako resenie za pogolem protok se stava pumpa na toplata voda koja prakticno ke ja turka kon kupatilskata baterija.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #340 на: 26 Ноември 2015, 23:13:00 pm »
баш ми е мило што конечно се одмотува клопчето и почињаат да се разбираат работиве...

на прво место (и последно за денес) да ви објаснам т.е. посочам, колку воздухот ВО БИЛО КОЈ СИСТЕМ е непожелен... затоа и овие отоврени системи се ЕВТИНОЌА...

и уште една мала ситница... цело време зборите за ИСПУСЕН ВЕНТИЛ ЗА ВОЗДУХ дрн дрн дрн... на ниеден до сега не видов ниаков ВЕНТИЛ.. нема вентил... едно обично факинг цевче и толку... значи цевка која директно е врзана за бојлерот...

и само ке додадам дека СО ВАКОВ СОЛАРЕН СИСТЕМ буквално си имаш СЕКОЈДНЕВНА занимација околу него... поготово ако не е автоматско дополнувањето (а не е)...  ептен нема да ти биде досадно со него...

колку платиш, толку ке добиеш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #341 на: 27 Ноември 2015, 00:50:58 am »
Автоматско е дополнувањето јас го имам го немам чепнато откако го ставивме пролетта .....

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #342 на: 27 Ноември 2015, 05:16:09 am »
Пошто ја исчитав темава и гледам погрешна употреба на термините отворен и затворен систем, директен и индиректен трансфер на топлина...

Отворен систем: систем кој што е отворен, и рабoти со една пумпа за искачување на ладната вода во соларот. Загреаната вода од соларниот панел паѓа доле во отворен бољер (има контакт со воздух), во кој може да има изменувач на топлина, а и не мора. Углавном нема натпритисок

Затворен систем: систем во кој што нема контакт со воздухот, односно затворен, и најчесто работи со натпритисок. Изведбите со овој систем се најчесто со индиректен трансфер на топлината.

Директен трансфер на топлина: систем кај кој што работниот флуид во соларот е истиот флуид (вода) што се користи за миење, капење итн.

Индиректен трансфер на топлина: систем со изменувач на топлина, кај кој работниот флуид ја предава топлината на водата која потоа се користи за миење и за капење.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #343 на: 27 Ноември 2015, 06:50:00 am »
Автоматско е дополнувањето јас го имам го немам чепнато откако го ставивме пролетта .....
Секаде е автоматски колку што сум видел и јас.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5048
  • The Spartan General
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #344 на: 27 Ноември 2015, 07:13:14 am »
Ne e pod pritisok bojlerot sakaat da ti kazat celo vreme.Znaci ne e kako klasicnite bojleri da go izdrzat pritisokot na sistemot tuku najgore ima ventil(otvor obicen da go narecam).Ne e konstruiran da e pod pritisok.Znaci kako resenie za pogolem protok se stava pumpa na toplata voda koja prakticno ke ja turka kon kupatilskata baterija.

Јас разбирам што сакаат да ми кажат. Јас само прашувам, затоа што имам видено солари со две цевки, ете имало и со една цевка, па се постираа линкови и шеми, кој е отворен систем, кој е затворен систем, и зошто има разлика/разминување во терминологијата на постираните линкови, информациите од производителите, и тоа што се пишува тука.

На крај, седнав, симнав спецификации, шеми и упатства од самите производители за да видам што се случува.

А за употребата отворен вс. затворен систем.
Оpen loop vs. Сlosed loop. Дали open loop значи отворен систем, closed loop значи затворен систем, тоа не знам. Не знам како се преведени и дефинирани тие термини. Мојот контакт со мајстори, македонски веб страници и други извори на информации од македонското јазично подрачје се многу ограничени. Затоа што преводот и превземањето на терминологијата најчесто е од ракав и на тепка.

На страниците и линковите што се постирани во темата сите се за open loop (без разлика дали е со една цевка за топла и ладна вода, или две посебни цевки за топла и ладна вода). Од нив може да имаш pressurized и non-pressurized. Ама ако е pressurized не значи дека е closed loop, туку дека само е под притисок (без разлика дали притисокот доаѓа од чешма, или од пумпа сврзана на цевката за ладна вода).

Closed-loop системи зборуваа Сале и Онак, затоа што едниот си направи таков, а вториот се занимава професионално со инсталација на парно греење и соларни системи. Затоа што агентот за разменување на топлина стои затворен и се движи во затворен круг. Топлината се предава со помош на изменувач на топлина (heat exchanger).

Друго прашање:

Онак спомна во еден претходен пост, систем со цевки од затворен тип. Значи цевките кои ја загреваат водата се вакумски затворени и се користат како еден вид грејач за самата вода во бојлерот. Исто тој систем може да биде со една цевка за топла и ладна вода, или две цевки, една за ладна, една за топла вода.

Целиот систем отворен ли е, или затворен? На страниците со спецификации се води како open-loop system. Кај нас како би се дефинирал? Ако е со една цевка е отворен, а самото грејно тело од затворен тип? Ако е со две цевки е комплетно затворен?

Или отворен вс. затворен се дефинира на каков начин е решен протокот на вода, а не начинот на кој се грее водата? Јас мислам дека отворен вс. затворен се дефинира поради начинот на кој се загрева водата, а не поради начинот на кој самата вода тече од бојлерот.

....

Јас зборувам за испусен вентил, затоа што јас така би го извел тоа. Со вентил, кој нема достап до самата вода. Инаку во кинезите, се разбира дека ќе биде некое цевче со капа одозгора (нели за да не влегува ѓубре  :D).
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.