Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 115832 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #375 на: 13 Јуни 2016, 22:21:23 pm »
Заштедите од солар се минимални. Фотоволтаик се прескапи сеуште. Геотермални е поскапо од клима, а реално исто ефикасно.

уф.. немој вакви глупости да збориш...  некој сериозно ке те свати... незнам по кој пат ти пишувам ваква порака со цитат.. сериозно, немој да тресеш зелени.. од соларите заштедата била миниална... ако вие по дома се бањате еднаш неделно, не ви треба солар... не ви треба ни бољер.. тури едно буре на тераса за една недела ке се загрее само по себе... има луѓе што се бањаат и по 2 пати на ден, семејства од 5-6 особи... со соларот имаат заштеда и по 50 евра месечно... да не праам муабет што има луѓе кои што и кади и џакузија си полнат, тука и до 100 евра месечно се ушпаруваат... а пак оние што имаат донесено топла санитарна вода до машините за перење алишта и садови,  исто така штеадат... имам ситуација кај клиенти кои се 7 души во куќа, летно време со се улично осветлување сметката за струјане им проаѓа 500 денари...

затоа те молам, произволни убедувања немој да ги пласираш како цврсти тврдења и ставови...  ако малку се штедело, зашто е во толкава експанзија поставувањето на солари? зашто секој еден водоводџија стана и соларџија? од помодарство? не, туку од побарувачка, а побарувачката не е помодарство туку чисти есапи...

за другите 2 работи од цитатон, се согласувам со тебе...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #376 на: 13 Јуни 2016, 22:33:23 pm »
Епа од 2500 сметка ако се намали на 2000 заштедата е 500.

Од друга страна инвертор намалува од 28000 на 16000. Тоа е голема заштеда. Солар е мала од 500-1000 денари максимум за едно домаќинство.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #377 на: 13 Јуни 2016, 23:49:07 pm »
Солар е мала од 500-1000 денари максимум за едно домаќинство.

Како бе мала? Ти или не работиш и живееш на туѓ грб (читај: тате носи мама меси) или пак заработуваш солидно па 1000 денари не ти значат ништо. Прашај го обичниот македонец кој едвај врзува крај со крај дали заштедата од 500 до 1000 денари е мала за него. Чисто за компарација, ако земеме просек од 10 евра заштеда на месечно ниво за соларот, на годишно ниво се 120 евра. За 4 години 480 евра колку што чини еден соларен систем од најобичните, зборувам за оние со вакум цевки и бојлер на кров. Од 5-тата година па натака соларот е веќе исплатен а ти плаќаш сметка за струја помала за 10 евра.

Заштедите од солар се минимални. Фотоволтаик се прескапи сеуште. Геотермални е поскапо од клима, а реално исто ефикасно.

уф.. немој вакви глупости да збориш...  некој сериозно ке те свати... незнам по кој пат ти пишувам ваква порака со цитат.. сериозно, немој да тресеш зелени.. од соларите заштедата била миниална... ако вие по дома се бањате еднаш неделно, не ви треба солар... не ви треба ни бољер.. тури едно буре на тераса за една недела ке се загрее само по себе...


 ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #378 на: 14 Јуни 2016, 00:02:07 am »
Интересна тема... Најверпјатно ќе треба да направам прорачун колку што ми троши... Изгледа до тоа ми е проблемот што 3 години се натега и се премислува :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #379 на: 14 Јуни 2016, 01:17:36 am »
Солар е мала од 500-1000 денари максимум за едно домаќинство.

Како бе мала? Ти или не работиш и живееш на туѓ грб (читај: тате носи мама меси) или пак заработуваш солидно па 1000 денари не ти значат ништо. Прашај го обичниот македонец кој едвај врзува крај со крај дали заштедата од 500 до 1000 денари е мала за него. Чисто за компарација, ако земеме просек од 10 евра заштеда на месечно ниво за соларот, на годишно ниво се 120 евра. За 4 години 480 евра колку што чини еден соларен систем од најобичните, зборувам за оние со вакум цевки и бојлер на кров. Од 5-тата година па натака соларот е веќе исплатен а ти плаќаш сметка за струја помала за 10 евра.

да додадам уште малку муабет околу заштедите? бидејки јас во животов не турав солари само за домакинство туку и на некои други опции работев, заработив и имплементирав кај мене исто така...

на пример:

-во охридон наш насушен, пред повеќе од 10 години, во хотел наместивме 50 панели, да греат вкупно  3 тона во бољери, кои се трошат константно... инвестицијата ја вратија за 2,5-3 сезони...
-солари за фузија на земјиште за побрз раст на незнам ти таму какви цвеќиња...
-во елитниве населби местевме солари за греење на базените и дополнително за домакинството.

е ова последново и кај мене го применив... 8,5 тона вода во базенот имам, секој ден ги загревам минимум 5-6 степени погоре од утринската температура... нека пресмета некој колку се штеди секој ден... 10 евра? би рекол 10 евра на ден.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #380 на: 14 Јуни 2016, 08:08:46 am »
Солар е мала од 500-1000 денари максимум за едно домаќинство.

Како бе мала? Ти или не работиш и живееш на туѓ грб (читај: тате носи мама меси) или пак заработуваш солидно па 1000 денари не ти значат ништо. Прашај го обичниот македонец кој едвај врзува крај со крај дали заштедата од 500 до 1000 денари е мала за него. Чисто за компарација, ако земеме просек од 10 евра заштеда на месечно ниво за соларот, на годишно ниво се 120 евра. За 4 години 480 евра колку што чини еден соларен систем од најобичните, зборувам за оние со вакум цевки и бојлер на кров. Од 5-тата година па натака соларот е веќе исплатен а ти плаќаш сметка за струја помала за 10 евра.

