Штета е што вие тука на форумов сте створиле одбивност кон Алфа.
Чудно каква одбивност имате према германците.
Интересно

Мартин, шефе секој си има "свој" бренд, кој си го сака, гали гледа како нешто свето тука. Ама вие ја претеравте, најдобра е ваква е онаква е..Мислам дека и гомно едно сеа да стаат у салон и да му стаат знакче од Алфа ке почнете да го фалите до бескрај.
Сите кажаа нешто позитивно за алфата, никој не рече дека е тапа кола. Сите се сложивме околу цената која навлегува во други понтересни, подобри, пософистицирани, ПОУБАВИ коли. Тоа е фактот. Сега не правиме муабет во Германија е вака ова е онака она е така. Правиме муабет за конкретната кола кај нас во салон која е со цена од 88.000 евра. Ја како пример го дадов јагуарот пошто го обожавам, и тој во германија е по цена од незнам 60и нешто илјади евра и го дадов како директно со Алфата, пошто ете и тој да дојде ке дојде со височка цена.
И како да не створам одбивност кон бренд што сака да ми продаде 5 години стар модел по иста цена и после 5 години. Џулиета се продава по цена иста како и пред 5 години.
МиТо исто, друго немаат.
И сега искача Алфа 4С што како прво врска неам што е со колата, а ни вие исто пошто никој од нас не седнал да ја извози. Можеме само да веруваме на ревјуата. Има такви кои се ептен задоволни и има и не до толку позитивни. И кое мислење ја да го имам? По она што го видов во салон, изгледот, НЕ Е МОЈ ТИП. Назад ми е убава, ама напред би ја пресекол и би стаил предница од југо и поубава ке ми биде, значи до толку ми е грда, поготово со овие фарови карбонски. Внатре е супер, убави седишта убаво интересно. Знам дека е лесна тоа е супер, има добар мотор има добар погон. И? Треба одма да заклучам - Јао човече ова е нешто уау да се излигавам до земја и да зборам дека е најдобрата кола ашто постои а врска немам?
Има многу работи што други коли ги немаат, ама има и многу работи што други коли ги имаат.
Мартин ти ми викаш и за хенд мејд, абе и астон мартин е хенд мејд ама друго е. Ја не ја гледам Алфава така слепо како вие што ја гледате, немам ниту одбивност кон брендот, ама не сум ни заљубен. Мислам тука ми кажа пример за лагуната поарна ова она ама не било алфа, мислам wtf сеа. Што ја прави алфа толку посебна? (освен новогодишните сијалички на шал табла

)
Муабетот е дека колку и да е добра, неможе и не смее да задира со цената во сегмент кај што има толку страшно добри коли, каде што Алфата не е посебна. Алфаат е посбна и супер кола која разбива монотонија за 50-60 илјади евра, ама за дупло повеќе НЕ. ТУка има сто илјади коли што нудат многу други работи.
Алфата не можела да се спореди со другиве, незнам што незнам како, извинета ама парите си се пари и точка.
@Martin ова директно кон тебе е, не сфаќај се при срце до толку. Никаде не реков дека алфата не ја бива, радо би и се качил ама не би ја поседувал. Правиме муабет за цената која сите се сложивме дека е висока. Сега правиме муабет во што е добра а во што не е, затоа служи форумов да го еам.
И нема потреба од муабети како - ако не ни се свиѓа алфата сме живееле во пештери...нема потреба да плачеме ако некој каже нешто што не е исто како вашето мислење односно дека АЛФА е се и сешто и дека е најдобра и најубава и најбрза и незнам што веќе нај. Бек ту риалити - It`s not.