Мотор може да се запрља ако се вози скоро цело време тргни-застани низ град, кратки реалции, таман се загреал - угаси го, цело време полу-млак, стргање од семафори, често вртење у лер на семафори итн итн...
Од друга страна, доколку работи рамномерно, убаво загреан, на отворен пат и подолги релации, може и никад да не види над 3000 рпм и нема да се запрља.
Вистина е дека со возење на високи вртежи моторот ќе се „издува“, но потребата од издувување - повторувам - настанува од градското возење, а не од возење на ниски вртежи у принцип.
Со други зборови, беемвето со миљон коња може никад да не види повеќе од 120 км/ч - ако се вози убаво загреан на автопат апсолутно ништо нема да му фали. Напротив, ќе биде фино сочуван мотор.
Особено ако е модерен мотор со ецу и инџекшн. Тогаш стварно нема гајле, бидејќи ецу-то не дава да влезе повеќе гориво отколку што може да согори. А постарите мотори со карбуратор, со невнимателно стискање, може да се запрљаат во секој случај. И - да - тогаш треба да се прошетаат до високите вртежи наслагите колку-толку да согорат.
А сега - прашање за дискусија (не е реторско прашање, стварно не знам и ме интересира): дали моторот при моторно кочење се „чисти“ или не? Удолница на утопут, петта брзина, благо моторно кочење...