Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 115881 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #240 на: 23 Јуни 2014, 09:01:30 am »
:D
Толку.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #241 на: 23 Јуни 2014, 10:43:32 am »
Фина работа ова. Ем занимација. Само ова потопнава со кабелот ми е некако шубе, ама викаш си ја барал специјална за таа намена (пластична).

Штом немораш да го чекаш да се грее (што е и најглоемиот проблем кај нас) всушност можеш и многу почесто да си менуваш вода. Убаво, убаво.

потопната пумпа е во план да иде покрај базентот. предвидено ми е на последниот приклучок што го има самиот базент (за испуштање на базентот) да намонтирам подебело црево кое по природен пат ке го полни бурето а пумпата ке влече од него. на тој начин ке го елиминирам ризик факторот на пумпа и струја во базентот. така ми е планот но дали ке го реализирам ке видиме. од таа причина и зедов потопна пумпа со пловак. чим се наполни бурето да вклучи а со оглед на тоа дека е пумпа која влече многу повеке од тоа што цревото по природен пат го полни бурето, кога ке го испразни да исклучи. по моја проценка дискутираме за неколку интервали полнење-празнење во период од 15 минути.

начинот на полнење на бурето е по овој модел или како рес што работи:



без оглед колку е базенот наполнет, во бурето ако стои на исто ниво со него ке има иста висина и водата ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #242 на: 23 Јуни 2014, 10:46:27 am »
Само ова потопнава со кабелот ми е некако шубе.

Тоа сакав да кажам, нели имаше специјални пумпи за базени, кои се надвор од базенот? Барем јас таква на тоа базенчето во Дојран имав :)

Ваква отприлика:


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #243 на: 29 Јуни 2014, 17:52:50 pm »
Денеска малку си играв со изолација на цевките од соларот.
Неверојатна промена во поглед на температурата при циркулацијата. Без изолација, бакарните цевки кога нема циркулација се ладат на температура на воздухот, значи денеска одприлика 31 степен. Доколку водата во панелот се згрее на 70, додека да стигне до бојлерот, поминува пат од околу 3,5 метра на кои ја пренесува температурата (ја оддава), па влегува во траса која е изолирана, значи во зидот, цевки во изолација + стиропор над нив, па потоа патува некој си 7 метра додека да стигне до бојлерот.
Е сега нема загуба на таа температура, па дури и јас се изненадив колку е битна изолацијата на цевките. Разлика од скоро 10 степени. Ова е многу битен момент во услови кога надворешната температура е ниска, односно во касна есен и рана пролет, со цел да се користи максимално сончевата светлина, претворена во топлина.
Еве како испадна изолацијата. Во живо е многу многу полична :)
Не само што е полична него помалку ми ја грее оставата, нема оддавање на топлина, а зимно време ке се спречи кондензација, доколку има услови да се створи.









Финиширано:





Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #244 на: 29 Јуни 2014, 18:04:47 pm »
Си имало зошто е, ај ти! :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #245 на: 29 Јуни 2014, 18:12:50 pm »
Денес ден недела, станав у 7 (Бени - Ко по навика) , па да средам со време.. Жена, дете на гости кај баба, раат да се работи до 12 саат, мада и тогаш на кров е пеколно во ова време.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #246 на: 30 Јуни 2014, 01:30:16 am »
и на пумпата да ставиш, макар на задното тело. површина има како цела рингла. предниот дел од пумпата не го лепи, тука е моторот и калемите се со ладилник залепени на самото тело. така се ладат истите. значи од задна страна ти проаѓа течноста. залепи и таму.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #247 на: 30 Јуни 2014, 07:52:17 am »
Се мислев и неа да ја облепам, ама ја оставив...Ке видам, може и неа ке ја решам. :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #248 на: 30 Јуни 2014, 10:35:27 am »
реши ја... има површина на нејзе.. ако ме прашаш мене, пумпата вреди како за 10-тина метра неизолирана цевка.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #249 на: 01 Јули 2014, 12:04:46 pm »
сале каква изолација ставаше и од каде?со што ја лепеше?
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #250 на: 01 Јули 2014, 14:35:39 pm »
Изолацијата е некоја германска, неам појма и јас каква е, набавена ми е на времето по набавна.
Инаку врз неа има обмотано ПВЦ фолија, бела, иста што се става и на цевките од клима уредите. 80 денари котурче од 40 метра ми се чини. Јас потрошив две котурчиња за горниот дел. Доле изолирав со истата изолација, само наместо да ја мотам пошто мали парчиња, ја залепив со широка ПВЦ трака, ака изолир, самолеплива нормално. :)

Изолацијата ја обмотував за да ја заштитам од надворешни влијанија, сонце, дожд, температура, мраз итн итн. Верувам дека ке тера некоја година така, а ако има проблем, ке ја обмотам уште со еден слој.

Во делот каде што влегува во фасадата има облепено и алуфолија за да оневозможам евентуално продирање на вода.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7077
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #251 на: 01 Јули 2014, 15:45:45 pm »
Одлично изгледа, се скоцкано да го личи.

Паметно си направил со заштитата на изолацијата бидејќи често се случува и птици да ја уништат изолацијата ако не е заштитена.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #252 на: 03 Август 2014, 16:21:32 pm »
понатака немам сликано но стига до 80 степени, но се додека не вклучи пумпата од базенот која има релативно јак проток па го испразнува цел бојлер и го разладува соларот до 50 степени. да напоменам дека во моментов диференцијален термостат немам монтирано, него ке го монтирам следното идење. тоа значи дека циркулационата пумпа врти нон стоп. кога би имало диференцијален, ке се постигнуваат значително повисоки температури. потопната пумпа се вклучува на секои 15 минути и работи вкупно 15 минути. бојлерот за тие 15 минути со оваа температура од соларот загрева до 40 степени. за мене задоволително, бидејки вечерта, пред да се ативира соларот (ноќта) базенот имаше 17 степени. до 14 часот, при надворешна температура од 24 степени, темепратурата на базенот, на околу 9 кубици вода беше:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

1 недела одсутен од викендицата, никој не го користи базенот нормално, кога се користи редовно и се дополнува пошто децава скокаат и рипаат низ него во просек 1/5 до 1/4 од базенот на дневна база го испразнуваат, па се дотура свежа-ладна вода па хлорирање и тн итн... поентата и беше дека редовно се движи водата помеѓу 24 и 28 степени, со тоа дотурање. соларот си ја брка работата... меѓутоа, после 1 недела мирување, без дотурање свежа вода, а соларот секако активен, ја начекувам оваа состојба на водата:



кога влегуваш во базентот, чуството е како да влегуваш во супа. дискутираме за скоро 9 кубици вода, спакувани во гумирано платно, одоздола на бетонска подлога и 1 сантиметар стиропор (кој сега не верувам дека е повеке од 5 милиметри-испресован) и од надворешна страна без никаква изолација, значи оддавање на температурата во воздухот...

ајдеее..испуштај топла вода, дотурај ладна... ке морам да покривам половина површина од панелите кога сме отсутни од тука... што е многу многу е...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #253 на: 03 Август 2014, 16:38:16 pm »
Мераци температура.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #254 на: 03 Август 2014, 23:07:41 pm »
Уште фиде фали и може да се срка :)
Па па па, наместо што сте ја испуштале, си можел селски туш на 5 метра од базенот да направиш па да си ја користиш за туширање со сапуница :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.