Алфите се како убави и темпераментни жени.Секогаш знаат што сакаат, ти го пружат најубавото задоволство, во ниту еден момент не те оставаат рамнодушен, е ама на глава ќе ти се качат!
Тие неправилности кај Алфата ја прават да изгледа човечки. Секоја неправилност ја покажува својата човечност.
Имам огромна почит кон VW (самиот јас сум и Бубаџија), Audi, Opel... но, тие се возила од точка А до точка Б.
Да знам дека Голфот никогаш нема да ме изнервира, ама никогаш да ме импресионира, ако сака нека има 300 коња.
Животот е краток за досадни коли, а досадните коли немаат карактер, немаат дух.
Порше, Алфа, Ланчија, Ферари, Масерати, ...да не ги набројувам, тоа се автомобили кои прво се сонуваат, па се креираат. За разлика од овие останатите кои се чиста пресметка на материјали, добавувачи и милион километри околу тест патека.
Да реално видете, во секојдневието тоа е тоа. Сакам колата да ми е доверлива, да ме однеси до точка Б, В, Г ..Ш.
Сепак сакам да ме насмее, да ми ја зоврие крвта, да му искурчам на некој меѓу семафори и да знам дека сум во вистинскиот автомобил да го направам тоа.