Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 477610 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #300 на: 18 Декември 2013, 21:39:05 pm »
Многу ти кажува и моделот на возилото. Тоа што во Ауди секогаш се става, во Голф после извесно, Леон после извесно и Октавија после извесно...

Од таму и пониската цена. И ред други работи секако.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #301 на: 18 Декември 2013, 21:40:51 pm »
Two rear suspension set-ups will be available. Versions with power outputs below 121bhp get a lighter, simpler system; the rest get a more sophisticated multi-link system, like the current car's. A new ‘Progressive Steering’ system that changes the steering ratio to boost low-speed maneuverability and reduce the effort needed to turn at speed is standard across the range.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #302 на: 18 Декември 2013, 21:42:06 pm »
Многу ти кажува и моделот на возилото. Тоа што во Ауди секогаш се става, во Голф после извесно, Леон после извесно и Октавија после извесно...

Од таму и пониската цена. И ред други работи секако.

Јас не сум сигурен дека има пониска цена. Дури мислам дека  новите модели се поскапи од нивните претходници.


Како што предложив претходно, ајде да споредиме цена на сегашните модели и верзии со нивните претходници? Ако има разлика (да е сега поевтино) едно 2000-3000 еур, ок, држи до некаде. Ако е иста цена или поскапо, тогаш...


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #303 на: 18 Декември 2013, 21:44:45 pm »
Која цена искочи претходната Октавија која ич не ми се свиѓаше од напред што не ја ни земав во обѕир дека постои, а која цена е оваа октавија која е прекрасна и би ја купил?

П.С. Претходната имала мултилинк!?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #304 на: 18 Декември 2013, 21:45:40 pm »
Не си пуштај филмови дека мултилинк прави разлика во цена од 2000-3000 евра.

А ако напоменеме дека основниот Голф 7 има повеќе опрема од основниот Голф 6? Или тоа нема врска, битно 2000-3000 евра треба да биде поефтин ради мултилинкот?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #305 на: 18 Декември 2013, 21:46:04 pm »
Зошто е битна разликата во цената? Цената треба да го одсликува тоа што се нуди и неговиот квалитет, функционалност и слично.
Понатаму треба да се спореди профитната маргина односно стапката цена на вложеното vs цената на наплатеното.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #306 на: 18 Декември 2013, 21:46:38 pm »
Која цена искочи претходната Октавија која ич не ми се свиѓаше од напред што не ја ни земав во обѕир дека постои, а која цена е оваа октавија која е прекрасна и би ја купил?


Ќе шпекулирам ако кажам за претходната, бидејќи не знам на памет. Знам колку беше Јети пошто тоа ме интересираше :)

Ама знам кој може да ни помогне

@RedEco? :)

Колку беше твојата Октавија, што опрема и мотор возиш, и дали можеби имаш ценовник од тоа време?


Дарко

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #307 на: 18 Декември 2013, 21:48:11 pm »
На ниедна кола цената не е константна. Кога ќе се појави е повисока, и како што проаѓа време цената постепено се намалува.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #308 на: 18 Декември 2013, 21:48:41 pm »
Не си пуштај филмови дека мултилинк прави разлика во цена од 2000-3000 евра.

А ако напоменеме дека основниот Голф 7 има повеќе опрема од основниот Голф 6? Или тоа нема врска, битно 2000-3000 евра треба да биде поефтин ради мултилинкот?

Неудобноста и тропањето на задниот дел го чувствуваш постојано дури се возиш, за цело време. Мене тоа повеќе ми значи од некој додаток од опрема што можда воопшто и не ми треба.

Еве, ај да споредиме и тоа? Што од опрема има Голф 7 , што Голф 6 го нема?

И ако нема разлика од барем 2000 еур, зашто воопшто да се откачува мултилинк изведбата?

Ако е разликата нешто ситно, па е ептен штета што го зезнале квалитет на возењето за ситни пари

Дарко

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #309 на: 18 Декември 2013, 21:49:15 pm »
На ниедна кола цената не е константна. Кога ќе се појави е повисока, и како што проаѓа време цената постепено се намалува.

