Ако би ти било од корист, можат да ти споделам проекции што ми правеа кога собирав понуди за кај мене за фотоволтаици (14 комада) и батерија од кај 5 до 7 kWh отприлика. Со тоа што во Македонија има повеќе сончеви часови отколу во Германија, па нема да е доволно прецизно за твои калкулации. Математиката беше дека за најмалце 12-13 години би ја вратил инвестицијата, што за мене е многу за фотоволтаици, те батеријата, која најчесто ќе трае 10-15 години (имаат деклариран број на циклуси на полнење/празнење, иако никогаш не се празни скроз и не се полни скроз). Една фирма даваше 20 или 25 год гаранција на све, ама беше прилично поскапо.