Автор Тема: Ваши забелешки, проблеми, предлози  (Прочитано 817141 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4410 на: 24 Април 2016, 13:58:15 pm »
Плус на повеќето ghost членови по одредено време неактивност им се брише акаунтот...(листата погоре).

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4411 на: 24 Април 2016, 14:03:20 pm »
Плус на повеќето ghost членови по одредено време неактивност им се брише акаунтот...(листата погоре).

е со тоа не се сложувам. може некоја комбинација за рективација на профилот да се практикува, ама бришење на акаунт не е добро за никого... прво дефакто дека сопственикот на форумот го интересираат бројките во членство и постовите од избришаниот акаунт кои ке си се избришат автоматски чим го снема акаунтот... второ, ако јас дојдам после некое време отсутност и треба да се рестартирам себеси така што ке правам нов акаунт, нај веројатно нема ни да го направам, затоа што сум дошол за да видам-прочитам-напишам а не да губам време во регистрација на акаунт...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4412 на: 24 Април 2016, 14:05:30 pm »
Не дека има 350.000 членови па да се бришат, туку 3500 има. Не сфаќам што би се добило со тоа, освен што некој некогаш би се изнервирал што му е избришан акаунтот.
Ем ако има постови што со нив? Дали името ќе е слободно за друг да го зафати? Тогаш ќе има едно име со 2-3 акаунта од кои некои се избришани. На кого реплицираш, ако е стар постот? Нема да е слободно името? Па која е поентата да се брише тогаш?

Ете после 5 години неактивност да се стави да се брише акаунт. Зошто? Можеби има некоја приватна порака што му текнало да ја прочита и сега ќе ја нема. И пак главното прашање, што ќе добие некој од тоа? Било кој? Дали има било каква причина да се прави тоа? Нема. А има доста негативни причини.

Едино ако те нервира бројката 3500, може да се стави само статистика колкав број биле логирани во последните 365 дена и ајт. Без да му се наруши комоцијата на ниеден член.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4413 на: 24 Април 2016, 14:12:42 pm »
Дени, имаш 5 страни (најмалку ) на членови од 2011 без ниеден пост.
Него ај...вие си знаете.




Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4414 на: 24 Април 2016, 18:15:08 pm »
Ме интересира зошто ти претставува проблем тоа што има неактивни членови.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4415 на: 24 Април 2016, 18:37:54 pm »
Ме интересира зошто ти претставува проблем тоа што има неактивни членови.

Стварно, и мене.

Плус на повеќето ghost членови по одредено време неактивност им се брише акаунтот...(листата погоре).

е со тоа не се сложувам. може некоја комбинација за рективација на профилот да се практикува, ама бришење на акаунт не е добро за никого... прво дефакто дека сопственикот на форумот го интересираат бројките во членство и постовите од избришаниот акаунт кои ке си се избришат автоматски чим го снема акаунтот

Ова нема врска.

Одамна престанав да следам колку регистирани членови има. Колку има - толку. Ни бројката на постови веќе не е толку важна - фино е да има повеќе, ама да се замарав тоооооолку на бројката на постови немаше да бришам енормно-големи теми (Рекла-казала, половни возила, итн) кои имаат по 10.000+ постови (само за потсетување, во моментов се тера третата рекла-казала тема), ниту пак ќе бришевме затворени огласи, итн. Форумот е многу тешко вистински да се искористи маркетингшки. Тие фирми што го користат како што треба - браво, тие фирми си гледаат каков-таков бенефит. Тие што имале можност а не го користеле - нивна загуба.

Можеби си приметил, можеби не - кога го селевме форумот на новиот сервер пред година и кусур, скратени беа околу 100.000 постови. Бришевме стари теми, отваравме нови, итн. Да сме живи и здрави.

второ, ако јас дојдам после некое време отсутност и треба да се рестартирам себеси така што ке правам нов акаунт, нај веројатно нема ни да го направам, затоа што сум дошол за да видам-прочитам-напишам а не да губам време во регистрација на акаунт...

Точно, благодарам. Некој разбира, а и Дени фино објасни.

Кога веќе некој се ангажирал да се регистрира, нека му стои акаунтот. Мене стварно не ми смета. Повеќе простор во база фаќа поракава, него сите тие празни акаунти заедно.

