Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 121243 пати)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 872
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #585 на: 14 Јануари 2025, 16:31:54 pm »
Јас сум така да речам расчитан  на темата и тука и во околината. Нема никаква логика да плаќаш прво еден куп пари за двонасочно броило, струјата не ја складираш никаде(глупост од епски пропорции), државата не ти ја откупува, му ја даваш за безпари, ти ја враќа назад со триста полемики наплатени на сметката, покрај овие триста шо никој не ги разбира за пренос менос, и за ова ќе кмаш додатни.
Го барав видеото од еден србин ама неможам да го најдам. Најпаметно е кога веќе имаш пристап до струја и имаш броило, да си го наместиш соларното спрема потребите за потрошувачка и соодветно за тоа да си земиш батеррии, за барем 2 дена самостојност.
Контролерите за домаќинствата имаат опција да го местиш, вишокот на струја да ја враќа во мрежата, да ка складира во батерии ИЛИ хибрид опција,кога ќе се намали складираната струја, е тогаш да цицне од мрежата струја.
Така ти е најисплатливо не плаќаш за двојно броило, не се заебаваш со триата дозволи и процедури оти не враќаш струја во мрежата, обичен потрошач си.Имаш и автономија ако снема струја, со нивниот систем ако снема, немаш батерии, немаш струја. Плус си максимум време автономен, рачунај и по еве 20-30 години од 100 на 70% ако деградирале панелите и барериите, никому ништо.
Претходно или не си цицал од мрежата или си цицал две три пива месечно, сеа ќе ти бидат 5.
Барав конкретни податоци, со ова не ми помогна баш. Ако има некој пресметка,со бројки,би сакал да слушнам

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5688
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #586 на: 14 Јануари 2025, 16:50:57 pm »
Аха, епа продолжи да си бараш ко така.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43918
  • Il Moderatore
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #587 на: 15 Јануари 2025, 07:32:42 am »
@Leonid
Овде има некои поконкретни бројки, само треба да ги прилагодиш со денешните услови и цени:
https://emiter.com.mk/vesti/20552

Битната ствар е што ЕВН не сака да откупи струја по цена повисока од таа што си ја купува од ЕСМ (односно плаќа 90% од цената на МWhод ЕСМ). Што значи, ти како производител, даваш најефтина струја на EVN, а како потрошувач купуваш неколку (десетици?) пати поскапа струја.
Затоа, арно ти викаат дечкиве тука, концентрирај се на производство за сопствени потреби, за да задоволиш дневна потрошувачка, или барем дел од неа во убави сончеви денови, а враќањето заборави го.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 872
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #588 на: 15 Јануари 2025, 09:14:37 am »
@Leonid
Овде има некои поконкретни бројки, само треба да ги прилагодиш со денешните услови и цени:
https://emiter.com.mk/vesti/20552

Битната ствар е што ЕВН не сака да откупи струја по цена повисока од таа што си ја купува од ЕСМ (односно плаќа 90% од цената на МWhод ЕСМ). Што значи, ти како производител, даваш најефтина струја на EVN, а како потрошувач купуваш неколку (десетици?) пати поскапа струја.
Затоа, арно ти викаат дечкиве тука, концентрирај се на производство за сопствени потреби, за да задоволиш дневна потрошувачка, или барем дел од неа во убави сончеви денови, а враќањето заборави го.
Мене ми е скроз логично дека ќе ми ја откупува по многу поевтина цена, отколку што ми ја продава, иначе евн немаше да биде евн т.е. златна кокошка. Дилемата е по која цена ја откупува, и дали плаќа ако сум во плус (на пример не сум дома 3 месеци, и се насобрале пари на сметка), или се пребиваш со нив со двонасочното броило (кое не е изгор скапо,200 еур е).
Најважното е,за колку време се враќа инвестицијата, и затоа наведов податок дека плаќам околу 1000 еур струја годишно.
Има тука многу фактори кои влијаат на повраток на инвестицијата, затоа барав корисник на фотоволтаици, да му удрам едно детално испрашување пред да ги дадам тие 4500 еур. Се изнаслушав и изначитав верзии, ама ниеден од тие стручњаци не видел ни на слика фотоволтаици, ама нели ние македонците сме универзалци. Ќе го ѕирнам линкот, фала ти, па ако ставам фотоволтаици, ќе споделам искуства
п.с. јас би бил задоволен со тоа да бидам на 0 на крај на година кога ќе се пребиеме, што значи дека за 4.5 години ми се враќа инвестицијата, т.е. годишно ќе ми остаануваат во иднина 1000 еур за трошење плус. Ама дали е тоа така....

