Јас сум така да речам расчитан на темата и тука и во околината. Нема никаква логика да плаќаш прво еден куп пари за двонасочно броило, струјата не ја складираш никаде(глупост од епски пропорции), државата не ти ја откупува, му ја даваш за безпари, ти ја враќа назад со триста полемики наплатени на сметката, покрај овие триста шо никој не ги разбира за пренос менос, и за ова ќе кмаш додатни.
Го барав видеото од еден србин ама неможам да го најдам. Најпаметно е кога веќе имаш пристап до струја и имаш броило, да си го наместиш соларното спрема потребите за потрошувачка и соодветно за тоа да си земиш батеррии, за барем 2 дена самостојност.
Контролерите за домаќинствата имаат опција да го местиш, вишокот на струја да ја враќа во мрежата, да ка складира во батерии ИЛИ хибрид опција,кога ќе се намали складираната струја, е тогаш да цицне од мрежата струја.
Така ти е најисплатливо не плаќаш за двојно броило, не се заебаваш со триата дозволи и процедури оти не враќаш струја во мрежата, обичен потрошач си.Имаш и автономија ако снема струја, со нивниот систем ако снема, немаш батерии, немаш струја. Плус си максимум време автономен, рачунај и по еве 20-30 години од 100 на 70% ако деградирале панелите и барериите, никому ништо.
Претходно или не си цицал од мрежата или си цицал две три пива месечно, сеа ќе ти бидат 5.