Заштедите од солар се минимални. Фотоволтаик се прескапи сеуште. Геотермални е поскапо од клима, а реално исто ефикасно.

уф.. немој вакви глупости да збориш...  некој сериозно ке те свати... незнам по кој пат ти пишувам ваква порака со цитат.. сериозно, немој да тресеш зелени.. од соларите заштедата била миниална... ако вие по дома се бањате еднаш неделно, не ви треба солар... не ви треба ни бољер.. тури едно буре на тераса за една недела ке се загрее само по себе...


 ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D
Од 500 до 1000 реков. И башка не е сите месеци туку дали 9. Значи 5000 денари годишно грубо. За разлика од тоа другите работи кои ги напоменав имаат далеку подобар однос вложено/добиено. 40000 заштеда годишно според мене е поголема од 5000 денари, со горе-доле исто вложено. :)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #381 на: 14 Јуни 2016, 08:37:06 am »
Investiranje vo "zelena" energija se isplati.
Komplet fasada,  krov , prozori,  solar uspea od 55000den za 6 mesecii struja da se namali na 30 000den za meseci ovaa zima.
So toa sto kukata konecno se stopli i plus ima eden nov godisen clen koj i te kako trosi energija :D
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен niko_san

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #382 на: 16 Јуни 2016, 13:19:14 pm »
Здраво ,
Јас е запознавам со можностите на соларните системи и нивната ефикасност ... многу работи ми стана појасни од вашите досегашни дискусии, навистина фала , но сегменетот околку поврзување на машина за алишта и машина за садови на колекторски бојлер ми остана некако нејасна. Зато би замолил некој доколку може да сподели искуства од овој сегмент ... колку е исплатливо , колку е добро за самиот уред (машина) кој генерално очекува да му дојде ладна вода на влез (машинава пак за алишта ми е посепецифична бидејќи таа има и програми кој работат на 3-40 степени а на влез би и појавила вода со на пример 60 степени од колектор ... кој ќе ја спушти темературата ... некако многу не ми е јасно)

Поздрав.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #383 на: 16 Јуни 2016, 14:48:17 pm »
Во прирачникот за користење за било која од наведените машини си стои дека е забрането да се приклучува топла вода на нив. Треба специјална машина да купиш која што ќе има приклучоци и од ладна и топла вода па ќе знае колку од која да меша :)

Али денешниве машини штедат невероватно, така да не треба премногу да се секираш за нив, најголем проблем останува топлата вода за туширање и за во кујна.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #384 на: 16 Јуни 2016, 15:04:38 pm »
Садоперите сигурно може да се приклучат на топла вода, условот е да не надминува 60 степени. Барем оние јас што ги гледав, и онаа јас што ја имам дома.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Punto2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #385 на: 25 Март 2019, 09:49:22 am »
Иако темава е доста стара и на неа не е дискутирано подолго време, се надевам дека ќе се најде некој искусен во инсталација на солрани колектори за топла вода. Имено имам вградено соларен колектор од отворен систем со капацитет од 200л, меѓутоа при првата употреба, односно првото пуштање на вода од неколку вакумски цевки излегува вода од самиот спој меѓу цевката и бојлерот, односно од местото каде што влегува самата цевка? Прашањето ми е која може да биде причината, дали има врска васервагата на конструкцијата или се работи за нешто друго? Се надевам дека некој имал искуство за нешто слично.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #386 на: 25 Март 2019, 09:56:05 am »
Иако темава е доста стара и на неа не е дискутирано подолго време, се надевам дека ќе се најде некој искусен во инсталација на солрани колектори за топла вода. Имено имам вградено соларен колектор од отворен систем со капацитет од 200л, меѓутоа при првата употреба, односно првото пуштање на вода од неколку вакумски цевки излегува вода од самиот спој меѓу цевката и бојлерот, односно од местото каде што влегува самата цевка? Прашањето ми е која може да биде причината, дали има врска васервагата на конструкцијата или се работи за нешто друго? Се надевам дека некој имал искуство за нешто слично.

Гаранција немаш?

Отсутен Punto2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #387 на: 25 Март 2019, 10:01:27 am »
Garancija imam, megutoa onaka na izgled se e vo red so sistemot, cevkite se dobri, vakumot go imaat, smetam deka e nekoja greska pri montazata, zatoa sto sam go montirav

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #388 на: 25 Март 2019, 11:12:20 am »
таму има гумено/сунгерасти дихтунзи, да не се измрдал/згужвал/усукал некој .... како и да е мора да го испразниж и кога нема сонце да отвориш да видиш или да ти дам број од соларџии

Отсутен Punto2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #389 на: 25 Март 2019, 12:53:05 pm »
Eden od tie dihtunzi bese pomesten, i od kaj taa cevka najmnogu tecese (go zabelzav toa pri povtornoto vadenje na cevkite, bidejki bijlerot e prazen i morav da gi vadam za da ne nastane problem, fala na info denes ke se obidam povtorno da gi postavam, pa ke probam da vidam dali povtorno ke tece, inaku ne sum od skopje od nadvor sum, vo sekoj slucaj moze da mi pisete brojce od nekoj sto raboti na problematikata. fala uste ednas.