Ме интересира зошто ти претставува проблем тоа што има неактивни членови.
Стварно, и мене.
Плус на повеќето ghost членови по одредено време неактивност им се брише акаунтот...(листата погоре).
е со тоа не се сложувам. може некоја комбинација за рективација на профилот да се практикува, ама бришење на акаунт не е добро за никого... прво дефакто дека сопственикот на форумот го интересираат бројките во членство и постовите од избришаниот акаунт кои ке си се избришат автоматски чим го снема акаунтот
Ова нема врска.
Одамна престанав да следам колку регистирани членови има. Колку има - толку. Ни бројката на постови веќе не е толку важна - фино е да има повеќе, ама да се замарав
тоооооолку на бројката на постови немаше да бришам енормно-големи теми (Рекла-казала, половни возила, итн) кои имаат по 10.000+ постови (само за потсетување, во моментов се тера третата рекла-казала тема), ниту пак ќе бришевме затворени огласи, итн. Форумот е многу тешко вистински да се искористи маркетингшки. Тие фирми што го користат како што треба - браво, тие фирми си гледаат каков-таков бенефит. Тие што имале можност а не го користеле - нивна загуба.
Можеби си приметил, можеби не - кога го селевме форумот на новиот сервер пред година и кусур, скратени беа околу 100.000 постови. Бришевме стари теми, отваравме нови, итн. Да сме живи и здрави.
второ, ако јас дојдам после некое време отсутност и треба да се рестартирам себеси така што ке правам нов акаунт, нај веројатно нема ни да го направам, затоа што сум дошол за да видам-прочитам-напишам а не да губам време во регистрација на акаунт...
Точно, благодарам. Некој разбира, а и Дени фино објасни.
Кога веќе некој се ангажирал да се регистрира, нека му стои акаунтот. Мене стварно не ми смета. Повеќе простор во база фаќа поракава, него сите тие празни акаунти заедно.
Плус на повеќето ghost членови по одредено време неактивност им се брише акаунтот...(листата погоре).
Стварно не разбирам зашто толку ти бодат очи. Да бидам искрен,
јас не сум проверил да видам колку такви акаунти има.
Да го затворам форумот за читање од страна на нерегистрирани членови
нема шанси. Тоа што ти не го гледаш, а јас го гледам, е дека форумот е редовно отваран од нерегистрирани посетители кои си наоѓаат информација што им е потребна, и си одат. Мене тоа не ми смета. Дури ме радува.