@Leonid
Овде има некои поконкретни бројки, само треба да ги прилагодиш со денешните услови и цени:
https://emiter.com.mk/vesti/20552
Битната ствар е што ЕВН не сака да откупи струја по цена повисока од таа што си ја купува од ЕСМ (односно плаќа 90% од цената на МWhод ЕСМ). Што значи, ти како производител, даваш најефтина струја на EVN, а како потрошувач купуваш неколку (десетици?) пати поскапа струја.
Затоа, арно ти викаат дечкиве тука, концентрирај се на производство за сопствени потреби, за да задоволиш дневна потрошувачка, или барем дел од неа во убави сончеви денови, а враќањето заборави го.
Мене ми е скроз логично дека ќе ми ја откупува по многу поевтина цена, отколку што ми ја продава, иначе евн немаше да биде евн т.е. златна кокошка. Дилемата е по која цена ја откупува, и дали плаќа ако сум во плус (на пример не сум дома 3 месеци, и се насобрале пари на сметка), или се пребиваш со нив со двонасочното броило (кое не е изгор скапо,200 еур е).
Најважното е,за колку време се враќа инвестицијата, и затоа наведов податок дека плаќам околу 1000 еур струја годишно.
Има тука многу фактори кои влијаат на повраток на инвестицијата, затоа барав корисник на фотоволтаици, да му удрам едно детално испрашување пред да ги дадам тие 4500 еур. Се изнаслушав и изначитав верзии, ама ниеден од тие стручњаци не видел ни на слика фотоволтаици, ама нели ние македонците сме универзалци. Ќе го ѕирнам линкот, фала ти, па ако ставам фотоволтаици, ќе споделам искуства
п.с. јас би бил задоволен со тоа да бидам на 0 на крај на година кога ќе се пребиеме, што значи дека за 4.5 години ми се враќа инвестицијата, т.е. годишно ќе ми остаануваат во иднина 1000 еур за трошење плус. Ама дали е тоа така....