Плус на повеќето ghost членови по одредено време неактивност им се брише акаунтот...(листата погоре).

Стварно не разбирам зашто толку ти бодат очи. Да бидам искрен, јас не сум проверил да видам колку такви акаунти има.

Да го затворам форумот за читање од страна на нерегистрирани членови нема шанси. Тоа што ти не го гледаш, а јас го гледам, е дека форумот е редовно отваран од нерегистрирани посетители кои си наоѓаат информација што им е потребна, и си одат. Мене тоа не ми смета. Дури ме радува.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4416 на: 24 Април 2016, 21:15:49 pm »
Прво  мене ништо не ми смета...ме знаат и по име презиме и по фејсбук и по слика и по свирки и по кола и по регустрација.


Али икс пати на  дел од регистрираниве, редовниве (кои според мене се побитни од бланко листава) баш и не им е сеедно што ќе пишат и споделат (независно во која тема) баш поради тоа што читаат и нерегистрирани  или регистрирани "stalkeri" ;D со нула постови.
Пример...викам пиши ми во (моја,твоја) гаража...одговорот е : "А тоа не...има многу што само читаат, не пишуваат а после јадат бабури...ќе ти пишам ПП подобро".

Fine.





Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4417 на: 24 Април 2016, 21:19:43 pm »
Стратро така ќе биде и да се направи да читаат членови со минимум 20 постови да кажеме. Некој ќе напише безвезе 20 постови во стилот Супер ти е колата, Добредојдов и слично и после пост нема да напише само ќе чита. Така е на форум, нормално си е :)

Секогаш поактивните членови ќе бидат познати на другите, плус мала држава сме секогаш за секого може да дознаеш што сакаш.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4418 на: 24 Април 2016, 21:29:34 pm »
Да е до мене:

1.Задолжително логирање за читање на содржини.
2.Привремено деактивирање на акаунт после месец дена активност.
3.Трајно деактивирање на акаунт после 3 месеци неактивност.
4.Ова не би важело за фирмиве - пријатели на форумов ( ZEC, Dog Security...)

Така на форум ќе си останат оние што читаат, пишуваат и се активни и си ги знаеме кои се.

Член сум и на басистички форуми каде, зависно од статусот на членот (број на постови + feedback/рејтинг за мислење од други членови) можеш или не можеш да пишуваш во секој под форум или (пример) да огласуваш инструменти...

Што се однесува до деактивацијата, се сеќавам порано со yahoo mail дека деактивираа акаунт поради година дена (нагаѓам) неактивност...

Нема везе ајде... ;)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4419 на: 25 Април 2016, 00:33:58 am »
абе сега тебе тоа ти смета очигледно... мене не ми смета тоа, ама ете, например, многу ми смета “курчењето“ со потписиве од тапталк:

Sent from my iPhone using Tapatalk
Sent from my Redmi Note3 Pro.
Sent from my SM-G938F
Sent from my iPhone 6 using Tapatalk
Sent from my Xperia E4.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Sent from my SM-J500FN using Tapatalk
Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk
Sent from my Nexus 6P using Tapatalk


сакам да кажам, неможе на сите да се учини и погоди... башка сопственикот на форумот си ги одредува правилата... и прилагоди се на нив, тоа е тоа... можда и згрешив дека бројката е битна, но не згрешив дека форумов не треба да служи како затворена група. ти збориш за форуми како функционираат низ светов. тоа се глобални и огромни места. овде, овој форум е локален, т.е. само за една држава и поише од нормано е дека ке биде отворен. има еден куп луѓе што не се зачленуваат воопшто, ама ќе се информираат за тоа што им треба. има и такви кои се пасивни читачи. има и такви што си мајсторишат нешто, па ако заглават на нешто тогаш пишуваат и прашуваат, а тоа може да биде еднаш во месецот или еднаш во годината... зар би било убаво кога ке дојде по втор пат на форумов, да прави нов акаунт заради тоа?

а да не заборавиме дека со бришење на акаунт, се бришат и неовите постови. темите кај што учествувал тој акаунт, ке станат бурлески и ништо нема да се разбира, без оглед дали тој акаунт прашувал или објаснувал.  ке стане без ред се...  


