Мене ми излезе куче престигнувајќи патничко комбе, пред нецел месец.
Возев околу 100 км/ч, комбето возеше веројатно 80 км/ч, само што сменив лента да го поминам, нагази на кочница. Нагазив и јас, намалив до 60тина км/ч кога од пред комбето истрча куче и среќа застана на средина на автопатот па и јас и комбето успеавме да го заобиколиме.
Друга случка со кучиња скитници: во Штип, на собирот пред 3 недели. Јас сликам панорама од колите паркирани пред ресторанот, загледан во телефон. Слушам удар и почиња куче да квичи. Се вртам и гледам куче легнато, не може да стане, а колата не ни застанува. Му свири друга кола што возела позади него, по што застана и, get this, излезе да го провери браникот и не се ни сврти кон кучето. Другата кола застана позади него и слушам дерење "да ти е*ам сељакот бе, ни кочница не стисна, да умреш и ти како кучето".