Не не, не ја судам по таа, таа е исклучок и може за секое возило да се случи така. Иако кај Опел Астра Х 1.4 коефициентот да се расипе моторот е 1.1
Судам по тоа дека станаа бренд кој никој не го сака ни посакува. Имаа коли кој апсолутно не беа ни посакувани од никој (Исклучок за Инсигниа) ни интересни за гледање, ни за возење ниту па имаа некој технологии интересни. Еве земи ги пример од пред 5-10 години Crossland, Mokka, Corsa, Antara, Adam, Meriva..... според мене крајно безвезални возила. Едноставно онака, постоеа само колку да се рече.
Сега кога ги земаа Стелантис, дизајнот им е мн подобар ама па со моторите ги отепаа иако мислам дека подобра иднина ќе имаат него ли со предходното раководство со кое што беа осудени на пропаст.