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3832
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #589 на: 15 Јануари 2025, 09:16:33 am »
Нели беше дека секои 6 месеци се порамнуваше, односно ако си пуштил во мрежата повеќе од што си повлекол, вишокот може да го користиш наредните 6 месеци?
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6538
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #590 на: 15 Јануари 2025, 09:56:46 am »
Нели @vlavot  поставе лани, тој најдобро можи да кажи.


п.с. јас би бил задоволен со тоа да бидам на 0 на крај на година кога ќе се пребиеме, што значи дека за 4.5 години ми се враќа инвестицијата, т.е. годишно ќе ми остаануваат во иднина 1000 еур за трошење плус. Ама дали е тоа така....

Јас не би бил толку оптимист, инаку не утре, вчера одам кредит земам и ставам и јас.  ;D

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5688
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #591 на: 15 Јануари 2025, 10:08:13 am »
И да најдиш некој, шо ќе го изпрашаш,дали му излегува есапот? Освен ако не ти е брат во другата половина од куќата да живее никаков одговор нема да добиеш шо ќе биди по твој стандарди.
Ти си две клими, фиљан чоек се греј на дрва. Клима користи една на лето за ладење.
Имаш ти соларен бољер шо дополнува од струја на зима, фиљан чоек има проточен на плин. Ти имаш 100квадрати изолирани со 10ка, тој има 85 нема изолација на блокови му е куќата остаена.
Шо нзс ќе извадиш од таков муабет
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3832
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #592 на: 15 Јануари 2025, 10:29:26 am »
Ова го најдов на нет

4. Го предавате вишокот на произведената електрична енергија на истата точка на која Снабдувачот Ви ја испорачува електричната енергија;
Цената по која ќе се откупува вишокот на произведената електрична енергија е просечната набавна цена на електрична енергија која Универзалниот снабдувач – ЕВН Хоме ја набавува за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи (правни лица) согласно Правилникот за енергија од обновливи извори. Цената се утврдува од страна на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија и истата подлежи на промени. Пресметковниот период за предадената електрична енергија во мрежата е шест месеци, при што првиот пресметковен период е од јануари до јуни, а вториот пресметковен период е од јули до декeмври.
Но, според ЕВН, за предадената енергија во мрежата нема да се врши исплата на парични средства, туку ќе се врши порамнување со енергијата која е потрошена за мерното место.

Така да во со тоа што можеш да ги користиш вишокот киловат-часа во наредниот 6 месечен период, ЕВН ти е како некој "акумулатор"
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20699
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #593 на: 15 Јануари 2025, 11:14:22 am »
Претпоставувам дека нема да е баш најрелевантно, поради локација, закони, давачки итн итн, ама кај мене случајот е:

- 10.4 кВч пик + 6 кВч батерија
- двонасочно броило, си мери колку е земено и колку е предадено од/во мрежа
- се плаќа паушална сметка секој месец
- на крајот на годината им се предава актуелна состојба на броилото
- негде крај на јануари/почеток на февруари даваат пресметка за колку е искористено, колку е продадено, и може да се избере, дали вишокот од платеното (доколку го има нормално) да биде исплатен на сметка, или порамнет со следните сметки.

