Не е точно дека има лоши критики за Рено, еве да го земем Колеосот за пример .....
како да не го критикуваш ?
Во живо колава изгледа уште подобро... случајно го видов низ град.
@Дени немој да се лутиш, никој не те критикува, напротив јас лично (а верувам и сите други) сме ти благодарни што ја имаме таа чест да уживаме во твоите фотографии! Како што напоменав повеќе пати - порталот и екипата на CARclub ги имаат направено убедливо
НАЈДОБРИТЕ фотографии на возила во Р.М.
Ниту во еден наш магазин не сум сретнал волку професионални слики. Се гледа дека во нив е вложено МНОГУ време, љубов, труд, знаење и пари секако !
Сугестиите од членовите се најдобронамерни, но верувам дека не секогаш може да се добие саканиот ефект (големина на багажник, внатрешност..) и при тоа сликите да изгледаат онолку добро како што се сега.
Со секој нов тест и со секоја нова фотографија и ТИ и ВЕЛЕ и ЗЕРО (сори ако заборавив некого) се надминувате себеси и сте се подобри и ни е драго што сето тоа го споделувате со сите нас.