Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 115854 пати)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #195 на: 10 Јуни 2014, 23:33:06 pm »
Фала онак,кај мене така е ставен и некако ми е без естетика,со ова ќе ги скријам каблите и подобро ќе изгледа.

Фала уште еднаш.

Инаку системот си работи одлично,денес рекордни 62С во бољер покажа термостатот,во панелот некаде околу 66С.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #196 на: 10 Јуни 2014, 23:33:42 pm »
Подготви се за 3 цифри.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #197 на: 10 Јуни 2014, 23:58:46 pm »
Па ваљда нема да тера со три цифри :-)

@AUDI
Како што ти рече онак, кутијата е за 6 осигурачи, производ на Viko, jа земав 250 денари ми се чини...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #198 на: 11 Јуни 2014, 00:09:48 am »
брееее.. од прва ја погодив хахаха...

јас овие мали табли не ги работам, ама со вико таблите што се поголемите, нај често со 24 и 36 места ги работам за парно системите, а дизајнот им е ист на сите димензии... од вико имаш и со 2 осигурчи табла, па со 4, 6, 9, 12, 18, 24, 36, 48 и 72 места. буквално сите се исти и со исти дизајн. имаш избор и со потемно или по светло капаче.. за соларите зимам малку по комплексни автоматики, со повеке сензори, со контроли за 2 пумпи итн итн, да не објашњавам сега зашто е тоа, а тие се убаво дизајнирани, и се со свое куќиште.

Подготви се за 3 цифри.

3 цифри само на панелот на кров... во бољерот неможе да има 3 цифри... едноставно автоматката не дозволува повеке од 90 (некои до 95) степени да се загрее бојлерот.




________________
инаку, во најава сега, ако не заборавам ке сликам ама ке пишам резултати. во план е за престојниов викенд ако не за некој викнед за брзо време... идам 5 левели погоре во експериментирање...

значи припремам еден експеримент од моја страна.. по малку е ризичен, (малку повеќе) а ризикот ке го сватат оние кои влегле по детално во проблематиката за соларите. поентата е:

3 панели од по 2 квадрати, значи вкупно 6 квадрати солар и само 80 литарски бојлер со класичен изменувач. и тоа ке биде поврзан како термосифински, значи без пумпи, и автоматики. бојлерот ке се грее 15 минути, па 15 минути низ него ке тече вода па пак ке се грее 15 минути и така наизменично цел ден. за 15 минути би требало комплет цела вода од бојлерот да се испразни и плус да го разлади соларот. очекувам температури на соларот излезни да има преку 250 степени. ке ги мерам и ке видиме што ке испадне.


првиот ден ке тестирам со гликол. на притисок од 6 бари би требало да не зоврие на таа температура. доколку почне да врие, имам припремено трансформаторско масло кое држи без испарување и провривање до 380 степени... малку е канцерогено да се работи со него, ама еднаш полниш и тоа е тоа...


соларите и бојлерот се набавени више...
« Последно менување: 11 Јуни 2014, 00:21:25 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #199 на: 11 Јуни 2014, 00:26:33 am »
Што да не ја погодиш, не си монтирал една. Имаше еден куп избор, разноразни, но мене оваа најкомпактна и најлична ми беше, па затоа и ја земав. Инаку немаше во моментот помала, инаку и помала ке земев, т.е за со 4 осигурачи.
Инаку како што рече Алек, автоматиката не дозволува повисока температура од некои критични вредности. На пример за бојлерот е до 75 степени, за панелот до 95, но се е тоа во зависност од сетапот на деференцијалниот термостат и поставеноста на сензорите за температура.

