Автор Тема: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?  (Прочитано 229351 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4517
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1125 на: 05 Јануари 2026, 13:54:01 pm »
Да бидеме реални, кога у последните 35 години, те од осамостојување на Македонија било која влада направила нешто значајно и тоа да биде со цврсти темели и да е правилно замислено, испланирано и изведено? Мене не ми текнува на такво нешто. Можда само ддв што воведоа, ама тоа е за зимање пари од луѓето и полнење на државната каса.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2665
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1126 на: 05 Јануари 2026, 14:37:53 pm »
Да бидеме реални, кога у последните 35 години, те од осамостојување на Македонија било која влада направила нешто значајно и тоа да биде со цврсти темели и да е правилно замислено, испланирано и изведено? Мене не ми текнува на такво нешто. Можда само ддв што воведоа, ама тоа е за зимање пари од луѓето и полнење на државната каса.

Еве нешто од инфраструктура:

Штип - Велес (експресен). И ова требаше да биде автопат, ама мислам дека остана експресен бидејќи требаше да се преместува рутата бидејќи поминува низ две села.
Претходно (кога беше регионален со две ленти) имаше доста сообраќајки, а знаеше и зимни време да се заглавува кај Сарамзалино, од наноси на снег и виулици, па се чекаше како да сме Алпите, а не Овче Поле.

Штип - Миладиновци/Скопје (автопат). Како некој што го вози автопатов уште кога не беше официјално отворен, па до ден - денес (а и знам многу луѓе од источна МКД што го користат)  - автопатов буквално ја размрда цела источна Македонија, за луѓето од Делчево, па се до Струмица.
Капитален проект со реални придобивки од времето на Грујо.

Штип - Кочани (експресен). Патов е контроверзен, но не заради изведбата и се друго, туку затоа што во земјава постојат говеда што мислат дека експресниот пат е писта за тркање. Еве има и одлука за проширување до Делчево

Штип - Радовиш (експресен). Мене ако ме прашаш - ова требаше да биде автопат директно до Струмица, па експресен пат кон Фурка/Дојран, експресен пат на кракот кон Богданци/Гевгелија, мада таму го средија постоечкиот пат/обиколницата околу Богданци и е ОК.

Не знам дали сте свесни (вие што не живеете во источна Македонија) колку е различно/подобро од претходно, на истите правци.
« Последно менување: 05 Јануари 2026, 14:54:22 pm balanar »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55191
  • Махер
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1127 на: 05 Јануари 2026, 15:39:58 pm »
Демир Капија - Смоквица, пред се.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2223
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1128 на: 05 Јануари 2026, 15:58:55 pm »
Да бидеме реални, кога у последните 35 години, те од осамостојување на Македонија било која влада направила нешто значајно и тоа да биде со цврсти темели и да е правилно замислено, испланирано и изведено? Мене не ми текнува на такво нешто. Можда само ддв што воведоа, ама тоа е за зимање пари од луѓето и полнење на државната каса.

Еве нешто од инфраструктура:

Штип - Велес (експресен). И ова требаше да биде автопат, ама мислам дека остана експресен бидејќи требаше да се преместува рутата бидејќи поминува низ две села.
Претходно (кога беше регионален со две ленти) имаше доста сообраќајки, а знаеше и зимни време да се заглавува кај Сарамзалино, од наноси на снег и виулици, па се чекаше како да сме Алпите, а не Овче Поле.

Штип - Миладиновци/Скопје (автопат). Како некој што го вози автопатов уште кога не беше официјално отворен, па до ден - денес (а и знам многу луѓе од источна МКД што го користат)  - автопатов буквално ја размрда цела источна Македонија, за луѓето од Делчево, па се до Струмица.
Капитален проект со реални придобивки од времето на Грујо.

Штип - Кочани (експресен). Патов е контроверзен, но не заради изведбата и се друго, туку затоа што во земјава постојат говеда што мислат дека експресниот пат е писта за тркање. Еве има и одлука за проширување до Делчево

Штип - Радовиш (експресен). Мене ако ме прашаш - ова требаше да биде автопат директно до Струмица, па експресен пат кон Фурка/Дојран, експресен пат на кракот кон Богданци/Гевгелија, мада таму го средија постоечкиот пат/обиколницата околу Богданци и е ОК.

Не знам дали сте свесни (вие што не живеете во источна Македонија) колку е различно/подобро од претходно, на истите правци.

