Не е ниту чекор напред, ниту чекор назад. Овдека се работи за друг правец, друг начин на размислување, за разлика од оноа што беше од 2002 до 2009. За разлика од „германскиот“ пристап на „еволутивен“ дизајн, тука имаш револуционен пристап. Напуштање на она што било, и барање на дизајнерски решенија кои се различни од претходните. Секако, тоа носи повеќе ризици од „еволутивното“ размислување, како на пример mito, кое и не е така лошо, но ајде, може да го земеме како ризик, но и прекрасни возила како 8c, giulietta, и 4c.
Кога веќе го „трљаме“ голф на нос, тогаш тука веќе нема што да ти се допаѓа во дизајнот или да не ти се допаѓа. Само го гледаш и си викаш „тоа е голф“.