Јас тој што ја мери температурата на водата во бојлерот го поставив на 1/3 од горе, а фабричкиот е поставен на 1/4. До сега максимум што се загреала вода мислам дека беше 64 степени, а панелот околу 70, од она што успеав да фатам и да зирнам. Очекувам и мала промена во позитивна смисла по изолирање на цевките и поставување на термална паста помеѓу сензорот на панелот и допирната површина со бакарот :-)

Си оставив малку да си играм.
Инаку и сетапот на разликата на температурата на сензорите игра важна улога, па останува да експериментирам. Системот во моментот ми е подесен на притисок од околу 3 бари, знае на повисока температура и до 3,3 да качи.
Планирам да проверам и дали има истерано малку воздух, бидејќи системот го направив без автоматско соларно лонче, него со фиксен испуст ;-)

Глобално сум задоволен, но очекувам уште подобри резултати после комплетната доработка на системот.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #200 на: 11 Јуни 2014, 00:30:26 am »
а што ке кажеш за експериментот што го спремам? пошто си упатен те прашувам... читни погоре, ти киднало, пошто со едит го додадов... ме интересира дали ти се исправи косата на главата  ;D ;D ;D
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #201 на: 11 Јуни 2014, 00:34:18 am »
првиот ден ке тестирам со гликол. на притисок од 6 бари би требало да не зоврие на таа температура. доколку почне да врие, имам припремено трансформаторско масло кое држи без испарување и провривање до 380 степени... малку е канцерогено да се работи со него, ама еднаш полниш и тоа е тоа...

Гликолот би требало да почне да врие на отприлике 180 степени на атмосверски притисок. На зголемен од 6 бари, може да се пресмета точка на вриење, ама неможам да барам формули како се рачунаше. Ме мрзи... :-)
Мислам дека и на 250 нема да имаш проблеми... Али ке споделиш искуства :-)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #202 на: 11 Јуни 2014, 01:11:36 am »
не би требало да зоврие... на 6 бари (иницијално наполнето на 4) треба да додржи до кај 280 степени, пред да почне да се разложува т.е. да испарува...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #203 на: 14 Јуни 2014, 12:12:32 pm »
Благодарение на ОНАК и Сале  купено и монтирано.......

Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #204 на: 14 Јуни 2014, 12:31:09 pm »
Со здравје да се користи !!!
А какво е вашето искуство (од тие со подолг стаж во ова) за зимно време, во поглед на тоа до колку степени развива температура?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #205 на: 14 Јуни 2014, 17:05:49 pm »
Благодарение на ОНАК и Сале  купено и монтирано.......

Чиста работа, а и многу пофаца целата работа доаѓа.

Со здравје да се користи !!!
А какво е вашето искуство (од тие со подолг стаж во ова) за зимно време, во поглед на тоа до колку степени развива температура?

Сега за сега деновиве водата достигнува од 45 до 65 степени (во бојлерот) со еден панел и бојлер од 100л.
Времево е такво какво што е, значи променливо...Панелот практично што ле загрее загрее до пладне, после е облачно и врнежливо...Оние денови кои се добри, достигна максимум, а во просек е околу 52, 54 степени...

Да е времето како што треба, ке има и подобри резултати.
Јас се уште си играм со сетапот :) а и имам да довршам изолација на цевките каде што имам мала загуба. Мислев денес тоа, ама ми заврна и згрме и не ми се качува на кров :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #206 на: 14 Јуни 2014, 18:58:37 pm »
Има ли некоја информација околу граѓаните кои аплицирале за  субвенционирање на ставените соларни системи.На 7 овој месец беше извлекувањето и уште неможам најдам листа со извлечени добитници.Некој знае нешто во врска со ова?
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #207 на: 14 Јуни 2014, 19:47:49 pm »
Имаше некаде листа, а јас се откажав од тоа сра*е...
Можда прават листа на оние кои користат сончева енергија, па после и да ни опнат данок, пошто не трошиме струја, туку трошиме сонце кое е бесплатно...Ова е луда држава, така да што помалку информации во врска со себе споделуваш кон државата толку подобро...

 :D :D :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #208 на: 15 Јуни 2014, 00:23:01 am »
Има ли некоја информација околу граѓаните кои аплицирале за  субвенционирање на ставените соларни системи.На 7 овој месец беше извлекувањето и уште неможам најдам листа со извлечени добитници.Некој знае нешто во врска со ова?

во општината кај што си аплицирал (на шалтерот кај што ги даваше документите) мора да има истакнато списоци на добитници...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #209 на: 15 Јуни 2014, 01:33:32 am »
Документите беа пратени на соодветна адреса дадена од минисерството за економија,заедно со фискалната сметка од фирмата која го монтираше системот.Минатата година списокот беше објавен на страната на министерството.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!