Источна Македонија е одлично средена. Западна... друг муабет, досега требаше Скопје-Охрид да е одамна целосно со автопат поврзан. Гостивар-Маврово-Дебар е феноменален за ние што сакаме да возиме такви патишта, ама не е практичен за транспорт никако.

За жал, делот од Штип-Велес што врви низ Сарамзалино само неколку години издржа асфалтот како што треба. Во 2024та кога го возевме со @fuzzjaw беше одличен, лани тресеше по цела должина. А преубаво делче за возење особено напролет кога е се' зелено.

Само нека го остават постоечкиот пат од Кочани до Делчево нечепнат.  ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30449
    • CARclub.mk
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1129 на: 05 Јануари 2026, 16:13:31 pm »
Они ќе го направат, само колку од нас ќе ги користиме и колку за нив ќе биде исплатливо. Ако се возат по 2-3ца веруј брзо ќе ја укинат линијата.

Еве за мене и за тебе, за да фатиме воз мора да одиме пак со кола до станицата ѓорче. Па јас коа ќе отидам до станица со кола за тоа време ќе стигнам до центар со кола.

Овој систем треба да е поткрепен со многу добар интерен јавен превоз, односно кога ќе стигнеш со воз до некоја од станиците за многу брзо да имаш трамвај или брз автобус што има посебна лента да те однесе до крајната дестинација.

И друга работа, срамота е што не испланирале линија до аеродром.

@Zile - Се согласувам, за мене и за тебе ова не одговара. Ама јас не гледам лично дали мене ми одговара, туку општо за градот. Многу би олеснило за многу луѓе, а и трошоците би се намалиле. Секако, треба да се надмине нашата вметната ментална бариера околу користење јавен превоз, ама целиов проект е Добра Работа.

@andrejnaumovski - За некои населби читав дека ќе има редовен и практичен превоз до железничката станица, ако е подалеку од населбата. Мислам дека конкретно беше спомнато Драчево. За низ Скопје... Здравје. :/

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7001
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1130 на: 05 Јануари 2026, 16:29:10 pm »
Па и реално Драчево по површина е идентично како и некои градови во земјава, пример Радовиш, Струмица, Ресен.

Треба и реално да функционира и како посебна општина и да не спаѓа под град Скопје според местоположбата, еве ако правиме споредба како што е и Илинден.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10522
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1131 на: 05 Јануари 2026, 16:42:12 pm »
Географскиот атлас од 1973
Населени места во Југославија:

Буква С
Скопје

Буква Ѓ
Ѓорче петров

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7001
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1132 на: 05 Јануари 2026, 16:47:01 pm »
Искрено и реално да се збори, доста од овој хаос за Скопје барем за мене сметам дека лежи и во глупата поделба на администрацијата.

Не може да се смета како еден град Скопје, да има градоначалник, совет и потоа понатаму да има исто така посебни општини во тој град, посебни градоначалници.

Па доаѓаме до ситуација оваа улица е надлежност на Град Скопје, онаа на општината и така натаму. Работава мама на тате, тате на мама, дете килаво.

Или ќе функционира како општина Скопје без сите останати општини, или Град Скопје како администрација ќе се укине.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8216
  • Плинаш!!!
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1133 на: 05 Јануари 2026, 16:59:22 pm »
Они ќе го направат, само колку од нас ќе ги користиме и колку за нив ќе биде исплатливо. Ако се возат по 2-3ца веруј брзо ќе ја укинат линијата.

Еве за мене и за тебе, за да фатиме воз мора да одиме пак со кола до станицата ѓорче. Па јас коа ќе отидам до станица со кола за тоа време ќе стигнам до центар со кола.

Овој систем треба да е поткрепен со многу добар интерен јавен превоз, односно кога ќе стигнеш со воз до некоја од станиците за многу брзо да имаш трамвај или брз автобус што има посебна лента да те однесе до крајната дестинација.

И друга работа, срамота е што не испланирале линија до аеродром.

@Zile - Се согласувам, за мене и за тебе ова не одговара. Ама јас не гледам лично дали мене ми одговара, туку општо за градот. Многу би олеснило за многу луѓе, а и трошоците би се намалиле. Секако, треба да се надмине нашата вметната ментална бариера околу користење јавен превоз, ама целиов проект е Добра Работа.

