Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 126500 пати)

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1059
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #615 на: 12 Февруари 2025, 23:07:18 pm »
Има пумпи за притисок, јас има таква по природен пад и со пумпа супер тера, пред тоа мачење беше, посебно кога ке се загрее на 99 степени, нема шанси да се најде некоја средина.

Отсутен Aveo2010

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #616 на: 25 Март 2025, 22:38:16 pm »
Здраво екипо,
Сакам да ставам мал систем за во викендичка каде што нема приклучок со ЕВН. Генерално би се користел за
1 опција: тв, камери, фрижидер, осветлување, евентуално вентилатор летно време.
2 опција : истото од горе + електрична рингла+клима - секако не се заедно

Препорака за систем, што инвертер, капацитет на батерии, контролер, број на панели итн.
За опција 1 би идел и со нарачка од алиекспрес, мислам за контролерот и инвертерот ако некој има купено, истестирано и знае добар продавач.
Благодарност

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7156
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #617 на: 26 Март 2025, 06:48:58 am »
Пред некој ден добив понута од VTec за соларни панели и батерија, комплет со инвертер и инсталација за околу 4.500 еур.

Некој што е поупатен нека каже дали е добра цена:


Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 877
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #618 на: 17 Април 2025, 10:04:21 am »
Update
На 05.02 ставив фотоволтаици, 15 ком*410w и 6kW инвертер (made in China нормално), 10 ком на источна, 5 ком на западна страна, и оставено место за уште 5 ком на западна страна во иднина. Системот е оф-грид, без батерии.
1 месец требаше да се префрли броилото на друг сопственик (фамилијарни работи), и уште 1 месец да се заврши проектот и да се смени во двонасочно броило, на 02.04. Цена за промена на броило 3690 денари, авансно се плаќа.
Цена на системот 4500 еур, комплет со бркање на документацијата.
До сега, највеќе произвело 29kW максимално, а пик 5,5kW. На потполно облачно време, прави 4kW, а во просек Април над 15kW (времево е повеќе облачно).
Кога ќе видам како ќе се пребиваме со ЕВН, ќе ви дадам update. Ја чекам сметкава за Март, па ќе споделам каква промена имам во сметките.

Отсутен bakigvg

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #619 на: 17 Април 2025, 10:49:23 am »
Колку киловати имаш до сега за Април месец ? Може да направиме некоја споредба јас сум моментално на 265кв, ист систем како твојот.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 877
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #620 на: 17 Април 2025, 15:13:36 pm »
Колку киловати имаш до сега за Април месец ? Може да направиме некоја споредба јас сум моментално на 265кв, ист систем како твојот.
од 05.04 (тогаш сум инсталирал програм) до 16.04 направило 213 kw или просек 17.75 kw

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55062
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #621 на: 17 Април 2025, 18:26:33 pm »
Колку киловати имаш до сега за Април месец ? Може да направиме некоја споредба јас сум моментално на 265кв, ист систем како твојот.
од 05.04 (тогаш сум инсталирал програм) до 16.04 направило 213 kw или просек 17.75 kw
За колку време се исплаќа?

Отсутен Festool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 158
  • woodworker
    • Drvodelec.mk
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #622 на: 26 Мај 2025, 14:08:42 pm »
Пред некој ден добив понута од VTec за соларни панели и батерија, комплет со инвертер и инсталација за околу 4.500 еур.

Некој што е поупатен нека каже дали е добра цена:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Понудата е можам да кажам добра. Не сум баш во тек со цените во Македонија, но ако е со монтажа, е супер.

Имаш скоро 6кв во панели, што е доста добро. И имаш LifePo4 батерија, што е супериорна наспроти обичните ГЕЛ/АМГ. 5кв/h батерија за викендица би требало да ти биде сосема доволно. Доколку живееш таму постојано, со 7,5кв или 10кв, би било уште подобро.

Мораш да кажеш за што ќе ти биде системот, за подобар совет да се даде.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14325
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #623 на: 26 Мај 2025, 15:34:13 pm »
Прашање што секогаш ме интересирало. Ако имам викендица да речеме, off grid и сакам да ги имам сите удобства, као летно време 12 саати клима да биде уклучена, дали 10Kw батерија ќе биде доволна да покрие секакви потреби, вклучително и останатите апарати, како фрижидер да речеме.

