Ете зошто пропаѓа Алфа.
Не. Алфа пропаѓа заради самиот менаџмент. Алфа пропаѓа зошто со години се шверцаат на Cuore Sportivo од златната ера на брендот. Алфа пропаѓа зошто во моментов не нуди ништо ново и возбудливо што би го привлекло просечниот купувач. Алфа пропаѓа и ќе пропаѓа се додека CEO на Fiat Group не скине конци и некој паметен човек не ја преземе групацијата.
Во моментов постојат две можни решенија за Алфа.
1. Да си го подигнат квалитетот на понудата на она ниво на кое им се цените.
2. Да ги симнат цените на она ниво на кое им е квалитетот на понудата.
Нити едно од овие две решенија не е исплатливо за Алфа, од следниве причини:
1. Веќе се во загуба. Користење на поскапи материјали за изработка, и ангажирање на дополнителен капитал би ги убило.
2. Веќе се во загуба. Симнување на цените значи тотален колапс на финансиско ниво за Алфа како гранка на Фиат.
Во иднина се можни неколку решенија:
1. Да се убие Маркионе и да се најде покомпетентна замена за него, зошто е деген.
2. Да се продаде Алфа на некој од конкурентите, за тие да ја оправат. Ако Алфа се продае на германци, ќе треба да си бараат нови муштерии да им ги купуваат колите, зошто никој од досегашните (па ни јас) нема да сака да купи Алфа што ги нема недостатоците кои ја прават шармантна.