Го пробав Фокусот со фамозниот 1.0 екобуст, додуша со 100 кс.
Живо моторче за низ град. На брзини над 100км/ч како да возев 1.4мпи. Единствена разлика е што на 130 вртеше на 2.800 rpm.
Просечна 5.9 ми покажа на борд, истата рута со слично возење со моето црди 4.8, а на времето со 1.4 мпи имав 7.4 литри просек.
Убава кола Фокусот, но ставиле чудни димензии на гуми 205 60 16. Одмориштето за левата нога непотребно широко па затоа педалата за кумплуг многу во десно.
Седиштето е убаво за седење но потпирачот за глава малку исфрлен понапред и ми сметаше на главата.
Командите на шалтабла некако ниско поставени.
Одлична комоција на задни седишта и добар гепек.
Скокнав до Тојота да ја видам Королата. Се наместив финонапред, ништо не ми засмета но едвај влегов на задни седишта, гепек катастрофа!
Скокнав и до Киа додека ми се сеуште свежи впечатоците. Не сум ја возел, но ако вожњата со 1.0 t-gdi е слична на Фордовиот 1.0 екобуст, Киата би ми била избор кога денес би купувал кола. Се е на свое место, ништо не смета, добар гепек, убава комоција на задни седишта, одлично седење позади волан, итн
Така утепав малку слободно време