Sent from my Vertu Signature Diamond

« Последно менување: 25 Април 2016, 00:41:40 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2744
  • Слобода или смрт
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4420 на: 25 Април 2016, 09:09:26 am »
абе сега тебе тоа ти смета очигледно... мене не ми смета тоа, ама ете, например, многу ми смета “курчењето“ со потписиве од тапталк:

Sent from my iPhone using Tapatalk
Sent from my Redmi Note3 Pro.
Sent from my SM-G938F
Sent from my iPhone 6 using Tapatalk
Sent from my Xperia E4.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Sent from my SM-J500FN using Tapatalk
Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk
Sent from my Nexus 6P using Tapatalk


сакам да кажам, неможе на сите да се учини и погоди... башка сопственикот на форумот си ги одредува правилата... и прилагоди се на нив, тоа е тоа... можда и згрешив дека бројката е битна, но не згрешив дека форумов не треба да служи како затворена група. ти збориш за форуми како функционираат низ светов. тоа се глобални и огромни места. овде, овој форум е локален, т.е. само за една држава и поише од нормано е дека ке биде отворен. има еден куп луѓе што не се зачленуваат воопшто, ама ќе се информираат за тоа што им треба. има и такви кои се пасивни читачи. има и такви што си мајсторишат нешто, па ако заглават на нешто тогаш пишуваат и прашуваат, а тоа може да биде еднаш во месецот или еднаш во годината... зар би било убаво кога ке дојде по втор пат на форумов, да прави нов акаунт заради тоа?

а да не заборавиме дека со бришење на акаунт, се бришат и неовите постови. темите кај што учествувал тој акаунт, ке станат бурлески и ништо нема да се разбира, без оглед дали тој акаунт прашувал или објаснувал.  ке стане без ред се...  


Sent from my Vertu Signature Diamond



« Последно менување: 25 Април 2016, 09:17:35 am kimi makedonski »

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4421 на: 25 Април 2016, 09:19:16 am »
Tapatalk без знаење на корисникот го вметнува потписот во постовите. Јас појма немав дека се појавува тоа "Sent from my iPhone using Tapatalk" на веб верзијата од форум, бидејќи ретко кога ја отварам на компјутер. А и да ја отворам не проверувам што ми пишува во постовите што претходно сум ги објавил. Го деактивирав потписот од Tapatalk. Да не ме пингаше онак со коментаров погоре, немаше да знам дека оставам таков футпринт зад секој коментар на форумот.

За тие што користат Tapatalk за деактивација на потписот постапката е следна:

Profile>Settings>Signature - тука има еден switch, го исклучуваш потписот и тоа е тоа.



Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6439
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4422 на: 25 Април 2016, 09:26:19 am »
Да е до мене:

1.Задолжително логирање за читање на содржини.
2.Привремено деактивирање на акаунт после месец дена активност.
3.Трајно деактивирање на акаунт после 3 месеци неактивност.
4.Ова не би важело за фирмиве - пријатели на форумов ( ZEC, Dog Security...)

Со ова се бркаат само членови.
Јас лично многу се нервирам кога треба да се логирам за една информација да видам (која што можеби и не ми е од корист), а гугл ме однесе таму.
Безвеза имам направено 2-30 акаунти за една употреба, т.е џабе.
Башка шо прајме со оние членови што викаат, здраво ве пратам подолго време па решив да се зачленам?

Па јас нешто настрана што барам неповрзано со автомобилите, гугл некогаш тука ме носи, па така си прочитав совети за Stiebel Eltron и АЕG панели откако зет ми се заебаа со Теси/ Термор кај овие ѓупциве од Нептун и техномаркет, и откако им препорачав лајна да јадат овие. А ниту прашав ниту се регистрирав.

За тоа е интернетот, лесно да се најдат совети што чини а што не, па некои (ит)поедуцирани што сме да не згрешиме.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4423 на: 25 Април 2016, 10:23:20 am »
"Да е до мене.."
Пошто не е, уживајте си.;)

Тоа taptalk ме информира на мобилен дека може да се користи али од мобилен си сурфам олдскул.
Што се однесува до потписите....не ми сметаат пошто скапи мобилни ме занимаат колку и скапи женски улошки.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4424 на: 25 Април 2016, 11:15:30 am »
А демек во потписот пишува "Sent from my cool new smartphone which YOU ONAK can't afford" па да смета. Ај искулирајте. На секоја тегла капаче да се ставело.