Готвење би било на плин, греење топла вода - соларно.

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20736
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #624 на: 26 Мај 2025, 15:57:35 pm »
Грубо кажано, зависи накаде ти гледаат панелите и какво ќе биде времето, за да би можело сѐ што ќе се создаде, да биде одма искористено.

Арно ама, ако имаш 10 КВ батерија, и клима што ти арчи 3.5 КВч, онда за 2 и кусур саата ќе ти биде празна батеријата, само од климата, без други потрошувачи.

Кај мене, ако се погоди убав сончев ден, покриена е целосната потрошувачка на струја, пуна ми е и колата, ем успевам да продадам тоа што е вишок. Она што ме радува, што у повеќе наврати ми се случило, потрошувачката навечер да е толку ниска, што наредното утро батеријата да е на некои 60ина % (имам 6 КВ батерија).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14325
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #625 на: 26 Мај 2025, 16:11:13 pm »
Ама нели во текот на екплоатацијата на „зачуваната“ струја во батеријата, Сонцето повторно ги полни батериите?

Зборуваме за супер сончев ден, пука Сонце надвор мене ми е пекол топло внатре, сакам да ми дува клима постојано.

Имам 10Kw батерии ете да речеме и имам 6Kw панели ако не сум грешка во пресметкава горе?

Ако климава влече 3.5Kw, 6Kw имам „дотур“ на струја во 10Kw батерија, нели тоа значи дека се додека има Сонце (чисто небо) мене климата постојано ќе ми работи и ете фрижидер/телевизор/лаптоп.

Отсутен Паланчански

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #626 на: 26 Мај 2025, 18:59:00 pm »
1) Клима од 3,5 KW не влече толку, туку далеку помалку.
2) Кога има сонце, панелите ќе даваат 6 KW, климата ќе влече максимално 1 KW, значи воопшто нема потреба да влече од батеријата.
3) Кога нема сонце климата нема потреба да работи (нели е само за ладење), повторно нема да влече од батеријата.

Отсутен bakigvg

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #627 на: 28 Мај 2025, 13:14:31 pm »
Колку киловати имаш до сега за Април месец ? Може да направиме некоја споредба јас сум моментално на 265кв, ист систем како твојот.
од 05.04 (тогаш сум инсталирал програм) до 16.04 направило 213 kw или просек 17.75 kw

Update: За 194 денови, системот произвел 3991 кw или во просек 20.5 kw. 

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 877
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #628 на: 28 Мај 2025, 13:49:35 pm »
Не можеш ти толку да произведеш, колку што ЕВН може со нивната математика да те убие во поим. За некој ден ќе ставам упдате за моето производство, и нивната математика

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20736
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #629 на: 28 Мај 2025, 14:14:48 pm »
Ама нели во текот на екплоатацијата на „зачуваната“ струја во батеријата, Сонцето повторно ги полни батериите?

Зборуваме за супер сончев ден, пука Сонце надвор мене ми е пекол топло внатре, сакам да ми дува клима постојано.

Имам 10Kw батерии ете да речеме и имам 6Kw панели ако не сум грешка во пресметкава горе?

Ако климава влече 3.5Kw, 6Kw имам „дотур“ на струја во 10Kw батерија, нели тоа значи дека се додека има Сонце (чисто небо) мене климата постојано ќе ми работи и ете фрижидер/телевизор/лаптоп.


Јап, додека имаш убаво сонце, би претпоставил дека све што ќе биде создадено на кров, ќе биде искористено во куќа, без разлика дали од потрошувачи или за дополнување на батеријата.

Јас го кажав тоа за батеријата, во сценарио кога не создаваш струја на кров, а имаш пуштено клима на макс (примерот е со 3.5 КВ). Секако дека ни климата во просек не ти троши 3.5 КВ, збориме со многу хипотези и претпоставки :)

Еве ко за пример, прошлата недела (18-25.05, беше прилично сончево до пред викендот), системот кај мене дома има произведено 392 kWh, од кои имам потрошено 115.84 за домашни потреби. Другото е пушено во мрежа. Од 01.06.2023 па прошла недела, системот има произведено 192.21 MWh. Чинам дека до денес не е нешто многу повеќе, пошто е прилично облачно и врнежливо.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.