@andrejnaumovski - За некои населби читав дека ќе има редовен и практичен превоз до железничката станица, ако е подалеку од населбата. Мислам дека конкретно беше спомнато Драчево. За низ Скопје... Здравје. :/
Значи јавен превоз сум користел (сеа поретко поради децата, сеуште се мали) ама кога имам потреба да одам сам до центар, и сега одам со автобус. Супер поврзано ми е, 4ка пред врата ми стои а ме остава на рекорд, одлично, башка не се замарам за паркинг.. Ама лани два пати ми се случи и по 25 минути да чекам автобус за на крај да се вратам по колата. Затоа викам, идејата е убава, ама таа идеја ако не  ја доближиш да биде достапна до секој граѓанин тогаш ќе остане само идеја.

Јас верувам дека јавниот превоз да е редовен, среден како што треба дека минимум 30% од возачите ќе ги паркираат автомобилите и ке одат со јавен превоз пред се поради сејф сити.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10522
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1134 на: денес во 08:20:02 »
Не ми е јасно зошто 8 септември сеуште има само една лента за лево на Партизанска, одамна е тука калабалак за лево.
И двата булевари се со по три ленти пред семафорите, нема пречка средната да биде покрај за право да биде и за лево, како кај соборна.
Единствено ќе треба тие на 8септември од крајна  лева да НЕ ПРЕОЃААТ на средна на Партизанска, односно да почнат да возат школски.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1450
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1135 на: денес во 08:36:07 »
Затоа што тие што се одговорни сообраќајни инжињери спијат. Сообраќајот треба да се снима и по локации.
Истото прашање - 8ми Септември кон Илинденска и тоа во двата правци и лево и десно. Зошто не се прошират ( а таму каде што има- продолжат ) лентите за десно ?
Или пред студентски Г.делчев, од Гологанов кон Братство. Место има за многу подолга лента за десно.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30449
    • CARclub.mk
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1136 на: денес во 09:59:38 »
Плус, ќе треба да се рекалибрираат семафорите на одредени локации. На пример и кај Румунска Болница и пред мост Обединети Нации семафорите одат и право и лево од двете страни на булеварот во исто време, и се прави хаос. Треба како во Влае што е, само од една страна да може да се оди право и лево во даден момент.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55191
  • Махер
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1137 на: денес во 10:04:24 »
Плус, ќе треба да се рекалибрираат семафорите на одредени локации. На пример и кај Румунска Болница и пред мост Обединети Нации семафорите одат и право и лево од двете страни на булеварот во исто време, и се прави хаос. Треба како во Влае што е, само од една страна да може да се оди право и лево во даден момент.
На многу места има вака, и не само заради некој сејф и некој сити.

Орце-Рузвелтова е хорор за пешки поминување заради ова. Илинденска и Рузвелтова, ти вртат у фаца со тоа колите, а ти на зелено си на пешачки. А Орце и никола тесла е хорор, вртиш лево, глеаш дали идат од карши лудаци, пешаци на зелено проаѓаат, на сите им е зелено!! А демек што? Проток се постигнува? 5 коли во минута има таму се на се.

Бе зосет семафори. Зосет.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2223
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1138 на: денес во 10:38:07 »
Плус, ќе треба да се рекалибрираат семафорите на одредени локации. На пример и кај Румунска Болница и пред мост Обединети Нации семафорите одат и право и лево од двете страни на булеварот во исто време, и се прави хаос. Треба како во Влае што е, само од една страна да може да се оди право и лево во даден момент.
На многу места има вака, и не само заради некој сејф и некој сити.

Орце-Рузвелтова е хорор за пешки поминување заради ова. Илинденска и Рузвелтова, ти вртат у фаца со тоа колите, а ти на зелено си на пешачки. А Орце и никола тесла е хорор, вртиш лево, глеаш дали идат од карши лудаци, пешаци на зелено проаѓаат, на сите им е зелено!! А демек што? Проток се постигнува? 5 коли во минута има таму се на се.

Бе зосет семафори. Зосет.

Цел град е хорор за пешачење, што од лоши решенија, што од неконтролирање на паркирани возила. Пример пешачките по 8ми Септември кај што поминуваш булевар преку пешачки за да завршиш на... друга улица на која нема тротоар ниту пешачки. :)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3294
  • Хюндай Тюсон
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1139 на: денес во 12:05:13 »
Да резимираме градот не го бива да се возиш со кола, да користиш јавен транспорт е прелошо а и пешачењето не го бива.
Единствени што не се жалат се тртинетџиииве моментално. За нив се е дозволено и супер задоволни се.