Еве едно грубо со разни марки:
http://www.pcadvisor.co.uk/test-centre/mobile-phone/20-best-power-banks-2016-uk-summary-5-minutes-3534490/Второ место е шаоми, а го има и ТПлинк. Не дека е важно рангирањето на овие, зошто се сите мање више исти, туку повеќе е важно дали имаат соодветна заштита од преполнуање и препразнување и кратки споеви, како и дали капацитетот е салам. Колку што гледам значи ТПлинкто користи LG според интернет тестовиве ќелии кои се меѓу најдобрите. Шаоми има фантастични ќелии исто така и електроника ептен салам, со пас тру чарџинг. Фејк ѓубрињата (или ноунејм) знаат да се добри ама знаат и да имаат едвај третина од декларираниот капацитет.
Генерално превари со батерии се прават на големо по светов, а најпозната е преварата во кина со отпади за рециклирање на батерии. Сите батерии кои се дојдени кај нив, они ги соголуваат од опаковка и ги препакуваат во Ultrafire или GTL или некоја таква марка која се наоѓа по ебај за 2-5 долари, (за споредба трастфаер се 7-8$, панасоник 8-10$). Од стари лаптопи, коли, електронски цигари, и што се не. И ти добиваш батерија со некои си 200-300mah, наместо 2000-3000mah. Она работи за работење, ама држи чарџ жали боже. Еве тест на типов на сите ќелии од ебај што ги нашол под 3$,
http://www.ebay.com/gds/18650-Battery-Buying-Guide-test-on-all-from-eBay-below-3-/10000000178020340/g.html Тежок шит кој нема ни 30% капацитет, а често и 10% капацитет.
Знаејќи го степенот на превари со батерииве по нетов, треба да е јасна и цената на чинење на полначот. Ако знаеме дека малопродажна цена на салам батерија 18650 е 7$ минимум, треба да си прерачунаш дали нешто е too good to be true. Затоа не би купил Power Bank без да видам барем едно ривју кај што тестираат капацитет. Шаомито од овие е топ според мене, ТПлинк исто е добро. Тоа Платинет неможам да најдам ривју со мерки, исто изгледа со Trust некои по интернетов. Може и тоа да е добро, ама неможам да тврдам. И да има рувју, пак може да е фејк! Цел ебај е со фејк Шаоми пауербанкови кои се упола цена од оригиналните.