Секако дека куповната цена е апсурдно смешна во однос на продажната, ама нели...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 872
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #594 на: 15 Јануари 2025, 11:39:41 am »
И да најдиш некој, шо ќе го изпрашаш,дали му излегува есапот? Освен ако не ти е брат во другата половина од куќата да живее никаков одговор нема да добиеш шо ќе биди по твој стандарди.
Ти си две клими, фиљан чоек се греј на дрва. Клима користи една на лето за ладење.
Имаш ти соларен бољер шо дополнува од струја на зима, фиљан чоек има проточен на плин. Ти имаш 100квадрати изолирани со 10ка, тој има 85 нема изолација на блокови му е куќата остаена.
Шо нзс ќе извадиш од таков муабет

НЗС: досадно ти е во животот

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5688
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #595 на: 15 Јануари 2025, 11:44:43 am »
Ae пали патиките. Десет души ти пишаа овде совети,само препотентност вадиш од муцката и ништо друго.
Повеќе од доволна причина и да има некој да не ти пиши.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 872
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #596 на: 15 Јануари 2025, 11:45:51 am »
Ова го најдов на нет

4. Го предавате вишокот на произведената електрична енергија на истата точка на која Снабдувачот Ви ја испорачува електричната енергија;
Цената по која ќе се откупува вишокот на произведената електрична енергија е просечната набавна цена на електрична енергија која Универзалниот снабдувач – ЕВН Хоме ја набавува за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи (правни лица) согласно Правилникот за енергија од обновливи извори. Цената се утврдува од страна на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија и истата подлежи на промени. Пресметковниот период за предадената електрична енергија во мрежата е шест месеци, при што првиот пресметковен период е од јануари до јуни, а вториот пресметковен период е од јули до декeмври.
Но, според ЕВН, за предадената енергија во мрежата нема да се врши исплата на парични средства, туку ќе се врши порамнување со енергијата која е потрошена за мерното место.

Така да во со тоа што можеш да ги користиш вишокот киловат-часа во наредниот 6 месечен период, ЕВН ти е како некој "акумулатор"
Одговор од стручно лице: за домаќинство вишокот не се откупува и нема ценовник по kw/h сеуште, се спрема некој правилник и нов закон за енергетика каде ќе биде и тоа опфатено, во моментов вишокот да си го чуваш во батериски систем.

 За болдираното, знам дека не исплаќаат пари, туку се пребиваш. Маката е, по колку ти ја рачуна он купената струја. Веќе наеме колку ти ја продава, со ддв скапа струја 7,7 денари прв блок, 9 денари втор блок, 4.8 денари евтина струја за kW/h.

Да упростиме, корисник на фотоволтаици ми треба,за да ми каже реални трошоци што не ги гледам, или што се запишани со мали букви, дали и за колку време му се вратила инвестицијата.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 872
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #597 на: 15 Јануари 2025, 11:47:14 am »
Ae пали патиките. Десет души ти пишаа овде совети,само препотентност вадиш од муцката и ништо друго.
Повеќе од доволна причина и да има некој да не ти пиши.
Јас бев јасен дека сакам некој што користи да прашам, а не муабети ко пред кооперација да ми правиш, Пали патиките ти, и бави се со тоа за што си учел школо, не замарај веќе

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5080
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #598 на: 15 Јануари 2025, 12:28:07 pm »
Znaes koga ke prebies na nula. Koga ke si go vidam tilot

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2837
  • Слобода или смрт
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #599 на: 15 Јануари 2025, 13:28:30 pm »
Јас би обрнал внимание на размената киловат за киловат дали рачунаат само набавната цена и плус си ставаат другите давачки или си е глава за глава.
Ако е првиот случај нема да ти се исплати инвестицијата бидејќи ќе ти рачуна трошоци на секој произведен киловат.
Истотака треба да разгледаш кои се дополнителните фиксни трошоци месечно бидејќи имаше некои ставки од типот на трошоци за порамнување, трошоци за прием итн кои никако не се мали.