Kaj Јети -то не. Дури благо се зголеми со текот на времето (зборам за кај нас)



Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #310 на: 18 Декември 2013, 21:53:54 pm »
Е па сега популарно е Јети. Тие у бела боја се најскупи, така сум чул..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #311 на: 18 Декември 2013, 21:54:15 pm »
Off the top of my head, основниот Голф 7 доаѓа со кожен волан, кожен мењач, потпирач за раце, радио со тачскрин, електронска рачна кочница, ESP, TPMS и уште некои ситници. Сите тие работи ги немаше во основниот голф. Всушност, ни во Highline не доаѓаа EPS и TPMS по дифолт.

re: Yeti - Редовно имаше акции. Памтам дека даваа 2.0 ТДИ 110 со средно ниво на опрема и погон на предни за 17.000 евра.

Енивеј, јас толкава неудобност и тропање не осетив на Октавијата, а не се сеќавам ни да сум прочитал/видел некој тест каде се потенцира тоа. Всушност, back to back возев Голф 7 2.0 ТДИ 150 (со мултилинк) и 1.2 TSI 85 (со торзија позади) и не се чувствуваше толку гооооооооооолема разлика.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #312 на: 18 Декември 2013, 21:54:31 pm »
Кои 2000 еур, правиме муабет за коли од 13.000. Кај нив 400еур е масивна разлика!

Кога ја гледав Фиестата имаше Силвер пакет од 550еур во кој доаѓаа пошироки гуми, алу бандажи, браници во боја, задно спојлерче лајсни и ретровизори во боја. Што ја правеше колата 10 пати поубава. На моето прашање „зошто не продавате само вакви?“ Ми рекоа дека луѓето сакаат што поефтино, не им треба тоа.

Кога тврдев дека претходниот леон е ружен на слика ме однесоа во салон и не ми се свиѓаше. И гледам од страна Леон ФР, мислев дека е 5000 поскап некој авион. Фантазија колана. Викам колку се доплаќа за ФР? 700 еур. Зошто не се сите коли вакви прекрасни? Затоа што сакаат поефтини луѓето...


Во БМВ М лук 1400 еур, бандажи, светла, браници... поефтино.


Амг лук... поефтини.


итн.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #313 на: 18 Декември 2013, 22:02:59 pm »
Кои 2000 еур, правиме муабет за коли од 13.000. Кај нив 400еур е масивна разлика!

Кога ја гледав Фиестата имаше Силвер пакет од 550еур во кој доаѓаа пошироки гуми, алу бандажи, браници во боја, задно спојлерче лајсни и ретровизори во боја. Што ја правеше колата 10 пати поубава. На моето прашање „зошто не продавате само вакви?“ Ми рекоа дека луѓето сакаат што поефтино, не им треба тоа.

Кога тврдев дека претходниот леон е ружен на слика ме однесоа во салон и не ми се свиѓаше. И гледам од страна Леон ФР, мислев дека е 5000 поскап некој авион. Фантазија колана. Викам колку се доплаќа за ФР? 700 еур. Зошто не се сите коли вакви прекрасни? Затоа што сакаат поефтини луѓето...


Во БМВ М лук 1400 еур, бандажи, светла, браници... поефтино.


Амг лук... поефтини.


итн.


Едно е шминка што можда може да ја додадам и подоцна, друго е есенцијален квалитет.

Јас би штедел на шминка ако веќе немам пари, ама не и на нешто есенцијално и битно, и што се чуствува во секој момент од поседувањето на возилото. Ако заштедиле ситни пари на нешто така очигледно ко мултилинк, замисли колку компромиси во квалитет направиле на други нешта што не се така очигледни?

Меѓутоа за да продолжиме во конструктивна насока ќе ни требаат цените од претходниот модел со нивоата на опрема (на Шкодата), па ќе направиме директна споредба што сме добиле, што изгубиле и по која цена, па ќе видиме дали VW групација се Суперхикс (и краде од Сиромашните (од нас) за да дава  на богатите (на самите себе), или Робин Худ (краде од богатите (од самите себе) за да ни  дава на сиромашните :) )

Фер?


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #314 на: 18 Декември 2013, 22:05:56 pm »
Есенцијален квалитет? Мултилинк?