Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 115918 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #225 на: 17 Јуни 2014, 11:01:37 am »
Сликата вчера е од солар во Скопје со тројца бањати во текот на денот. 55 степени вода вечерта во 22ч. Не викам дека појма немаш. Си споредувам.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #226 на: 17 Јуни 2014, 17:12:45 pm »
значи дени... кажуваш невозможни работи... или предимензиониран солар... тој што на вчерашен, облечн ден имал 55 степени под услов да не го догревал бојлерот со струја (греач) летово кога ке опука сонце без облаци, ке има страшни проблеми... ке прегрева, ке врие и ке паѓа притисокот... можни се и пострашни ефекти...

ова твоево е како сега јас да те убедувам дека со мобилен телефон, ке извадам фул хд снимка или фотографија од (лупам) 64 гига...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #227 на: 18 Јуни 2014, 12:38:12 pm »
Кај мене системот е со селективено огледало,на облачен ден,како минативе денови,со краткотрајни сончеви периоди водата се загрева некаде до кај 35-38 С,за туширање доволни се 26-30 С,без да ја мешаш водата со ладна.А во денови кога воопшто нема сонце водата е околу 23-25.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #228 на: 18 Јуни 2014, 13:24:17 pm »
Да те коригирам малку за туширање доволни се 44 степени без да мешаш. Мерено на чешмата.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #229 на: 18 Јуни 2014, 14:11:48 pm »
37 рамно. Од чешма. Идеално. Може и со 32-3 ако сакаш посвежо.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #230 на: 18 Јуни 2014, 14:36:52 pm »
@Deni

Точно на термостат 38,на чешма над 43 е секако.Инаку јас сакам малку посвежо туширање,инаку се имам и туширано дирекно од чешма декември месец во 3ч наутро.Но како и да е одлична инвестиција се овие системи.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #231 на: 18 Јуни 2014, 14:47:17 pm »
На термостат ти е 38, а на чешма потопло?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #232 на: 18 Јуни 2014, 15:00:08 pm »
verojatno mislese na termometar.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #233 на: 18 Јуни 2014, 15:21:51 pm »
Моментална состојба:
15:15 часот, 18.06.2014

Температура на солар: 57 степени
Температура на бојлер: 49 степени

Сондата е поставена на 2/3 гледано од доле нагоре. Капацитет 100л.

Времето денес знаете какво е. Дури и покрај толку малку сонце сум задоволен од температурата.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #234 на: 18 Јуни 2014, 15:55:33 pm »
@Onak
Со што најефикасно се чистат панелите за топла вода?
Ти си ги полирал рече?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #235 на: 18 Јуни 2014, 21:30:34 pm »
јас се спремам да ги полирам моите... меѓутоа моите се лежени бајаги време во влажен простор и има на нив налепено слој на мувла која сега се исуши.. нешто што на ниеден солар не му се случува воопшто. инаку, купи еден антибигор од било кој поквалитетен производител, накваси ги, затрљај со четка (за перење кола) и исплакни го стаклото... тоа што го фаќа белото на стаклото е каменец. воден каменец и разни минерали кои со антибигор се чистат без никаков проблем...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #236 на: 23 Јуни 2014, 00:49:47 am »
експериментот започна...

направена конструкција, забетонирани столбови, намонтирани се панелите (бајаги лежени се), поставен и бојлер... на сликите подоле не се гледа, ама конструкцијата е офарбана, пумпата е монтирана... толку за овој викенд. следниот викенд ке стигне стаклото за тој последниот што нема, во меѓувреме ке ги демонтирам постоечкиве 2 стакла, ке ги префарбам панелите со специјалната боја, ке ги исполирам овие стакла (пробав на еднот колку да видам как ке иде) и ке ги монтирам сите 3 стакла со високо температурен силикон (за мотори на возила се користи истиот). и секако ке ги поврзам панелите со бојлерот и експанзиониот... за тест, исто како сале, ке наполнам со дестилирана вода и што се вика ќе преседам до бојлерот цел ден, да следам параметри, па следниот ден (т.е. ноќта) ке наполнам со гликол... а бидејки првиот ден е со вода, а не со гликол, може да очекувам испарувања, вриење и вибрации, затоа и ке дремам до него... се очекуваат и високи притисоци...

еве како изгледа тоа кога некој експериментира, т.е. се чеша онаму кај што не го чеша:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

иако здравиот разум и сите пресметки велат дека ке дојде до прегревање на соларот, всушност јас тоа и го сакам.. прегревањето се рачуна во нормална експлоатација за домашни услови. за да грееш околу 9 кубици вода сепак е потребна силна измена на температура, а со оглед на тоа дека тие изменувачи се екстремно скапи, јас идам на варијанта да направам стандарден изменувач со енормно висока температура, за да би можел бојлер од 80 литри за 10-15 минути да го загреам од 20-22 на 70 степени... според моите пресметки, ако соларите ја издржат таа температура, а не гледам зашто не би издржале, од бакар се, системов ке функционира... ке апдејтирам...

