дени.. заклучоков твој е бесмислен. исто ти е како да речеш дека имаш економично возило кое иако нема гориво во резервоарот, МОРА да вози, зашто е економично... абе празен е резервоарот, како ке иде...
вчера цел ден беше без сонце.. еве и денес е исто... соларен колектор работи на сончева светлина, не на магија или на име од месецот во годината.. ако нема сонце, нема ни топла вода... толку е едноставно... тоа што добил некоја температура мала е резултат на тоа дека вчера сонцето на дватри пати се појави по пола саат и плус сале има монтирано селективен колектор кој меѓу другото во голема мера го користи и УВ зракот како енергетик, кој па УВ зрак проаѓа низ облаците. затоа и имал 35-37 степени... да немал селективен панел, веројатно нема да имаше ни 30 степени...
инаку податоците за МК велат околу 10,5 месеци во годината се сончеви денови. толку денови би требало колекторот да произведува топла вода. се разбира, поради интензитетот на јачината, оддалеченоста на сонцето од земјата, годишниот период, аголот под кој паѓаат зраците, должината на денот, ефектот ссе намалува и зголемува во периодот од годината, но и среде зимо, мора да произведе топлина некаква, се разбира неможе како во јуни-септември но мора да произведе, ако е правилно поставен. а на сале Е правилно поставен