идеме понатака... сликиве се од вчера. вчера кај што ми е викендицата имаше временски интервали скоро еднакви сонце-облак...

вака изгледа завршен делот со монтажи:

бојлерот со приклучокот под него со филтер. цевките од и кон базен ги вкопав во земја (жолто и сино црево ребрасто). филтерот за вода е ставен да ја филтрира водата дополнително од разни честички, прашинки и останато што се внесува во водата... од страна се гледа со црна изолација тоа е доводната цевка-бакарна од солар и онаа белата што иде хоризонтално е од бојлер кон солар повторно:



и уште еден поглед од другата страна.. тројникот со дополнителен приклучок го ставив во случај да има потреба од уште една експанзија, бидејки очекувам високи притисоци кога ке фукне максимално соларот.:



вака изгледа целосно одзади погледот



бидејки е солар кој е поставен во двор, и реално нема ни струја ни цевки низ дома, туку се е во двор, одлучив пумпата да ја намонтирам на последниот панел и самата експанзија да ја фиксирам на него. а тоа изгледа вака:



ова е пумпата која што влече од базенот. тоа е класична потопна пумпа, марка даб. грчко производство, по нарачка ми ја донесоа, бидејки е пластична. кај нас само метални се продаваат нај често. безбедноста ми е многу битна, па затоа и барав со пластично тело пумпа.



еве ги цевките од под земја, дп базен директно... таа на страна доле што иде е од пумпата, таа што се качува нагоре иде директ во базенот и е уствари топлата вода од бојлерот.



почнав со помал притисок да тестирам. соларот прво сонце го фаќа наутро околу 8:30. во 9 веќе ја имав оваа состојба:



во 9:45 беше ова:


понатака немам сликано но стига до 80 степени, но се додека не вклучи пумпата од базенот која има релативно јак проток па го испразнува цел бојлер и го разладува соларот до 50 степени. да напоменам дека во моментов диференцијален термостат немам монтирано, него ке го монтирам следното идење. тоа значи дека циркулационата пумпа врти нон стоп. кога би имало диференцијален, ке се постигнуваат значително повисоки температури. потопната пумпа се вклучува на секои 15 минути и работи вкупно 15 минути. бојлерот за тие 15 минути со оваа температура од соларот загрева до 40 степени. за мене задоволително, бидејки вечерта, пред да се ативира соларот (ноќта) базенот имаше 17 степени. до 14 часот, при надворешна температура од 24 степени, темепратурата на базенот, на околу 9 кубици вода беше:




значи, следниот викенд полирање на стаклата и монтажа на диференцијалниот термостат. според мене прогнозите ми беа успешни, ефектот што го барав го добив. за многу краток период постигнувам загревање на водата во бојлерот, што во суштина е круцијално битно ако сакаш да загрееш базент до пладне...

мерењата досегашни ми покажуваат дека базенот се лади преку ноќ за 3 до 5 степени. во секој случај, пред 11-12 на пладне никој нема да го користи тој базент, време, кое е и повеке од доволно да се подигне температурата во него за да стане функционален и безбеден за мали деца (моите нели ;D )... ако некој праша, зашто ова го направив, па нели, еднаш ке се загрее и толку? нели самото сонце го грее базенот... е да, ама прво базенот е половина од денот во сенка.. и она што не е во сенка, јас му турам чадор, зашто горам како сељаче у нива, как копта тутун на сонце... второ.. не сте виделе вие до сега како можат 2 палави деца да го испразнат пола базен за 2 саати... ;D а дополнувањето е со вода која варира помеѓи 8 и 12 степени.. така да, јасно е зашто... а меѓу другото и како ке добијам екстра искуство, мерења, податоци, знаење, бројки, температури, издржливост на материјали и слично.. па професионално ова го работам и ако не го осетам на своја кожа, со свои раце, џабе ми се еден тон книги и податоци...

ако има прашања, пукајте...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #237 на: 23 Јуни 2014, 02:36:26 am »
Да ми пуштиш по ПП понуда за една или две келии за кај мене во викендица

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #238 на: 23 Јуни 2014, 02:46:44 am »
имаш ПП...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #239 на: 23 Јуни 2014, 08:31:00 am »
Фина работа ова. Ем занимација. Само ова потопнава со кабелот ми е некако шубе, ама викаш си ја барал специјална за таа намена (пластична).

Штом немораш да го чекаш да се грее (што е и најглоемиот проблем кај нас) всушност можеш и многу почесто да си менуваш вода. Убаво, убаво.